TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Груевски: Немаме проблеми во дијалогот со ДУИ

А1 - 15.02.2009

Инцидентите што се случуваат во училиштата во Струга „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ се стари најмалку 5 години и се последица на законот за територијална организација кој го донесе СДСМ, а ние предупредувавме на можни проблеми, коментираше денеска ...

Учениците Албанци на протест ако не се казнат учениците Македонци што бојкотираат настава

Вест - 15.02.2009

За проблемите со одржувањето на наставата во струшкиот средношколски центар "Нико Нестор" вчера беа информирани и претставници на мисијата на ОБСЕ. Тие имаа средба со директорката на училиштето Маре Савеска, со претставници на училишниот совет и на ...

СДСМ: "Груевски на стружани не им ги оствари ветувањатa"

Телма - 15.02.2009

СДСМ преку писмена реакција до медиумите го обвини премиерот Никола Груевски дека се обидува вината за инцидентите што се случуваат во средните училишта во Струга „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ да ја префрли на туѓа адреса.

Груевски за настаните во Струга ги обвини СДСМ и Црвенковски

Телма - 15.02.2009

Инцидентите што се случуваат во средните училишта во Струга „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ се стари најмалку пет години и се последица на Законот за територијална организација од 2004 година, смета премиерот Никола Груевски.

Груевски: Настаните во Струга се последица на Законот за територијална организација од 2004 година

Алсат-М - 15.02.2009

Инцидентите што се случуваат во средните училишта во Струга „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ се стари најмалку пет години и се последица на Законот за територијална организација од 2004 година, смета премиерот Никола Груевски.

Втора недела бојкот на струшките средношколци

Алфа - 15.02.2009

Ни мешани ниту етнички смени. Струшката гимназија Нико Нестор од утре влегува во втората недела без настава. Никој од одговорните не се осмелува да каже дали денеска нешто ќе се смени. За проблемот проговори и премиерот Груевски.

Струшките средношколци на улица

Утрински - 14.02.2009

СТРУГА – Учениците- Македонци во струшките средни училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ цела недела ја бојкотираат наставата. Разговорите за надминувањето на проблемот во кои се вклучи и владин тим бавно се одвиваат, а од решенијата нема ништо.

Струга

Утрински - 14.02.2009

он крајот на осумдесеттите години бев средношколец во кумановската гимназија. Се сеќавам дека Aлбанците кои тогаш учеа заедно со нас побараа да се одвојат во посебни смени. Не сакаа да учат заедно со нас. Уште тогаш.

Краток курс за долга поделба

Дневник - 14.02.2009

Во „Нико Нестор“ не може да предаваат четворица министри, испратени да одржат краток курс за решавање меѓуетнички равенки. На таквите забрзани курсеви најмногу што може да се научи е како да се подигне ѕид.

Министерот ќе поднесе оставка ако ескалира ситуацијата во „Нико Нестор“

Н.Македонија - 14.02.2009

Со самото присуство на министри во Струга покажуваме колку сме заинтересирани да се реши проблемот, но тоа истовремено покажува дека проблемот од образовната се пресели во политичката сфера, изјави вчера во Струга министерот за образование и наука Перо ...

Струга:И по 10 дена нема решение за учениците во Нико Нестор

Алсат-М - 14.02.2009

Струга деновиве живее со проблемот во Средношколскиот училишен центар Нико Нестор. Струшкото средно училиште Нико Нестор уште долго време ќе биде синоним за мултиетничка нетолеранција , место каде што учениците не можат во нормални услови да го остварат ...

Нема термин за нова средба за случувањата во „Нико Нестор“

Алфа - 14.02.2009

Последниот инцидент кој раководствата на двете училишта, но и локалните власти, се обидоа да го премолчат се случил минатава недела и тоа во гимназијата „Ибрахим Темо“.

Бојкот и во гимназијата „Ибраим Темо“

Време - 13.02.2009

Нина Кепеска Учениците Македонци вчера не дојдоа на настава и во струшката гимназија „Ибраим Темо“ која е во заеднички двор со „Нико Нестор“ каде што веќе трет ден не се одржуваат часови.

И учениците Македонци од "Ибрахим Темо" ја напуштија наставата

Вест - 13.02.2009

Сите македонски средношколци од гимназијата "Ибрахим Темо" вчера на големиот одмор организирано ја напуштија наставата и се солидаризираа со учениците од средното стручно училиште "Нико Нестор". Во "Нико Нестор" веќе четврти ден нема настава.

Учениците - Македонци и вчера ја бојкотираа наставата

Утрински - 13.02.2009

СТРУГА - Во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ и вчера учениците-Македонци ја бојкотираа наставата, барајќи да се воведат посебни етнички смени.

