TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кедев ја презентира стратегијата за вториот изборен круг

А1 - 18.04.2004

Исклучително добриот резултат од над 34% од првиот круг на претседателските избори се реална шанса да победиме на крајот, изјави претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев пред политичката академија на партијата. „Со заеднички сили треба да изнајдеме начин да го мотивираме електоратот ...

Кедев од понеделник стартува со кампањата

А1 - 17.04.2004

Кампањата на Сашко Кедев ќе стартува во понеделник. Викеднов се разработуваат детали. Според најавите од изборниот штабот најверојатно ќе се оди на митинзи во пет регионални ...

Острени: Мојот глас ќе го дадам за Црвенковски

А1 - 17.04.2004

Задоволен од победничките резултати на изборите претседателскиот кандидат на ДУИ Г’зим Острени денеска рече, докажавме дека знаеме да ги цениме демократските вредности. Гласот за него е знак дека граѓаните сакаат правда за сите, но и целосно имплементирање на Охридскиот договор.

ДИК ги соопшти резултатите од првиот изборен круг

А1 - 17.04.2004

Бранко Црвенковски и Сашко Кедев одат во втор круг, откако ниту еден од четворицата кандидати во првиот не ги доби повеќе од половина од вкупниот број избирачи. Според конечните резултати на Државната изборна комисија: Црвенковски води со 76.215 гласови пред Кедев.

Мислат на неопределените, а нишанат кон Албанците

Време - 17.04.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ СО НОВА СТРАТЕГИЈА Диана Младеновска Александра М. Митевска Претседателските кандидати на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски и Сашко Кедев, со најмногу освоени гласови во првиот круг од изборите влегуваат во нова кампања пред претстојниот втор изборен круг, кој ...

Кедев ќе ги посети општините во кои остварил послаби резултати

Дневник - 17.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев ќе ја сконцентрира кампањата меѓу двата изборни круга кон општините во кои постигнал послаби резултати од очекуваните, велат во Изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. - Наши проценки се дека во некои места можеме да постигнеме многу подобри резултати.

ДУИ ќе гласа за Црвенковски ако го признае независно Косово

Дневник - 17.04.2004

албанските партии Ја каЖаа цената на своЈата поддршка Провокативна изјава некоординирана со Ахмети, велат во СДСМ Демократската унија за интеграција (ДУИ), меѓу другото, ќе бара од Бранко Црвенковски да го признае Косово ако сака да ја добие поддршката од Албанците во вториот круг од ...

ДУИ и ДПА потрошиле само 35.000 евра

Време - 17.04.2004

ВО ПРВИОТ КРУГ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ Демократската унија за интеграција и Демократската партија на Албанците за потребите на предизборните активности на нивните претседателски кандидати потрошиле околу 35.000 евра. Според изјавите на официјалните лица од двете партии, ДУИ потрошила 25.000 ...

Денеска конечните резултати

Дневник - 17.04.2004

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Три часа пред да истече рокот, вчера никој немаше испратено приговор до Државната изборна комисија за гласањето и за сумирањето на резултатите. ДИК денеска треба да ги објави целосните, конечни резултати од вонредните избори за претседател на државата што се одржаа во ...

За Андов е подобро изборите да не успеат, отколку да победи Црвенковски

Утрински - 17.04.2004

Лидерот на Либералната партија преку колумна заговара сценарио за неуспех на вториот изборен круг Во ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да ја коментираат колумната на Андов Борис Георгиевски Лидерот на Либералната партија, Стојан Андов, смета дека е подобро вториот круг од изборите за претседател на државата да ...

СДСМ и ДПМНЕ се подготвуваат за последната пресметка

А1 - 16.04.2004

Во изборните штабови на Црвенковски и Кедев веќе се прават последните подготовки пред стартот на вториот круг од вонредните претседателски избори. Во СДСМ неколку часа заседаваа шефовите на општинските партиски штабови со дел од раководство.

