TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Зоран Живковиќ ќе го замени Ѓинѓиќ

А1 - 16.03.2003

Главниот одбор на Демократската партија на убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, на денешната вонредна седница, ја усвои одлуката, со еден глас против, до наредните општи избори партијата да ја застапува досегашниот заменик-претседател на партијата Зоран Живковиќ.

Нови сознанија за убијците на Ѓинѓиќ

А1 - 15.03.2003

Министерот за внатрешни работи на Србија Душан Михајловиќ синоќа за телевизијата „Студио Бе“ изјави дека знае кои се извршителите и нарачателите на убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ. „Имаме докази и изјави од уапсените, кои го потврдуваат она што го изјавија и другите членови на злосторничката ...

Во Белград погребан српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ

А1 - 15.03.2003

Во Алејата на великаните на гробиштата во Белград попладнево со високи државни и воени почести беше погребан српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, кој беше убиен во средата пред зградата на Владата на Србија. Претходно посмртните останки на претседателот на српската Влада беа изложени во храмот „Свети ...

Босанската полиција трага по еден од убијците на Ѓинѓиќ

А1 - 15.03.2003

Припадниците на државната гранична служба на БиХ и на федералнта полиција, во средата на сараевскиот аеродром трагале по Б.К. еден од убијците на Ѓинѓиќ. Но е утврдено дека во БиХ не стигнал, барем не од дописот кој од српската полиција стигнал до босанскиот Интерпол, пишува денеска весникот ...

КОГА ХАРИ МЕ СРЕТНА МЕНЕ

Вест - 15.03.2003

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Билјана Секуловска БРАНКО ТЕРА НОЌНА ШЕМА , БОРИС ДНЕВНА. НИЕ- УЛИЧНА Убиството на Ѓинѓиќ освен што покажа дека демократијата уште долго нема намера да живее тука, покажа и друго. Дека македонскиот Премиер се појави со реакција за убиството.

Србија се простува од Ѓинѓиќ

Вест - 15.03.2003

СРПСКИОТ ПРЕМИЕР ЌЕ БИДЕ ЗАКОПАН ВО АЛЕЈАТА НА ВЕЛИКАНИТЕ Белграѓани и натаму се собираат пред зградата на српската влада и оставаат букети цвеќиња и палат свеќи на местото каде што Ѓинѓиќ беше убиен додека излегуваше од својот автомобил.

Црвенковски ќе присуствува на погребот на Ѓинѓиќ

Утрински - 15.03.2003

НАЈАВА Скопје - Македонска делегација, предводена од претседателот на Владата, Бранко Црвенковски, ќе присуствува на погребната церемонија на трагично загинатиот премиер на Србија, Зоран Ѓинѓиќ, што ќе се одржи денеска во Белград, соопшти Агенцијата за ...

Соработката со Хаг - можна причина за убиството

Утрински - 15.03.2003

Изјава Официјалните лица во Белград подвлекуваат дека тврдокорните националисти биле разгневени од подготвеноста на Зоран Ѓинѓиќ да соработува со Хашкиот трибунал и да ги исполнува меѓународните барања да се казнат оние со нечисто минато во војните на Балканот и дека тоа, исто така, може да биде ...

Македонските криминалци се во секојдневна врска со земунскиот клан

Утрински - 15.03.2003

МВР потврдува дека постои поврзаност меѓу подземјата на релација Белград - Скопје КОСТА ПОПОВСКИ- ГОРАН НАУМОВСКИ Криминалците од Македонија тесно соработуваат со земунската мафија која е посочена како подготвувач и извршител на атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Полицијата нема трага од главните луѓе на земунскиот клан

Утрински - 15.03.2003

Од нашиот известувач ДИМИТАР ЧУЛЕВ Белград - Полициски и жандармериски сили вчера напладне ја опколија куќата - луксузна повеќекатница на Шилерова улица во Земун, лична резиденција на Душан Спасоевиќ - Шиптар, еден од главнообвинетите за атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Еден месец пред да биде убиен, Ѓинѓиќ најави чистка

Дневник - 15.03.2003

Ѓинѓиќ, еден месец пред да биде убиен, беше обвинет дека го штити Легија и "црвените баретки" во нивните нелегални бизниси. Во јануари 2003 година беше разнесен магацинот на компанијата "Дифенс роуд", сопственост на контроверзниот бизнисмен Љубиша Буха.