Случајот во Струга не е осамен во школството

Утрински - 13.02.2009

Поделбата на учениците-Македонци и учениците-Албанци во етнички смени не е никаква новина во државата, ама за среќа, не е и масовна. Сепак, факт е дека стана непишано правило по ученички тепачки, особено ако се случуваат во низа, власта проблемот да го ...

И возрасните избегаа од часови

Дневник - 13.02.2009

Овој проблем вчера беше искористен и за политички пресметки помеѓу претседателскиот кандидат на СДСМ Љубомир Фрчкоски и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски Проблемот со етничките смени во струшкото средно училиште „Нико Нестор“ ќе се решава наредниве ...

Кризата се прелеа и во „Ибрахим Темо“

Н.Македонија - 13.02.2009

Учениците-Македонци, освен во средното училиште „Нико Нестор“, не посетуваат настава ниту во струшката гимназија „Ибрахим Темо“. Вчера претпладне само Македонците од први клас дошле на часови, но настава следеле само три часа.

Адеми: Проблемот во „Нико Нестор“ е политички

Алсат-М - 13.02.2009

Проблемот со учениците од средното училиште “Нико Нестор“ во Струга, според вицепремиерот Абдулаќим Адеми е целосно од политичка природа. Без да каже кој стои зад недоразбирањата во Струга тој вели дека поделбата на учениците во етнички смени не е ништо ...

Министрите разговараат со родителите и директорката на „Нико Нестор“

Алсат-М - 13.02.2009

Во хотелот “Дрим“ во Струга се одржува средба на владините претставници со претставниците на родителите и директорката на средното училиште “Нико Нестор“ На средбата присуствуваат вицепремиерот Зоран Ставрески придружен од министрите за образование и ...

Учениците Македонци продолжија со бојкот на наставата

Сител - 13.02.2009

Учениците Македонци и денеска не се во школските клупи наспроти албанските ученици кои наставата ја следат по старата програма. Решение за мултиетничките тензии на кој начин во иднина ќе се спроведува наставата се уште нема. И денеска ништо ново.

Голема е заинтересираноста за решавање на проблемот во Нико Нестор

Сител - 13.02.2009

Со самото присуство на министри во Струга покажуваме колку сме заинтересирани за вистинско решавање на проблемот, но тоа истовремено покажува дека проблемот од образовната се пресели во политичката сфера, изјави денеска во Струга министерот за ...

Настава од понеделник ќе има

Вечер - 13.02.2009

Проблемот во Средното училиште "Нико Нестор" во Струга од образовна се префрли во политичка сфера. Ако проблемот е до мене, подготвен сум да си поднесам оставка во интерес на стабилизирањето на целата ситуација за да не ни се случи потоа да бараме ...

Политика и манипулации со струшките средношколци?

А1 - 12.02.2009

Во општинската зграда во Струга денеска треба да продолжат разговорите на претставниците на централната и на локалната власт со професорите и родителите на учениците од средношколскиот центар „Нико Нестор“ за изнаоѓање решение за моделот на кој во иднина ...

Половина Влада ја спасува Струга

Време - 12.02.2009

Нина Кепеска Во Средното училиште „Нико Нестор“ во Струга вчера на настава дојдоа само учениците Албанци, додека Македонците веќе два дена ги бојкотираат часовите.

Полицијата и градоначалникот не ги спречиле инцидентите

Вест - 12.02.2009

Воведувањето на јазични смени во средното училиште "Нико Нестор"во Струга, што следуваше по последните инциденти во ова училиште меѓу ученици Македонци и Албанци, вчера го поддржаа претставници на 25 невладини организации и здруженија на граѓани од ...

Струга не знае како се подели

Утрински - 12.02.2009

СТРУГА - На шанкот во еден од популарните кафулињата во чаршијата во Струга стојат четири дневни весници на македонски и еден на албански јазик. Сопственик на кафулето е Македонец, кој вели дека најголемиот број од гостите му се Македонци, но дека ...

Нема решение за кризата во „Нико Нестор“

Утрински - 12.02.2009

СТРУГА - По вонредната седница на Советот на Општина Струга што се одржа завчеравечер, наместо да се смири состојбата, вчераутро имало обид да се спречи доаѓањето на учениците-Албанци на настава во Средното училиште „Нико Нестор“, а Македонците како и ...

Владата и локалните власти без решение за „Нико Нестор“

Н.Македонија - 12.02.2009

Високи владини претставници и локалните струшки власти не успеаја вчера да најдат решение за тензиите што владеат меѓу учениците-Македонци и нивните соученици-Албанци во училиштето „Нико Нестор“.