Острени и Џелили "растурија" во источна Македонија

Дневник - 16.04.2004

УСПЕХ НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ Претседателските кандидати на ДУИ и на ДПА, Гзим Острени и Зуди Џелили, постигнаа изненадувачки добри резултати во источна Македонија. Острени освои 403, а Џелили 272 гласа во регион со 20 општини во кои живеат само 64 Албанци.

Бошкоски ги оцени изборите како фалсификат и измама

Утрински - 16.04.2004

СТАВ "Со изјавите за победа на Бранко Црвенковски и Сашко Кедев се потврдија нашите сомневања и предупредувањата за изборен фалсификат и измама и можноста од договорен изборен резултат", се вели во соопштението од Изборниот штаб на Љубе Бошкоски.

Силата на искуството

Дневник - 16.04.2004

Колумна - Стојан Андов Кедев со своето "336-часовно искуство", ете, по своите сметки, заостанува зад Црвенковски само 50.000 гласа. До вториот круг Црвенковски не може да го зголеми своето искуство. Тоа ќе остане искуство од 13 години, а неговиот ривал за овие 14 дена, токму по логиката на ...

Сите победници

Вест - 16.04.2004

ДИК ГИ СООПШТИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРВИОТ ИЗБОРЕН КРУГ Во вториот круг, кој ќе се одржи на 28 април, одат Бранко Црвенковски и Сашко Кедев Државната изборна комисија вчера ги објави првичните официјални податоци од првиот круг на претседателските избори што се одржаа во средата.

Црвенковски и Кедев немаат место за еуфорија

Утрински - 16.04.2004

Што покажуваат првите анализи на прелиминарните резултати од првиот круг на гласањето за претседател Одѕивот од 55,14 отсто е најнизок од сите досегашни избори ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Двајцата политички противници, претседателскиот кандидат и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, и фаворитот на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Победничко славје во штабовите и на Гзим Острени и на Зуди Џелили

Дневник - 16.04.2004

задоволство во партиите на албанците ДУИ смета дека изборите поминале фер, а ДПА обвини дека се краделе гласови Двата изборни штаба на претседателските кандидати Зуди Џелили од ДПА и Гзим Острени од ДУИ се задоволни од постигнатите резултати во првиот круг од претседателските избори и сметаат дека ...

Во СДСМ се сигурни во победата на Црвенковски

Утрински - 16.04.2004

Во владејачката партија подготвуваат поинаков пристап до гласачите Ако слабиот одѕив произлегува од незадоволството од нашата политика, тогаш тоа е сериозен индикатор, рече Шекеринска ЖАКЛИНА ЃОРЃЕВИЌ Во СДСМ се сигурни во победата на претседателскиот кандидат на коалицијата ?За", Бранко ...

Рекордот на Кедев, историски за ВМРО-ДПМНЕ

Вест - 16.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ е "исклучително задоволна од исходот на првиот круг на претседателските избори, и од победата не дели само еден чекор - вториот изборен круг". Добивањето на над 310.000 гласови за нивниот кандидат Сашко Кедев е рекорд и историски момент за партијата од кои било изборни циклуси во ...

Граѓаните се презаситени од демагогија

Време - 16.04.2004

ОПАЃА ИНТЕРЕСОТ ЗА ГЛАСАЊЕ Александра М. Митевска Најмал одѕив на гласачите досега, албанското гласачко тело покажува оти не дозволува да го водат по тесните партиски патеки, стагнира рејтингот на најголемите политички партии - тоа се елементите што го окарактеризираа првиот круг од третите избори ...

Во Штип и Кочани гласови за Острени и Џелили

Вест - 16.04.2004

Според аналитиката на изборниот штаб на Бранко Црвенковски, кандидат за претседател на државата, кандидатите на ДУИ Г'зим Острени и на ДПА Зуди Џелили во источна Македонија ја добија довербата на 204 штипјани и 95 кочанчани. Во општините Штип и Кочани, според пописот во 2002 година, никој граѓанин ...

