TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Фудбалери на „Партизан“ поврзани со Земунскиот клан

А1 - 20.04.2003

Српската полиција повикала на краток информативен разговор двајца фудбалери на белградски „Партизан“, Данко Лазовиќ и Драгољуб Јеремиќ, поради нивното познанство со Милорад Луковиќ - Легија и Душан Спасојевиќ - Шиптар, водачи на Земунскиот клан, обвинети за атентатот врз екс премиерот Зоран Ѓинѓиќ.

Украдени докази за прислушување од МВР

А1 - 19.04.2003

Од МВР се украдени доказите за прислушувањето од 1994 до 1999 година, поради што ќе бидат разгледани сите правни можности за покренување кривични пријави против одговорните лица или непознатите сторители, истакнува министерот за внатрешни работи Хари Костов во денешното интервју за „Дневник“.

Костов ја предупредува Димовска дека прикривала информации за Земунскиот клан

Утрински - 19.04.2003

Министерот за внатрешни работи упати писмо до Агенцијата за разузнавање Македонскиот министер за внатрешни работи, Хари Костов, испрати писмо до директорот на Агенцијата за разузнавање, Доста Димовска, во кое се наведени причините за обраќањето, како и законските обврски на Агенцијата во врска со ...

Документите за пет години прислушување украдени од МВР

Дневник - 19.04.2003

intervju: HARI KOSTOV, MINISTER ZA VNATRE[NI RABOTI Celokupnata dokumentacija za prislu{uvaweto vo periodot od 1994 do 1999 godina i delovodnite knigi od 2000 do 2002 godina se izneseni od MVR i nekoj krivi~no }e odgovara za toa, tvrdi ministerot za vnatre{ni raboti Hari Kostov, no potsetuva deka ...

Костов од Агенцијата за разузнавање бара разменување на информации

А1 - 17.04.2003

Министерот Хари Костов денеска испрати писмо до Доста Димовска во кои се наведени законските обврски на Агенцијата во врска со размената на сознанијата и задолжителното известување на државните органи за податоците и информациите од заеднички интерес.

Димовска се подготвува да си оди од Агенцијата за разузнавање?!

Утрински - 17.04.2003

Неофицијални извори за "Утрински" тврдат дека ќе има промени во врвот на разузнавањето Директорката на Агенцијата за разузнавање, Доста Димовска, која во изминатите денови е во центарот на аферата со скандалозната аболиција, се подготвува да си замине од директорското место, тврдат за "Утрински" ...

Ако е бал за Боро и за Доста, нека биде за сите?!

Дневник - 17.04.2003

ОПОЗИЦИЈАТА ПОДГОТВИ ТАКТИКА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНАТА ДЕБАТА СДСМ сака да расправа за последиците на аболицијата и за врските со земунскиот клан, а опозицијата бара дебата за сите прислушувања и за мафијашките врски пред 1998 година Пратеничките групи на ЛП и на ВМРО-ДПМНЕ вчера од Владата побараа ...

Аболиција за "Земунскиот клан" во Македонија!

Капитал - 17.04.2003

АнализаАболиција за "Земунскиот клан" во Македонија! Љубчо Георгиевски, мирно и рутинирано, во стилот, не како Ал Капоне, туку како Ал Пачино, во Кум-2, петочната колумна му ја посвети на Љубомир Д. Фрчковски. Тој кажа што мисли пред два години кога и се случи аферата прислушување.Тогаш побара ...

За кого ги чуваш, Досто?

Дневник - 16.04.2003

Коментар - Георги Барбаровски Стравот да не бидат разоткриени врските на некои македонски структури со земунскиот клан бил причина за отстрелот на Доста Димовска, вели таа во втората варијанта од својот одговор до јавноста, откако шефот на државата ја помилува во аферата "Прислушување".

Поповски: Димовска не ме информирала за Земунскиот клан

Утрински - 15.04.2003

СПИКЕР Претседателот на Собранието, Никола Поповски, по последните изјави на Доста Димовска, за постоењето врски со Земунскиот клан на македонски функционери, оцени дека собраниската Анкетна комисија за контрола на работата на Агенцијата за разузнавање, чиј актуелен претседател е Љубе Бошкоски, " ...

Само Димовска и Трајковски знаат за пипалата на Земунскиот клан?!

Утрински - 15.04.2003

По тврдењет?на директорката на АР дека поседува докази за поврзаност?на видн?личности од Македонија со српската мафија Сашк?Димевски Владат? ?со то?вклучителн??МВ? немаат никакв?докази, ?уште помалк? им?некакв?касети од ко?можа?да се вида?врскит?на неко?политичари ? бизнисмени од Македонија со ...

Димовска ја приватизирала Агенцијата за разузнавање

А1 - 14.04.2003

МВР, СДСМ, спикерот на Парламентот - сите ја обвинуваат Димовска дека ја приватизира Агенцијата за разузнавање затоа што не им доставила никакви информации за поврзаност на лица од Македонија со Земунскиот клан. „Се надеваме дека и другите надлежни институции, вклучувајќи ја и Агенцијата за ...

МВР ја "советува" Димовска ако има докази за криминал да ги достави до надлежните институции

Утрински - 14.04.2003

ИЗЈАВА По изјавата на директорката на Агенцијата за разузнавање, Доста Димовска, која јавно истакна дека одредени криминални, бизнис и политички структури од нашава земја во изминатите 12 години биле во тесна врска со т.н. земунски клан, побаравме изјава од портпаролката на МВР, Мирјана Контевска.