Струга: Попладнево нова средба за етничките смени во училиштата

Алсат-М - 12.02.2009

За денеска во 17 часот повторно е закажана средба во Струга меѓу владините министри и раководствата на училиштата „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“. Владините министри за внатрешни работи и образование, Гордана Јанкуловска и Перо Стојановски, како и на ...

Нико Нестор тема и за претседателските кандидати

Алсат-М - 12.02.2009

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Љубомир Фрчковски, ја критикуваше поделбата на етничка основа во струшкото средно училиште Нико Нестор. Според него таа е резултат на долготрајна неуспешна политика во етнички мешаните средини.

Без резултат и втората средба на министрите и локалната самоуправа за „Нико Нестор“

Алсат-М - 12.02.2009

Учениците Македонци од струшкото средно училиште продолжија со бојкот на наставата, а учениците Албанците ги посетуваат часовите. Тоа последниот резултат од неуспешната средба меѓу вицепремиерите Адеми и Ставревски, министерката за внатрешни работи ...

Сеуште нема решение за „Нико Нестор“

Кирилица - 12.02.2009

Неколкучасовните разговори одржани вчера попладне во Струга не дадоа решение за проблемот околу моделот по кој ќе продолжи наставата во средношколскиот центар „Нико Нестор“ Во разговорите учествуваа замениците премиери Зоран Ставревски и Абдулаќим Адеми, ...

Продолжуваат разговорите за решение за проблемот во „Нико Нестор“

Кирилица - 12.02.2009

Во општинската зграда во Струга денеска треба да продолжат разговорите на претставниците на централната и на локалната власт со професирите и родителите на учениците од средношколскиот центар „Нико Нестор“ за изнаоѓање решение за моделот на кој во иднина ...

Владини претставници ќе бараат решение за проблемот во „Нико Нестор“

Сител - 12.02.2009

Во општинската зграда во Струга денеска треба да продолжат разговорите на претставниците на централната и на локалната власт со професирите и родителите на учениците од средношколскиот центар „Нико Нестор“ за изнаоѓање решение за моделот на кој во иднина ...

Одложена Средбата за разврска на проблемот во „Нико Нестор“

Сител - 12.02.2009

Одложена е за денеска закажаната средба на владините претставници со општинските власти во Струга и родители и професорите од средношколскиот центар „Нико Нестор“, на која се очекуваше разврската околу моделот на кој ќе се одвива наставата во училиштата.

И Ибрахим Темо не остана имун на етничките проблеми

Вечер - 12.02.2009

Различните ставови за воведувањето на етничките смени и понатаму ги оставија учениците надвор од училишните клупи. Во "Нико Нестор" вчера повторно немаше настава, а проблемите се прелеаја и во гимназијата "Ибрахим Темо".

Проблемот со етничките смени во Струга останува

Макфакс - 12.02.2009

Најавената средба помеѓу претставници на Владата, локалните власти и родителите на учениците Македонци и Албанци за надминување на состојбите во струшкиот средношколски центар е одложена.

„Не може во средно да правиме соживот“

А1 - 11.02.2009

Некои средношколци денеска не отидоа на настава во нивното училиште, бидејќи дојдоа дури од Струга во Скопје за да ја поддржат одлуката на министерот за образование Перо Стојановски за настава во етнички смени.

Владините министри понудија одвоени згради

А1 - 11.02.2009

Повеќе од час и половина половината од владиниот кабинет на Груевски, на затворена средба во зградата на општина Струга, заедно со градоначалникот Мерко и директорите на двете струшки училишта, Савевска и Мусаи, решаваа за судбината на средношколците во ...

Останува поделеноста во „Нико Нестор“

BBC - 11.02.2009

Неколкумина министри од македонската влада денеска се сретнaa со локалните власти во Струга, за да се најде решение и да се надмине напнатоста во етнички мешаното средно училиште „Нико Нестор".

Државата на нозе, Струга под клуч

Време - 11.02.2009

Нина Кепеска Во струшкото средно училиште „Нико Нестор“ вчера не почна најавената настава во различни етнички смени. Во првата смена на училиште не дојдоа учениците Албанци, а попладнето, поради страв од инциденти, раководството на училиштето реши да не ...

Прекината наставата во "Нико Нестор"

Вест - 11.02.2009

Во средното стручно училиште "Нико Нестор" во Струга вчера не профункционираа јазичните смени. Претпладне дошле само дел од албанските средношколци, иако, според завчерашната препорака на министерот за образование Перо Стојановски, претпладневната ...