Да ги скинеме опашките на нашето заедничко наследство

Дневник - 15.03.2003

Интервју - Јован Донев, директор на ЕВРОБАЛКАН Јован Донев, авторот на книгата "Орелот над Балканот", ја завршува книгата со прашањето: може ли регионов да стане зона на стабилност и соработка. Донев во книгата заклучува дека "Балканот е навистина мал за да се дели на европски и балкански".

Последна прошетка на Ѓинѓиќ по белградските улици

Дневник - 15.03.2003

Убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ денеска во 14 часот ќе биде погребан во алејата на великаните во новите белградски гробишта. Во белградскиот храм Свети Сава претходно ќе биде одржан помен, на кој ќе чиноначалствува српскиот патријарх Павле.

И Цеца зад решетки

Дневник - 15.03.2003

ПО УБИСТВОТО НА ЃИНЃИЌ Фолк-ѕвездата Цеца, поранешниот шеф на српската Служба за државна безбедност Јовица Станишиќ и поранешниот шеф на "црвените баретки" Франко Симатовиќ - Френки се меѓу 56-те лица што се притворени по убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Црвенковски утре на погребот на Ѓинѓиќ

А1 - 14.03.2003

Македонска делегација предводена од премиерот Бранко Црвенковски ќе присуствува на погребната церемонија на трагично загинатиот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ што треба да се одржи утре во Белград. Ѓинѓиќ (50) беше убиен пред два дена од напаѓачи кои поставија заседа пред комплексот згради на српската ...

Дел Понте ќе присуствува на погребот на Ѓинѓиќ

А1 - 14.03.2003

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Карла Дел Понте утре ќе допатува во Белград за да присуствува на погребот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Дел Понте во средата, веднаш по атентатот, изјави дека е во шок поради убиството на Ѓинѓиќ, чија смрт ја оцени како „голема загуба“.

Српската полиција упадна во куќи на „Земунскиот клан“

А1 - 14.03.2003

Српската полиција денеска упадна во домовите на Душан Спасојевиќ и Миле Луковиќ, кои Владата ги именува како лидери на групата „Земунски клан“, осомничена за атентатот врз српскиот премиер Соран Ѓинѓиќ, објавија српските медиуми.

Босовите на најјаката српска мафија

Вест - 14.03.2003

Според сознанијата на полицијата, во српскиот главен град постојат најмногу мафијашки кланови. Тие информации кажуваат дека во Белград постојат 13 организирани кримнални групи, а лидерска позиција имаат Земунскиот и Сурчинскиот клан.

Погребот закажан за в сабота

Вест - 14.03.2003

Српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ ќе биде погребан в сабота, во 14 часот, во Алејата на великаните на белградските нови гробишта. Истиот ден, во храмот "Св. Сава" ќе биде одржано опело во чест на покојниот ...

Полицијата ги знае убијците на Ѓинѓиќ

Вест - 14.03.2003

ЗЕМУНСКИОТ КЛАН АТЕНТАТОР НА СРПСКИОТ ПРЕМИЕР Српската полција веќе привела неколку лица, членови на криминалната група т.н "земунски кланови" како главни осомничени за учество во атентатаот на српскиот премиер. Меѓу 20-те осомничени се ...

Ранетиот телохранител на Ѓинѓиќ закрепнува

Вест - 14.03.2003

Состојбата на ранетиот телохранител на српскиот премиер Милан Веруловиќ е стабилна и тој се наоѓа надвор од животна опасност, јавуваат лекарите од белградскиот Ургентен ...

Државниот врв се чува повнимателно, но без нови телохранители

Утрински - 14.03.2003

По убиството на српскиот премиер, МВР спроведува поголема будност во заштитата на функционерите Сашко Димевски Македонските државни функционери и објектите од витално значење, по завчерашното убиство на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, имаат засилено физичко обезбедување, но тоа не се однесува на ...

Црвенковски: Насилнички акт против стабилноста на регионот

Утрински - 14.03.2003

Изјава Претседателот на македонската Влада, Бранко Црвенковски, изрази искрено жалење во свое и во име на македонските граѓани поради убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. "Атентатот на Ѓинѓиќ е насилнички акт насочен против демократијата и против стабилизацијата на регионот", истакна ...

Атентатот е кулминација на кругот на убивање

Утрински - 14.03.2003

Криминалот кој десет години ја потресува Србија го доведе општеството пред хаос Драган Николиќ Според првите коментари на српските аналитичари, убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ е кулминација на "трендот на убивање", кој десет години ја потресува Србија.