Црвенковски со втор најдобар резултат во претседателската историја

Вест - 16.04.2004

Кандидатот за претседател на државата на коалицијата "Заедно" Бранко Црвенковски победил во 30 од 34 поголеми општини, соопштија вчера во СДСМ. "Резултатот на Црвенковски е втор најдобар резултат за претседател на државата, по тој на Киро Глигоров, кој победи во прв круг", рече Радмила Шеќеринска, ...

Избори без победник и поразен

Утрински - 16.04.2004

Резултатите од првиот круг дочекани со оптимизам во сите четири изборни штаба Албанските гласачи во вториот круг не само што ќе треба ги решат изборите туку со одѕивот ќе треба и да ги спасуваат Соња Крамарска Избори без победник и поразен - така би можел да се нарече првиот круг од ...

Црвенковски задоволен од резултатот, но не и од одѕивот

Дневник - 16.04.2004

РЕАКЦИИ ОД СДСМ ЗА ПРВИОТ КРУГ Се уште е рано слабиот одѕив да се толкува како порака од граѓаните дека се незадоволни од кандидатите, велат во СДСМ На овие избори не излеговме за да бидеме против некого, туку за нашите визии за државата, заради што на 28 овој месец од истово место ќе ви се обрати ...

ДУИ тргнува во мотивација на електоратот за вториот круг

Утрински - 16.04.2004

Што добија, а што загубија партиите на Албанците по првиот изборен круг? На ДПА и останаа две опции, „принципиелен" бојкот на изборите, поради наводниот изборен фалсификат од страна на ДУИ, или поддршка на Сашко Кедев Борис Георгиевски Различниот успех на претседателските кандидати на ДУИ, Гзим ...

Во ВМРО-ДПМНЕ презадоволни од резултатот на Кедев

Утрински - 16.04.2004

Првични оцени на штабот на претседателскиот кандидат на опозицијата Изборниот резултат за Кедев е како вовед во конечната победа, бидејќи СДСМ го доби максимумот што може да го добие Сашко Димевски Изборниот штаб на претседателскиот кандидат Сашко Кедев е исклучително задоволен од постигнатиот ...

Кедев тврди дека неговиот противкандидат е готов

Дневник - 16.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ ќе побара во вториот изборен круг да има поголем број меѓународни посматрачи Бранко Црвенковски е готов и во вториот круг имаме шанса засекогаш да го отстраниме ова деструктивно лице кое го растура македонскиот народ, порача Сашко Кедев по првиот круг на претседателските ...

Црвенковски и Кедев ветија победа

Утрински - 16.04.2004

Државната изборна комисија ги објави прелиминарните официјални резултати од првиот круг за претседател Бранко Црвенковски има предност од 76.169 гласа во однос на неговиот конкурент Сашко Кедев, со кого ќе се натпреварува за претседателската функција во вториот изборен круг што ќе се одржи на 28 ...

Гласачите Албанци покажаа висока зрелост

Утрински - 16.04.2004

ДУИ по победата на Острени врз Џелили ТЕТОВО - Според податоците со кои располагаме, а тие се 95 отсто обработени во партискиот штаб на ДУИ, од припадниците на албанската етничка заедница во Македонија гласале 207.827. На кандидатот Гзим Острени довербата му ја дале 134.533, што претставува 64,73 ...

Кедев постигна рекорд

Време - 16.04.2004

ВМРО-ДПМНЕ Освоените 310.000 гласа на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, се рекорд во историјата на оваа партија во однос на сите резултати забележани во досегашните изборни циклуси. Тоа е оценката што Ганка Самоиловска-Цветанова, потпретседателка на партијата и шеф на изборниот ...

Црвенковски пред Кедев за 75.552 гласа

Дневник - 16.04.2004

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Гзим Острени води пред Зуди Џелили за 55.779 гласа За Бранко Црвенковски, претседателскиот кандидат на СДСМ, гласале 385.300 или 42,49 отсто од гласачите; за Сашко Кедев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 309.748 или 34,09 отсто; за Гзим Острени, кандидат на ДУИ - 134.048 или 14,78 ...

