TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Предавања во пет квадратни метри

Време - 26.07.2008

Во Македонија дел од приватните високообразовни институции, иако се претставуваат како висококвалитетни универзитети, освен што немаат соодветни кадри, едвај го исполнуваат и законскиот минимум во однос на просториите што ги нудат за студирање.

Студентите да отворат очи каде се запишуваат

Време - 25.07.2008

Министерството за образование им препорачува на идните студенти, кои се во фаза на запишување на приватните универзитети, да отворат очи пред да го направат својот избор каде да се запишат.

Агенција за евалуација ќе ги проверува универзитетите

А1 - 24.07.2008

Агенцијата за евалуација на Министерството за образование од септември ќе ги чешла високообразовните институции. Иако акредитирани, некои приватни универзитети можат да ја изгубат лиценцата за работа доколку не ги исполнуваат законските услови.

Универзитетот ЕСРА е регистриран како трговско друштво

А1 - 24.07.2008

Регистрирано трговско друштво, а дава универзитетски услуги. Европската филмска академија ЕСРА запишува студенти и ветува дипломи, а работи на работ од законот. Приватните универзитети законски се обврзани на својот печат да го имаат грбот на РМ, а ЕСРА има печат само на трговско друштво.

Дел од универзитетите без соодветен кадар

А1 - 24.07.2008

Каков кадар предава во дел од приватните високообразовни институции? Професори кои докторирале во една научна област, предаваат предмети сосема различни од нивната стручност. Некои имаат несоодветно образование, а има и случаи како предавачи се јавуваат и кадри со средно образование.

Средношколци предаваат како професори

Време - 24.07.2008

Во дел од приватните високообразовни институции во Македонија, кои се претставуваат за висококвалитетни универзитети, наставата ја држат професори со несоодветно образование, па дури има и случаи каде што како професори се појавуваат луѓе со завршено само средно образование.

Трговска фирма си игра француски универзитет

Време - 23.07.2008

Во Македонија се регистрирани повеќе случаи кога приватни фирми се претставуваат како високообразовни институции, иако за тоа ги немаат потребните дозволи. Тие ги ставаат во заблуда студентите дека ќе добијат признаени дипломи, а кога тие ќе го откријат тоа, обично е доцна.

Во подготовка новиот универзитет по информатика

Канал5 - 22.07.2008

Наголемо се подготвува стартот на петтиот државен универзитет по информатика. Во првата академска година на 3 те факултети и 2 та института предвидено е да се запишат не повеќе од 100 студенти. За сега уште се бара соодветен простор за отпочнување со настава.

А1: ЕСРА - трговско друштво, а работи како Универзитет

Нетпрес - 22.07.2008

Регистрирано трговско друштво, а дава универзитетски услуги. Европската филмска академија ЕСРА запишува студенти и ветува дипломи, а работи на работ од законот. Приватните универзитети законски се обврзани на својот печат да го имаат грбот на РМ, а ЕСРА има печат само на трговско друштво.