Слободен ден за смените во Струга

Утрински - 11.02.2009

СТРУГА - Четиристотини средношколци од албанска националност вчераутро во 7,30 часот седнаа на училишните клупи во средното стручно училиште „Нико Нестор“ во Струга.

Етничките смени се опасна игра на политиката

Утрински - 11.02.2009

Нема ништо паметно во предлогот на министерот за образование, Перо Стојановски, за воведување етнички смени во струшкото училиште „Нико Нестор“, туку напротив, тоа е многу опасно и е контрапродуктивно за градење мултиетничко и мултикултурно општество.

Нов состанок за состојбите во "Нико Нестор"

Телма - 11.02.2009

Владини претставници денеска во Струга одржуваат средба со градоначалникот и раководствата на средните училишта, во обид да се изнајде решение за проблемите кои доведоа до меѓуетнички тензии во средношколскиот центар.

Ученици од "Нико Нестор" одржаа прес-конференција во Скопје

Телма - 11.02.2009

Златко Симоновски Дел од учениците од струшката Гимназија ,, Нико Нестор,, ја одобруваат одлуката на Министерството за образование за воведување јазични смени.

Состанокот не донесе решение за "Нико Нестор"

Телма - 11.02.2009

Повеќечасовната средба на вицепремиерите Зоран Ставрески и Абдулаким Адеми, министерот за образование и наука Перо Стојановски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, со градоначлникот Рамиз Мерко и претставници на локалната самоуправа и ...

Соживот, ама без другиот

Дневник - 11.02.2009

Децата што ги гледаме во струшкото училиште покажуваат дека не се поднесуваат едни со други како што нивните родители не се поднесуваат, вели социологот Илија Ацески Етничките поделби на ученици во Струга се резултат на проблемите на меѓуетнички план, ...

Партиските интереси поважни од учениците

Дневник - 11.02.2009

Поделбата на ученици во етнички смени е во спротивност со начелата за соживот, против духот на рамковниот договор и против зголемувањето на толеранцијата и довербата меѓу етничките заедници во Македонија, оцени вчера Нова демократија.

ДПА обвинува за апартхејд

Дневник - 11.02.2009

ДПА вчера ги обвини коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дека со етничките смени во струшкото училиште „Нико Нестор“ воведува апартхејд во Македонија. Хаџи Малиќи, член на претседателството на ДПА, ги повика меѓународните претставници да ја спречат ...

Одложени етничките смени во „Нико Нестор“

Дневник - 11.02.2009

Вчера во средното техничко училиште „Нико Нестор“ во Струга немаше настава, иако беше најавено дека таа ќе се одвива во етнички јазични смени. Директорката на училиштето Маре Савеска објасни дека наставата била одложена од безбедносни причини.

Кон подобро разбирање

Дневник - 11.02.2009

Проблемите што резултираат со несогласувања и со насилство помеѓу македонските и албанските ученици се особено зачестени по оруже ниот конфликт во 2001 година.

Не успеа воведувањето јазични смени

Н.Македонија - 11.02.2009

Учениците-Албанци од средното училиште „Нико Нестор“ во Струга вчера ја бојкотираа претпладневната настава и на часови отидоа само две албански паралелки.

Министри денеска во посета на „Нико Нестор“ во Струга

Алсат-М - 11.02.2009

Во обид да се надминат тензиите во етнички мешаното средно училиште „Нико Нестор“, попладнево во Струга заминаа вицепремиерот за Рамковниот договор Абдулаќим Адеми и министерите за образование и за внатрешни работи, Перо Стојановски и Гордана Јанкулоска.

Учениците Македонци од „Нико Нестор“ одобруваат привремена поделба на етнички смени

Алсат-М - 11.02.2009

Средношколците Македонци од средното училиште „Нико Нестор“ во Струга ја поддржуваат одлуката за етнички поделени смени. Велат дека само така можеле да се избегнат инцидентите.

Тепачите од Нико Нестор остануваат неказнети

Алфа - 11.02.2009

Полицијата не ги казнува насилниците што ги предизвикуваат тепачките во струшкото училиште Нико Нестор и затоа инцидентите постојано се повторуваат - обвинија средношколците Македонци.

Министрите денеска без решение за проблемот во „Нико Нестор“

Алсат-М - 11.02.2009

Ништо ново не донесе денешната средба помеѓу локалните власти во Струга со половина владин кабинет од која требаше да произлезе конкретен став за надминување на состојбите во струшкиот училишен центар Нико Нестор.