ДИК нема приговори за повреда на гласањето

Време - 16.04.2004

ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ Претседателските кандидати од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски со 385.300 гласа и Сашко Кедев со 309.131 глас влегуваат во вториот изборен круг, покажуваат првичните резултати на Државната изборна комисија.

Црвенковски ќе агитира за поголем одѕив во вториот круг

Време - 16.04.2004

ВО СДСМ ЗАДОВОЛНИ ОД ИЗБОРНИОТ РЕЗУЛТАТ Задоволни сме од изборниот резултат, но не и од одѕивот на гласачите. Со цел да се зголеми одѕивот во вториот изборен круг, претседателскиот кандидат на СДСМ во наредните денови ќе се обиде преку непосредни средби да им објасни на граѓаните зошто на ...

Цвенкоски победи во големите градови, Кедев во помалите места

Утрински - 16.04.2004

Кандидатите на СДСМ и на ВМРО -ДПМНЕ воделе изедначена борба во Штип, Велес и во Битола Во некои населени места граѓаните ги бојкотирале изборите незадоволни од нерешените комунални проблеми ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ Кандидатот на СДСМ, Бранко Црвенковски, победи во големите градови, а на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко ...

Пораз на Бранко би бил срам за Владата

Време - 16.04.2004

СВЕТСКИОТ ПЕЧАТ ЗА ИЗБОРИТЕ Македонскиот премиер Бранко Црвенковски и „малку познатиот опозициски кандидат“ Сашко Кедев, очекувано влегоа во вториот круг од претседателските избори, пишуваат светските медиуми. Тие главно истакнуваат дека одѕивот на граѓаните бил неочекувано низок и главно се ...

Истрели и албански знамиња присутни на славењето на ДУИ и ДПА

А1 - 15.04.2004

Истрели, албански знамиња, сирени од автомобили, така прославуваа приврзаниците на двајцата кандидати кои испаднаа од претседателските избори. Во Тетово на градскиот плоштад над илјада и двесте симпатизари на последниот 4-то пласиран Зуди Џелили од ДПА испукаа стотици куршуми во воздух ...

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати

А1 - 15.04.2004

На првиот круг на вонредните претседателски избори, најмногу гласови според првичните резултати на државната изборна комисија освоил Црвенковски, по него е Кедев, трет Острени, па Џелили. Од вкупно обработени 99,75% од запишаните избирачи, претседателските кандидати освоиле: Црвенковски води во 24, ...

СДСМ задоволни од резултатот на Црвенковски

А1 - 15.04.2004

385-те илјади гласови за Црвенковски и разликата од над 77.000 гласа со второпласираниот Кедев се резултат од кој социјалдемократите се задоволни. „Резултатот на Бранко Црвенковски е втор најдобар резултат за било кој претседателски кандидат во првиот круг на претседателски избори, по резултатот на ...

ДУИ и ДПА поединично ја славеа својата победа

А1 - 15.04.2004

Двете најголеми албански политички партии владеачката ДУИ и опозиционата ДПА вчера, денот на претседателските избори ја славеа секој поединечно својата победа. Денеска, ДУИ соопшти дека Острени води пред Џелили со 61.239 гласа.

Кедев со рекорд на освоени гласови за ВМРО ДПМНЕ

А1 - 15.04.2004

Изборниот штаб на претседателскиот кандидат Сашко Кедев денеска изрази задоволство од освоените 310.000 гласови во првиот круг од изборите и постигнатиот резултат го прогласи за рекорд во историјата на ВМРО ДПМНЕ во однос на предходните избори.

Џелили не очекува инциденти

Вест - 15.04.2004

"Сметам дека овие избори треба да бидат фер и коректни, за да придонесат за развој на демократските процеси во Македонија и за подобра иднина на граѓаните", изјави вчера Зуди Џелили, претседателски кандидат на ДПА. Џелили нема информации дека гласањето имало некакви проблеми.

Добар изборен ден во Македонија

Дневник - 15.04.2004

ПРВ КРУГ ОД ВОНРЕДНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ Партиските штабови навестија дека очекуваат одѕив на избирачите од околу 60 отсто Во мирна и свечена атмосфера, без поголеми инциденти, вчера во Македонија се одржа првиот круг од вонредните претседателски избори.