Голем лов на мафијашите во Србија

Утрински - 14.03.2003

Од нашиот известувач ДИМИТАР ЧУЛЕВ БЕЛГРАД - Србија вчера се разбуди шокирана од убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, а полицијата почна голем лов по припадниците на озлогласените криминални групи, главни осомничени за убиството на претседателот на владата.

Ѓинѓиќ бил мртов пред да падне на земја

Утрински - 14.03.2003

ТВРДЕЊЕ БЕЛГРАД - "Зоран Ѓинѓиќ бил мртов пред да падне на земјата", објави "Данас" и додава дека, според лекарската екипа, неговото срце било разнесено, бидејќи влезната рана во десната комора на срцето била со големина шест на два сантиметри, а излезната четири на еден сантиметар.

ВМРО-ДПМНЕ изрази сочувство за убиството на Ѓинѓиќ

Утрински - 14.03.2003

Жалење Скопје - ВМРО-ДПМНЕ изразува најдлабоко жалење по повод атентатот врз претседателот на српската влада, Зоран Ѓинѓиќ. Според партијата, атентатот на Ѓинѓиќ е "кукавички чин директно насочен против легитимно избраната власт на една суверена држава и против нејзината натамошна ...

Убиството на Ѓинѓиќ е очајнички обид за дестабилизација на регионот

Утрински - 14.03.2003

Д-р Љубомир Фрчковски, професор на Правниот факултет за реперкусиите на последните атентати врз регионалната стабилност Гордана Дувњак Имам впечаток дека како која од државите, кои се клучни на линијата север -југ, како и за стабилноста на Западен Балкан, а тоа се, пред сў, Македонија и Србија, кои ...

Земунскиот клан обвинет за убиството на Ѓинѓиќ

Дневник - 14.03.2003

ПО АТЕНТАТОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА БЕЛГРАД Прв меѓу дваесетте осомничени е Милорад Луковиќ - Легија, поранешниот шеф на специјалниот полициски одред "Црвени баретки" Мафијашката група Земунски клан, предводена од поранешниот шеф на полициските специјалци Милорад Луковиќ - Легија и од неговиот кум Душан ...

Ни непробоен елек не можел да го спаси Ѓинѓиќ

Дневник - 14.03.2003

СПОРЕД БЕЛГРАДСКИТЕ ВЕСНИЦИ Атентатот врз премиерот Зоран Ѓинѓиќ бил професионално организиран и ниту панцирен елек не можел да го спаси премиерот од снајперските истрели со специјална муниција од мало растојание, пишуваат белградските весници.

Мафијата ќе погодува се додека другите промашуваат

Дневник - 14.03.2003

Коментар - Митко Билјаноски "Ме повлече. Не сум се замислувал како некој што се занимава со политика. Политиката е како дрога. По одредена доза, повеќе нема граница, ве држи под тензија. По природа сум борец, сакам да победувам.

Металопластика - Вардар В. одложено по атентатот врз Ѓинѓиќ

Дневник - 14.03.2003

ВЕСТИ * Мечот од МЕХЛ-лигата меѓу Металопластика и Вардар В., кој требаше да се одигра во средата во Шабац, е одложен поради воведувањето вонредна состојба во Србија, по убиството на Зоран Ѓинѓиќ, премиерот на државата. Терминот на одигрување на мечот ќе биде дополнително утврден.

„Земунскиот клан“ имал интереси и во Македонија

А1 - 13.03.2003

„Земунскиот клан“, осомничен за атентатот врз српскиот премиер Ѓинѓиќ, имал интереси и во Македонија. Тие соработувале со македонското подземје изминативе години, а покрај тоа имале и легални бизниси со фирми во Македонија, тврдат за А1 добро информирани извори.

Српскиот парламент со едноминутен молк оддаде почит на Ѓинѓиќ

А1 - 13.03.2003

Српскиот парламент денеска со едноминутен молк му оддаде признание на премиерот Зоран Ѓинѓиќ. На вонредната седница, пратениците беа запознаени и со воведувањето вонредна состојба, што уследи по атентатот на српскиот премиер.

Трајковски испрати телеграма со сочувство по повод атентатот врз Ѓинѓиќ

А1 - 13.03.2003

Претседателот Борис Трајковски денеска испрати телеграма со сочувство по повод атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, подвлекувајќи дека атентатот претставува атак врз демократските процеси во Србија. „Овој безумен акт ќе не обедини и дополнително ќе не мотивира да му застанеме на патот на ...