Министри ќе држат лекции во Струга

Дневник - 11.02.2009

Советот на Општината прексиноќа побара преиспитување на законитоста на одлуката за воведување етнички јазични смени Вицепремиерот Абдулаќим Адеми и министрите Гордана Јанкуловска и Перо Стојановски вчера престојуваа во Струга во обид да се најде решение ...

Стојановски и Јанкулоска во Струга за смирување на тензиите околу „Нико Нестор“

Кирилица - 11.02.2009

Тие треба да разговарат со градоначалникот Рамиз Мерко, со раководството на „Нико Нестор“ и со претставници на родителите Во обид да се надминат тензиите во етнички мешаното средно училиште „Нико Нестор“, попладнево во Струга заминаа вицепремиерот ...

Поддршка за одлуката на Стојановски за воведување етнички смени во гимназијата Нико Нестор

Канал5 - 11.02.2009

Средношколци Македонци и претставници на невладини организации од Струга денеска ја поддржаа одлуката на министерот за образование за етнички смени во средното училиште „Нико Нестор“.

Владата напомош за решавање на проблемите во Нико Нестор

Вечер - 11.02.2009

Наставата во "Нико Нестор" прекината и во текот на вчерашниот ден. Различните ставови за воведувањето на етничките смени ги остави децата надвор од училишните клупи два дена.

ВМРО-ДП: Владата да ја спроведе одлуката за етнички смени во “Нико Нестор“

Нетпрес - 11.02.2009

Спротивставувањето на одлуката на министерот за образование за етнички смени во училиштето “Нико Нестор“ во Струга е смислен и координиран потег на албанското малцинство, со цел да предизвика иселување на Македонците во оваа општина, да доведе до етничко ...

Нов обид за решение на етничките тензии во Струга

Макфакс - 11.02.2009

Владини претставници денеска во Струга ќе имаат средба со градоначалникот и раководствата на средните училишта, во обид да се изнајде решение за проблемите кои доведоа до меѓуетнички тензии во средношколскиот центар.

Прекината наставата во „Нико Нестор“

А1 - 10.02.2009

Учениците - Албанци од „Нико Нестор“ денеска ја бојкотираа наставата во прва смена, по што со одлука на градоначачникот Рамиз Мерко и раководството на училиштето наставата во ова средно училиште е прекината.

Опозициските албански партии против етничките смени

А1 - 10.02.2009

Албанските партии ДПА и Нова демократија се апсолутни противници на одлуката да се воведат етнички чисти смени во струшкото училиште „Нико Нестор“ и за истите ја обвинуваат власта.

Во Струга пукна рамката

Време - 10.02.2009

Нина Кепеска Учениците Македонци и Албанци од струшкото училиште „Нико Нестор“ од денеска ќе учат во етнички чисти смени. Директорката Маре Бојчевска- Савеска изјави дека одлуката ја донел Училишниот одбор како привремено решение кое ќе се спроведува до ...

Капитулација на меѓуетничките односи

Време - 10.02.2009

Владо Ѓорчев Воведувањето етнички смени во струшката гимназија „Нико Нестор“ го урива меѓуетничкиот карактер на државата на што се инсистираше речиси девет години по потпишувањето на рамковниот договор.

Воведени етнички смени во "Нико Нестор"

Вест - 10.02.2009

Од денес во гимназијата "Нико Нестор" во Струга ќе се воведат етнички смени. Оваа одлука на Министерството за образование и наука вчера на професорите Албанци и Македонци им ја соопшти министерот Перо Стојановски, со напомена дека треба да се вложат ...

Во Струга се крева етнички ѕид

Утрински - 10.02.2009

СТРУГА - Во Средното училиште „Нико Нестор“ во Струга од денеска наставата ќе се одржува во посебни етнички смени. Учениците-Албанци ќе учат претпладне, а учениците-Македонци ќе доаѓаат на часови попладне.

Етнички трла, почеток на еден пораз

Утрински - 10.02.2009

Учениците од струшкото училиште „Нико Нестор“ од денес ќе учат во етнички смени. Креаторите на ова соломонско решение велат дека тоа било само привремено решение, до завршување на учебната година. Сега, целата нација, конечно, може да здивне.

Во "Нико Нестор" не профункционираа етничките смени

Телма - 10.02.2009

Учениците Албанци денеска не дојдоа на настава во средношколскиот училишен центар "Нико Нестор" во Струга. Родителите на учениците Албанци ја отфрлија одлуката на Министерството за образование за воведување две посебни јазични смени во средното училиште ...

Струга станува школски пример за етнички поделби

Дневник - 10.02.2009

Средношколците Македонци и Албанци од средното техничко училиште „Нико Нестор“ во Струга од денеска до крајот на учебната год ина ќе учат одвоени во етничките смени, откако пропаднаа обидите да се смират по зачестените тепачки.