Црвенковски и Кедев одат во вториот круг

Утрински - 15.04.2004

Вчера се одржа прв круг гласање за нов претседател на Македонија Бранко Црвенковски и Сашко Кедев обезбедија пласман во вториот изборен круг на вонредните претседателски избори, а по две недели, на 28 април, ќе си ги одмерат силите пред македонскиот електорат за да ја освојат престижната државна ...

Верувам во победата на Кедев

Време - 15.04.2004

НИКОЛА ГРУЕВСКИ, ВОДАЧ НА ВМРО-ДПМНЕ Очекувам дека власта ќе спроведе фер и демократски избори, најмалку колку што беа оние во 2002 година, кои според сите анализи и оцени беа организирани совршено. Изборите се како народната поговорка „Што ќе посееш, тоа ќе пожнееш“.

Важно е да биде фер и коректно

Дневник - 15.04.2004

Овие избори треба да бидат фер и коректни за да придонесат за развој на демократските процеси во Македонија и за подобра иднина на граѓаните, изјави Зуди Џелили, претседателскиот кандидат на Демократската партија на Албанците, кој вчера гласаше во Гостивар.

Во СДСМ владееше славеничка атмосфера

Утрински - 15.04.2004

Резултатите од изборите се следеа на видеобим Во големата сала на прес-центарот во штабот на претседателскиот кандидат Црвенковски доцна синоќа, по добивањето на првичните резултати, владееше славеничка атмосфера. Повеќе членови и симпатизери на партијата, како и гости од коалицискиот партнер ЛДП и ...

Кедев со цвеќиња и скандирања

Вест - 15.04.2004

"Очекувам успешни избори и дека сите повици за апстиненција и бојкот ќе бидат неуспешни. Очекувам континуитет на демократската процедура", изјави Сашко Кедев, кандидат за претседател на државата на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП. Кедев очекува дека народот ќе го избере својот иден претседател.

Политичарите посакаа фер и демократски избори и масовен одѕив

Утрински - 15.04.2004

Претседателските кандидати и лидерите на политички партии вчера го остварија своето граѓанско право Претседателските кандидати и лидерите на политичките партии во државава посакаа одржување мирни и демократски избори и масовен одѕив на граѓаните.

Црвенковски во скромно водство пред Кедев

Дневник - 15.04.2004

неофициЈални резултати по ПРВиот КРУГ ОД ВОНРЕДНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВМРО-ДПМНЕ оцени дека имало многу нерегуларности, а СДСМ возврати дека изборите биле европски Бранко Црвенковски води пред Сашко Кедев за околу 60.000 гласа по првиот круг од вонредните претседателски избори и тие двајцата ...

Црвенковски со 60 илјади гласа пред Кедев

Време - 15.04.2004

СПОРЕД ШТАБОТ НА СДСМ Бранко Црвенковски, претседателскиот кандидат на коалицијата „Заедно“, со околу 60 илјади гласа води пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, според првичните резултати од штабот на СДСМ. Според резултатите, од 2.225 од вкупно 2.973 избирачки места, со кои СДСМ располагаше ...

ДПА со пукотници славеше во Тетово иако загуби од ДУИ

Утрински - 15.04.2004

Повеќе од илјада симпатизери на партијата на Џафери синоќа се собраа пред партиското седиште Тачи: Демократската унија за интеграции ги фалсификуваше изборите Повеќе од илјада симпатизери на Демократската партија на Албанците синоќа на Градскиот плоштад, пред седиштето на партијата во Тетово, со ...

Праведни избори за подобра иднина

Време - 15.04.2004

ЗУДИ ЏЕЛИЛИ Сакам овие избори да бидат фер и коректни и да придонесат за развој на демократските процеси во Македонија - изјави Зуди Џелили, претседателски кандидат на ДПА. Тој гласаше во Гостивар. Според Џелили, само фер и коректни избори ќе овозможат подобра иднина за сите ...