Косовскиот „Нелсон Мандела“ жали за Ѓинѓиќ

А1 - 13.03.2003

Убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ е подеднакво загуба и за Србите и за Албанците, бидејќи тој ја разбираше реалноста на овој нестабилен простор, изјави косовскиот политичар Адем Демаќи. „Ние од Ѓинѓиќ не баравме ништо, меѓутоа имавме високо мислење за него“, ја печати денешен „Коха Диторе“ ...

Приведени 56 осомничени за атентатот врз Ѓинѓиќ

А1 - 13.03.2003

Српската полиција во изминатите 24 часа приведе 56 лица осомничени за учество во атентатот врз премиерот Зоран Ѓинѓиќ, соопшти денеска шефот на белградската полиција Милан Обрадовиќ. По водачите на „Земунскиот клан“, Милорад Луковиќ - Легија, Душан Спасојевиќ - Шиптар и Миле Луковиќ - Кум, ...

Убиен Зоран Ѓинѓиќ

Вест - 13.03.2003

АТЕНТАТ НА СРПСКИОТ ПРЕМИЕР ВО БЕЛГРАД Во атентатот, што се случил околу 12.45 часот пред зградата на српската влада во Белград, премиерот, Ѓинѓиќ бил погоден во стомакот и грбот, а се претпоставува дека врз него е пукано од снјапер БЕЛГРАД, 13 март (АП) - Српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ (50 г.

Убиството на Ѓинѓиќ е класичен терористички чин

Утрински - 13.03.2003

Македонска Влада "Очигледно дека станува збор за класичен терористички чин, без оглед на тоа кои се мотивите, односно дали е политички или криминално мотивиран атентат. Македонската Влада најостро го осудува овој терористички акт и се надева дека властите во Белград ќе ги пронајдат атентаторите врз ...

Ѓинѓиќ ја загуби битката со подземјето

Утрински - 13.03.2003

Каде се корените за атентатот што вчера беше извршен во центарот на Белград Драган Николиќ >„Политичарите во Србија ги загрозува мала, но многу моќна група организирани криминалци од типот на Милорад Луковиќ-Легија (поранешен командант на "Црвените баретки").

Застрелан премиерот Зоран Ѓинѓиќ, вонредна состојба во Србија

Дневник - 13.03.2003

ВО СНАЈПЕРСКИ НАПАД среде бел ден ВО БЕЛГРАД Владата вчера попладне од Парламентот побара да воведе вонредна состојба во земјата - вицепремиерот Небојша Човиќ е назначен за вршител на премиерската должност Српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ вчера е убиен со истрели од огнено оружје во дворот на Владата ...

Атентатот на Ѓинѓиќ класичен терористички чин за македонската влада

А1 - 12.03.2003

Премиерот Бранко Црвенковски од името на Владата и граѓаните на Македонија упати телеграма со сочувство до Владата на Република Србија по повод атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. „Згрозен од запрепастувачката вест за грозоморното убиство на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, во мое и и во име ...

Убиен во атентат српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ

А1 - 12.03.2003

Српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ (50) им подлегна на повредите во 13.30 часот како последица на раните здобиени во атентатот извршен врз него во 12.25 часот пред зградата на Владата на Србија, во центарот на Белград, соопшти српската Влада по вонредната седница.

„Земунскиот клан“ обвинет за атентатот на Ѓинѓиќ

А1 - 12.03.2003

Убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ е сторено за да се прекине намерата во текот на денот да се уапсат главните личности на „Земунскиот клан“, кој се поврзува со името на Милорад Луковиќ - Легија, некогашен командант на полициската единица „Црвени баретки“, соопшти српската влада.

Најостри осуди за атентатот на Ѓинѓиќ

А1 - 12.03.2003

Убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ наиде на најостри осуди, со пораки дека атентатот треба детално да се испита и виновниците што побрзо да бидат осудени. „Првиот збор што ми паѓа на памет е страшно. Самиот факт дека не ни се случува првпат политичко насилство е ужасно предупредување колку ...

Вонредна состојба и тридневна жалост во Србија

А1 - 12.03.2003

Вонредна состојба е воведена вечерва во Србија по атентатот врз премиерот Зоран Ѓинѓиќ. Указот за воведување вонредна состојба пред телевизиските камери го потпиша вршителот на должноста Претседател, Наташа Мичиќ. Таа ги повика силите за безбедност, војската и полицијата, како и политичките партии ...