Друга Струга

Дневник - 10.02.2009

Поделбата почна, се коментира во јавноста одлуката за воведување етнички смени во струшкото училиште „Нико Нестор“. За жал, оценката не е точна. Поделбата е речиси пред крај.

Заедно се оти мораат, ниту се дружат, ниту се познаваат

Н.Македонија - 10.02.2009

- Се дружиш ли со твоите соученици-Албанци? - Не. - Зошто? - Не знам, мислам дека сме премногу различни. - Би сакала ли да имаш другарка Албанка? - Не. Вака ни одговори Марија, ученичка во трета година во скопската гимназија „Никола Карев“, кога ја ...

Ситуацијата во Струга дополнително се комплицира

Алсат-М - 10.02.2009

На настава во „Нико Нестор“ претпладнево дојдоа само дел од учениците од албанските паралелки Во последен момент училиштето донесе одлука поради безбедност настава попладне воопшто да нема.

ДПА се противи на етничката поделба на учениците

Форум - 10.02.2009

“Министерот за образование, кадар на ВМРО, не само што наредува да учениците учат на различни етнички смени, туку наредува и влезовите во училиштето да бидат различни“, рече , на денешната прес-конференција.

Синдикатот за образование против етничките смени во Стуга

Алсат-М - 10.02.2009

Со одлуката за етнички смени во струшкото училиште не се согласува ниту Синдикатот за образование, наука и култура - СОНК и бара таа веднаш да биде повлечена.

Парламентарното мнозинство одби да расправа за Струга

Алсат-М - 10.02.2009

Парламентарното мнозинство го отфрли барањането на СДСМ да се расправа за одлуката на министерот за образование за етнички смени во средното училиште “Нико Нестор“ во Струга.

Прекината наставата во “Нико Нестор“

Алфа - 10.02.2009

Прекината наставата во струшкото средно училиште “Нико Нестор“. Одлуката на министерот за образование Стојаноски, со која од денес таму требаше да се учи во чисто етнички смени, - не се спроведува.

Советот на Струга предлага преиспитување на одлуката за етнички смени во Нико Нестор

Алсат-М - 10.02.2009

По четиричасовна расправа Советот на општина Струга излезе со три општи заклучоци со кои не е на повидок набрзо решавање на проблемот. Советот вечерва свика седница по итна постапка откако вчера министерот за образование Перо Стојановски одобри наставата ...

Професорите и родителите - Албанци не сакаат посебни јазични смени

Кирилица - 10.02.2009

Професорите - Албанци и родителите на учениците - Албанци од средношколскиот центар „Нико Нестор“ не се согласуваат со одлуката на Министерството за образование и наука за воведување на посебни јазични смени Ова е одлучено на состанокот што се одржа ...

СОНК е против етничките смени во „Нико Нестор“

Кирилица - 10.02.2009

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК), не се согласува со одлуката за настава во одвоени етнички смени во Средното техничко училиште „Нико Нестор“ во Струга, соопштија денеска од овој синдикат СОНК укажува ...

Прекината наставата во средношколскиот центар „Нико Нестор“

Сител - 10.02.2009

Учениците - Албанци од средношколскиот центар „Нико Нестор“ денеска ја бојкотираа наставата во прва смена, по што со одлука на градоначачникот Рамиз Мерко и раководството на училиштето наставата во ова средно училиште е прекината.

Во Струга заседаваа општинскиот, наставничкиот и советот на родители од училиштето „Нико Нестор“

Канал5 - 10.02.2009

Од попладнево во Струга заседаваат општинскиот, наставничкиот и советот на родители од средното техничко училиште „Нико Нестор“ во обид да се надмине ситуацијата која ризикува да излезе од контрола. И покрај апелите стравувањата се од систем на домино.

Одложена поделбата по етнички смени

Канал5 - 10.02.2009

Воведувањето на етнички смени во средното училиште Нико Нестор во Струга, денеска не профункционира. Претпладнето на настава дошле само дел од учениците Албанци, а попладнево, со одлука на директорката на училиштето Маре Савеска и градоначалникот Рамиз ...

Партиите за етничките смени во Нико Нестор

Канал5 - 10.02.2009

Опозицијата побара, мнозинството одби на пленарна седница во Собранието да се постават проблемите во средното училиште Нико Нестор во Струга. СДСМ на став воведувањето на етничките смени не е решение, напротив може да предизвика уште поголема сегрегација ...