И ДУИ и ДПА вчера прогласија победа на своите кандидати

Време - 15.04.2004

ПО ПРВИЧНОТО БРОЕЊЕ Демократската унија за интеграција вчера околу 22 часот го затвори својот изборен штаб и соопшти дека нејзиниот кандидат, Гзим Острени, освоил 105.000 гласа, наспроти 49.000-те гласа на кандидатот на Демократската партија на Албанците, Зиди Џелили.

Кедев објави победа

Време - 15.04.2004

ИЗБОРЕН ШТАБ НА ВМРО-ДПМНЕ Македонија му кажа „не“ на Бранко Црвенковски, кој оваа вечер е делегитимиран. Тоа беше дел од оптимистичката изјава што портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, во еуфорична атмосфера, ја даде синоќа по обработка на 79 отсто од гласовите.

Очекувам успешни избори

Дневник - 15.04.2004

гласаа претседателските кандидати Очекувам дека ќе имаме успешни избори и дека сите повици за апстиненција и бојкот ќе бидат неуспешни. Со тоа ќе се докаже дека основен приоритет е да имаме континуитет во фер и демократска процедура на сите избори што досега се одржувале во Македонија.

Црвенковски пред Кедев, двајцата во вториот круг

Време - 15.04.2004

ИЗБОРНИТЕ ШТАБОВИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ НА ПОЛНОЌ ГИ ИЗБРОИЈА ...

Острени гласаше во Дебар

Вест - 15.04.2004

Кандидатот на ДУИ и ПДП Г'зим Острени со сопругата Вебие гласаше во Дебар. "Овие избори се многу значајни за Македонија, нивното успешно завршување е мошне битно, бидејќи на земјата и е потребен претседател", изјави Г'зим Острени, кандидат за шеф на државата на ДУИ и ПДП.

Масовното гласање - основа за стабилна Македонија

Дневник - 15.04.2004

Овие избори се значајни за Македонија и многу е битно успешно да завршат бидејќи на земјата и е потребен претседател, изјави Гзим Острени, кандидат на ДУИ, по гласањето во Дебар. - Граѓаните се свесни дека успешните избори се основа за продолжување на досегашните активности за мирна, стабилна и ...

Најважно е да успеат изборите

Време - 15.04.2004

ГЗИМ ОСТРЕНИ Претседателскиот кандидат на ДУИ Гзим Острени вчера гласаше во родниот Дебар. - За Македонија е најважно изборите да завршат успешно, затоа што на Македонија и треба претседател. Мислам дека сите граѓани ќе се согласат дека треба да излезат и мирно без проблеми да ја извршат својата ...

Очекувам успешни избори

Време - 15.04.2004

САШКО КЕДЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ Очекувам дека ќе имаме успешни избори и дека сите повици за апстиненција и бојкот на изборите ќе бидат неуспешни. Со тоа ќе докажеме дека основен приоритет на овие избори е да се има фер и демократска процедура.

ВМРО-ДПМНЕ обвини за повеќе изборни нерегуларности

Утрински - 15.04.2004

Во штабот на Сашко Кедев задоволни од резултатите Изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, обвини вчеравечер за бројни неправилности што се случиле за време на гласањето. Како најсериозен е посочен инцидентот што вчера попладне се случил во избирачко место во ...

Црвенковски ја објави својата победа

А1 - 14.04.2004

Претседателскиот кандидат на коалицијата „За Македонија заедно“, Бранко Црвенковски вечерва ја објави својата победа во првиот круг на претседателските избори. „Има луѓе кои сакаат да слават свои порази, ние славиме наши победи.

Во ДУИ велат дека нивниот кандидат е во предност

А1 - 14.04.2004

На прес-конференцијата на ДУИ што се одржа околу 22 часот истакнаа дека нивниот кандидат Гзим Острени бил во предност пред нивниот против кандидат од ДПА Зуди Џелили. За Острени се пребројани 105.233 гласа наспроти гласовите на Џелили кои изнесуваат 49.122.

