TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

За време на посетата на Буш, уапсени 47 христијани

Утрински - 23.02.2002

Пекинг ПЕКИНГ - Кинеската влада уапси 47 христијани во Пекинг, на првиот ден од посетата на американскиот претседател Џорџ Буш, соопшти вчера една група за човекови права. Петнаесет од уапсените с? уште се во притвор, додека другите биле ослободени по сослушувањето од полицијата, соопшти ...

Северна Кореја одбива дијлаог со САД

Вест - 23.02.2002

СЕУЛ, 23 февруари (Ројтерс) - Министерството за надворешни работи на Северна Кореја вчера отсечно го отфрли повикот за дијалог на американскиот претседател Џорџ Буш, опишувајќи го Буш како "политички ретардирано дете" кое сака да го освои Пјонгјанг.

На Буш му пукна гумата во Кина

Вест - 23.02.2002

Американскиот претседател Џорџ Буш и првата дама Лора Буш при посетата на Кина се прошетаа и по Кинескиот sид, односно кај делницата Бадалинг, која била изградена за време на владеењето на династијата Минг... ПЕКИНГ (Ројтерс) - Набрзо откако американскиот претседател Џорџ Буш одржал говор и ...

Буш в лице им рече на Кинезите дека САД ќе го бранат Тајван

Дневник - 23.02.2002

ПЕКИНГ Американскиот претседател Џорџ В. Буш вчера во Пекинг пред група кинески студенти и потпретседателот Ху Џинтао истакна дека САД ќе му помогнат на Тајван да се одбрани од евентуален воен напад, но изрази надеж дека Пекинг и Тајпеј на мирен начин ќе ги средат односите, јави Ројтерс.

Буш ја заврши азиската турнеја

А1 - 22.02.2002

Американскиот претседател Џорџ Буш ја заврши посетата на Кина и целата еднонеделна азиска турнеја со посетата на Кинескиот sид. Претходно Буш апелираше до раководството на НР Кина да им даде поголеми демократски слободи на граѓаните.

Срдечни насмевки и ништо повеќе

Утрински - 22.02.2002

Американскиот претседател Џорџ Буш во Кина Буш во Пекинг допатува точно 30 години по историската посета на Ричард Никсон на Кина ПЕКИНГ - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера повторно допатува во Кина, апелирајќи за контрола на зголемувањето на употребата на оружје, и нагласувајќи го правото на ...

Буш побара поддршка од Цемин против "оската на злото"

Вест - 22.02.2002

ПО 30 ГОДИНИ ПРВ АМЕРИКАНСИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО КИНА Пекинг, 22 февруари Претседателите на САД и Кина, Џорџ Буш и Џијанг Цемин одржаа заедничка прес конференција за актуелните билатерални и меѓународни прашања, за кои разговараа на средбата претходно одржана.

Буш во посета на Кина

А1 - 21.02.2002

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска во Пекинг по средбата со кинескиот претседател Џианг Цемин изрази надеж дека Кина силно ќе се спротивстави на ширењето на оружјето од висока технологија. САД порано ја обвинуваа Кина за продажба на софистицирано оружје на Северна Кореја и на Иран, земји за ...

Буш со критички тон кон Северна Кореја

А1 - 20.02.2002

Американскиот претседател Џорџ Буш го потврди критичкиот став кон Северна Кореја, но ја исклучи можноста од напад. По средбата со јужно-корејскиот претседател Ким Дае Јунг во Сеул, Буш изјави дека САД немаат намера да вмаршираат во Северна Кореја.

Буш дојде на удар на "оската за злото"

Утрински - 20.02.2002

Американскиот претседател допатува во посета на Јужна Кореја СЕУЛ - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера пристигна во Јужна Кореја, доближувајќи се на удар на Северна Кореја, земја која тој ја означи како дел од "оска на злото", во непосредна близина на антиамерикански демонстрации.

САД да не преземаат авантура во Ирак

А1 - 19.02.2002

Меѓународната заедница упати порака до САД да не преземаат авантура во Ирак. „Не постои ниту една причина да се разговара за воен напад против било која земја, ниту пак да започнат разговори по тоа прашање“, изјави германскиот канцелар Герхард Шредер по средбата со канадскиот премиер Жан Кретиен во ...

Америка останува на цврстата линија

Утрински - 19.02.2002

Џорџ Буш убеден дека сојузниците ќе го следат во терористичката војна ТОКИО - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера ги отфрли коментарите дека американските сојузници не одобруваат во проширувањето на војната против тероризмот да бидат вклучени државите од "оската на злото": Северна Кореја, Ирак ...

Студенти ја зазедоа американската канцеларија

Утрински - 19.02.2002

Пред посетата на Џорџ Буш на Сеул СЕУЛ - Радикалните јужнокорејски студенти вчера ја зазедоа канцеларијата на американската Комерцијална комора во еден од серијата протести, во исчекување на посетата на американскиот претседател Џорџ Буш.

Буш "инкарнација на злото" во Јужна Кореја

Вест - 19.02.2002

Од вчерашните протести против посетта на Буш во Сеул СЕУЛ, 19 февруари (Ројтерс) - Јужна Кореа вчера го пречека американскиот претседател Џорџ Буш на тој начин што еден парламентарец од владејачката партија го нарече "инкарнација на злото", а студентите излегоа на простести пред Американската ...

Буш очекува поддршка од сојузниците во антитерористичкиот поход

Дневник - 19.02.2002

ЈАПОНСКО-АМЕРИКАНСКИ САМИТ Домаќинот Коизуми му изрази поддршка на Буш, но потенцираше дека Јапонија на свој начин ќе се бори со тероризмот Американскиот претседател Џорџ В. Буш вчера во Токио ги отфрли навестувањата дека сојузниците нема да го поддржат најавуваното проширување на ...

Буш на мирен начин ќе го реши спорот со „оската на злото“

А1 - 18.02.2002

„Очекувам на мирен начин да ги решиме несогласувањата со Ирак, Иран и Северна Кореа“, изјави американскиот претседател Џорџ Буш денеска во Tокио на средбата со јапонскиот премиер Јуничиро Коизуми, додавајќи дека „сите опции остануваат отворени“.

Токио резервиран спрема "милитаристичкиот" Буш

Утрински - 18.02.2002

Американскиот лидер на турнеја низ Далечниот Исток Американскиот претседател Џорџ Буш вчера пристигна во Токио, во рамките на неговата објавена војна против тероризмот и кампањата да ја убеди Јапонија цврсто да ги издржи реформите, меѓутоа можеби ќе наиде на млак одговор.

Коизуми планира да го однесе Буш во паб

Утрински - 18.02.2002

ТОКИО - Јапонскиот премиер Џуничиро Коизуми планира да го изведе американскиот претседател Џорџ Буш и неговата сопруга Лора во јапонски паб "изакаја", пишува вчера финансискиот дневен весник "Нион Кеизаи Шимбун". Весникот цитира извор близок на кабинетот на премиерот, кој рече дека Коизуми планира ...

Џорџ Буш ја почна азиската турнеја

Вест - 18.02.2002

Демонстрантите во Сеул му приредуваат "пријатен" дочек на Буш Токио, 18 февруари (Ројтерс) - Американскиот претседател Џорџ Буш со вчерашното пристигање во Јапонија ја започна својата азиска турнеја, во рамките на која ќе ги посети и Јужна Кореја и Кина.