СОНК инсистира веднаш да биде преиспитана односно повлечена одлуката за одвоени етнички смени

Канал5 - 10.02.2009

СОНК укажува дека ваквото решение ќе предизвика негативни последици и во другите училишта со мешан етнички состав на учениците, и претставува победа на заговарачите на делби и поделби по етничка основа кое води во безизлезна состојба на целото општество.

Ќе се преиспитува законитоста на одлуката за воведување јазични смени во Нико Нестор

Сител - 10.02.2009

Законитоста на одлуката за воведување јазични смени во средношколскиот центар „Нико Нестор“ ќе се преиспитува, одлучија на вонредната седница одржана доцна попладнево, советниците во општина Струга, градоначалникот, раководството на училиштето, ...

Наставата во Нико Нестор - прекината!

Вечер - 10.02.2009

Етничките смени кои требаше да започнат вчера во средното училиште "Нико Нестор" во Струга не профункционираа. Дел од учениците Албанци кои требаше да учат во прва смена не дојдоа на настава.

ДПА: Албнците и Македонците заедно да посетуваат настава во Струга

Нетпрес - 10.02.2009

Вознемирувачки е фактот дека учениците Албанци и Македонци од средните училишта “Ибрахим Темо“ и “Нико Нестор“ од Струга ке одржуваат настава во етнички чисти смени, го изрази денеска својот став Демократската партија на Албанците.

Родителите и професорите Албанци против етнички смени

Макфакс - 10.02.2009

Родителите на учениците Албанци ја отфрлија одлуката на Министерството за образование за воведување две посебни јазични смени во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга.

Учениците Албанци ја бојкотираа наставата во СУ „Нико Нестор“

Макфакс - 10.02.2009

Учениците Албанци денеска ја бојкотираа наставата во прва смена во средното училиште „Нико Нестор“, јави дописникот на ...

ДПА против етнички смени на ученици

Макфакс - 10.02.2009

Опозиционата ДПА изрази целосна поддршка на наставниот кадар, кој категорично е против воведувањето етнички смени во струшкото средно училиште „Нико Нестор“.

Струшките власти бараат преиспитување на одлуката за етничките смени

Макфакс - 10.02.2009

Советот на општина Струга на вонредната седница, што се одржа попладнево донесе заклучок да се преиспита законитоста на одлуката за воведување на јазични смени во средното училиште „Нико Нестор“.

Рушити: Одлуката за етнички чисти смени не е паметно решение

А1 - 09.02.2009

Колку во проблемите во Нико Нестор во Струга, меѓуетничките тепачки и одлуката на директорката за етнички чисти смени, како рецепт за решавање на случајот кумуваше и политиката.

Во Тетово нема етнички смени, ама има етнички објекти

А1 - 09.02.2009

Во Тетово по училиштата нема етнички смени, но има етнички поделени објекти. Во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ паралелките на македонски јазик, веќе неколку години, учат во посебен објект, одделени од оние на албански.

Eтнички смени во „Нико Нестор“ - професорите и родителите Албанци не прифаќаат

А1 - 09.02.2009

Професорите и родителите Албанци од средното училиште „Нико Нестор“ во Струга на средбата што се оддржа доцна попладнево, решиле да не ја прифатат одлуката на министерот за образование наставата од утре да се спроведува во етнички чисти смени.

Во „Нико Нестор“ ќе се учи во смени

BBC - 09.02.2009

„Подобро е еден министер да замине од својата функција, отколку во Струга да има жртви.“ Вака денеска министерот за образование Перо Стојановски силно застана зад решението на директорката на средното струшко училиште „Нико Нестор“, во него да почне да ...

Етничките смени чекор до етнички училишта

Утрински - 09.02.2009

Тепачките меѓу средношколците-Македонци и Албанци во струшката гимназија „Нико Нестор“ резултираа со поделба на учениците во етнички смени. Сигурно дека ова не е најдоброто решение, но упатените во состојбите, оние кои одблизу ги следат нараснатите ...

Етнички смени за нови делби

Телма - 09.02.2009

Наставата во струшкото училиште „Нико Нестор“ од утре ќе се спроведува во етнички чисти смени. Одлуката ја донел Училишниот одбор денеска, на што инсистирала директорката на училиштето, а како привремено решение ќе се спроведува до крајот на учебната ...

Дежа ви

Дневник - 09.02.2009

Ако за учениците-Македонци и Албанци се потребни етнички смени, тогаш чуму и нивните родители да не одат на работа во етнички смени? Па така, лекарите-Македонци ќе одат на работа претпладне, а лекари те-Албанци ќе одат на работа попладне.