Кедев задоволен најавува победа во вториот круг

А1 - 14.04.2004

„Готов е, сигурно е готов“, беа зборовите со кои вечерва се обрати претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев задоволен од добиените резултатите и истакна дека првото полувреме не е изгубено, а претстои и второ во кое сигурно ќе однесе победа.

ДПА задоволна од изборните резултати

А1 - 14.04.2004

Потпретседателот на ДПА Мендух Тачи на вечерашната прес-конференција во Тетово, соопшти дека оваа партија е задоволна од постигнатиот резулатат на денешниот прв круг од претседателските избори. Тачи рече дека ваквиот став е базиран на фактот дека ДПА на изборите настапила самостојно, за разлика од ...

Граѓaните на Македонија избираат претседател

А1 - 14.04.2004

Граѓаните на Република Македонија со право на глас денеска гласаат за избор на претседател на државата. На 2.973 гласачки места својот глас за четворицата предложени кандидати ќе можат да го дадат 1.695.103 граѓани запишани во Единствениот избирачки список.

Џелили во Гостивар, Црвенковски во Капиштец, Острени во Дебар, Кедев во Козле

Време - 14.04.2004

КАДЕ ЌЕ ГЛАСААТ КАНДИДАТИТЕ Скопје, Гостивар и Дебар се градовите во кои денеска ќе гласаат четворицата кандидати за претседател на државата. Избирачкото место на кандидатот на СДСМ, Бранко Црвенковски, е во скопската населба Капиштец, во близина на стариот трговски центар.

Македонија избира шеф на државата

Време - 14.04.2004

ТРЕТИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ Диана Младеновска Граѓаните на Македонија денеска од 7 до 19 часот на 2.973 избирачки места во земјава ќе можат да го искористат своето право на глас на третите по ред непосредни избори за претседател на државата.

Граѓаните на Македонија денеска гласаат за претседател

Утрински - 14.04.2004

Избирачите треба да се определат меѓу четворица кандидати за шеф на државата: Џелили, Црвенковски, Острени и Кедев Граѓаните на Македонија денеска гласаат за нов претседател. Во првиот круг на овие вонредни претседателски избори, кои прв пат се одржуваат во среда, наместо во недела како што беше ...

Џелили својата кампања ја заврши во Тетово

А1 - 12.04.2004

Треба да ги поразиме комунистите кои не оттргнуваат од нашиот пат со цел да не спречат обединети како народ да не спречат да влеземе во Европа. Албанците со својот глас треба да го одбранат концептот кој го одбранува нивниот национален идентитет.

Кедев: Време е да го смениме ланецот на неуспех

А1 - 12.04.2004

Доволно беше од потценувања и понижување на македонскиот народ, време е еднаш засекогаш да го смениме ланецот на неуспех, кој што го наметнаа неуспешните луѓето кој се претсавуваат како искусни, порача претседатеслкиот канидат на ВМРО ДПМНЕ Сашко Кедев од вечерашниот завршен митинг во Скопје.

Рамковниот договор, главна поента на ДУИ и ДПА

А1 - 12.04.2004

Главната поента на ДУИ и ДПА на 12-дневната кампања пред гласањето за претседател на Македонија беше Рамковниот договор, дали се спроведува и дали тој е патот на Албанците до рамноправност. Двете партии со дијаметрално спротиставени позиции.

Како Црвенковски и Кедев ја водеа предизборната кампања

А1 - 12.04.2004

Во 14-те дена предизборна кампања, Црвенковски ги употреби да ги убеди граѓаните дека за водечката државна функција е неопходно неговото политичко искуство. Кедев го тврдеше спротивното, на Македонија и е потребно неговото ново лице.

Дојде времето да дадеме претседател, порача Острени на завршниот митинг

А1 - 12.04.2004

Дојде времето и ние да дадеме претседател кои ќе владее со државата по европски терк, вака вечерва пред платото на МНТ во Скопје на присутните им се обрати претседателскиот кандидат на ДУИ и ПДП Г’зим Острени. Да се залагаме за Македонија во Европа без визи рече тој.