Молк за етничките смени во „Нико Нестор“

Н.Македонија - 09.02.2009

Поделбата на етнички смени на средношколците-Албанци и Македонци во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга не го вознемири многу Министерството за образование, за разлика од јавноста и интелектуалците, кои реагираат на инфериорноста на институциите за ...

Од утре во Струга чисти етички смени за средношколците

Форум - 09.02.2009

Воведувањето на етнички чисти смени кое минатата недела го најави директорката на средно училиште „Нико Нестор“ Маре Савева, дефинитивно започнува утре, јавува охридското Супер радио Ова било одобрено на денешната средба на градоначалникот на Струга ...

ДУИ против етнички смени, ВМРО ДМНЕ воздржани

Алсат-М - 09.02.2009

ДУИ е против одлуката средношколците Албанци и Македонци од струшкото средно училиште „Нико Нестор„ да одат на настава во различни смени. По признавањето на Косово и стабилизација на регионот, Македонија и Балканот стануваат се поинтересни за влез на ...

Учениците Албанци во Нико Нестор нема да ја почитуваат одлуката на Стојановски

Алсат-М - 09.02.2009

На средбата која денеска доцна попладне ја имаа родителите и професорите Албанци со преставници на локалната самоуправа во Струга како што дознава Алсат во целост е отфрлена одлуката на министерот од утре да се учи во чисти етнички смени.

Од утре етнички смени во “Нико Нестор“

Алфа - 09.02.2009

Се воведуваат етнички чисти смени во струшкото средно училиште “ Нико Нестор“. Од утре, учениците македонци и албанци повеќе нема да ги делат училишните клупи.

Албанците од Струга одбиваат да учат во етнички смени

Форум - 09.02.2009

Се’ додека не биде објаснето што всушност стои зад одлуката за учење во чисти етнички смени, родителите на албанските средношколци од Струга ќе ја следат наставата според постоечкиот распоред, јави охридското Супер радио Полицајците во дворот на „Нико ...

Посебни јазични смени во наставата во „Нико Нестор“ во Струга

Кирилица - 09.02.2009

Наставата во општинскиот средношколски училишен центар „Нико Нестор“ во Струга од утре ќе се спроведува во две посебни јазични смени Директорката на „Нико Нестор“ Маре Бојчевска-Савеска изјави дека одлуката за воведување на јазничните смени ја донел ...

Од утре посебни јазични смени во „Нико Нестор“ во Струга

Сител - 09.02.2009

Наставата во општинскиот средношколски училишен центар „Нико Нестор“ во Струга од утре ќе се спроведува во две посебни јазични смени. Директорката на „Нико Нестор“ Маре Бојчевска-Савеска изјави дека одлуката за воведување на јазничните смени ја донел ...

Кривични и прекршочни пријави за учесниците во последните тепачки во Струга

Канал5 - 09.02.2009

Кривични и прекршочни пријави минатата недела заработија петнаесетмина учесници во последните тепачки во гимназијата „Нико Нестор„ во Струга. Се знае кој бил таму, но според пратениците треба да се открие и оној кој ги мотивирал децата на постојани ...

Етнички смени во училиштето Нико Нестор во Струга

Канал5 - 09.02.2009

Во струшкото средно училиште Нико Нестор, по вчерашните и денешните средби со Министерот за образование и наука Перо Стојаноски, одлучено е од утре наставата да се одвива во етнички смени.

Стојановски: Подобро еден министер да замине од функцијата отколку во Струга да има жртви

Вечер - 09.02.2009

Одлуката од денеска да се воведат учениците да одат во етнички смени беше донесена вчера на заедничка средба на министерот за образование Перо Стојаноски, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, професори и претставници на Советот на родители Воведувањето ...

Стојановски: Подобро е еден министер да замине од својата функција отколку во Струга да има жртви

Нетпрес - 09.02.2009

Воведувањето на етнички чисти смени во струшкото средно училиште “Нико Нестор“, кое минатата недела го најави директорката Маре Савева, дефинитивно започнува од утре.

Без настава во струшкото „Нико Нестор”

Макфакс - 09.02.2009

Со цел да се смират тензиите денеска нема да има настава во средното училиште „Нико Нестор” во Струга, каде во изминатите две недели се случија повеќе физички пресметки помеѓу ученици Македонци и Албанци.

Почнува настава во етнички смени во СУ „Нико Нестор“

Макфакс - 09.02.2009

Наставата во струшкото училиште „Нико Нестор“ од денеска ќе се спроведува во етнички чисти смени. Како што јавуваат медиумите, одлуката ја донел Училишниот одбор вчера, а како привремено решение ќе се спроведува до крајот на учебната година.