TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ирачката декларација за оружјето на разгледување

А1 - 08.12.2002

Инспекторите за оружје на Обединетите Нации потврдија дека Ирак ја предаде Декларацијата за оружјето кое го поседува, според барањето на Советот за безбедност. Во листата се содржани и плановите за производство на оружје, како и имињата на фирмите кои биле ангажирани на технички и научен план.

Инспекторите на "готовс" го чекаат списокот на Ирак

Утрински - 07.12.2002

Багдад ја составува листата на програмите за оружје Списокот, што се очекува да биде на неколку илјади страници, ќе претставува основа за да се проценат прекршувањата БАГДАД/ВАШИНГТОН - Инспекторите на ОН за вооружување, притиснати меѓу барањата на американските и на ирачките лидери, вчера паузираа ...

Пауза на инспекциите во Ирак

А1 - 06.12.2002

Инспекторите на Обединетите Нации во Ирак поради муслиманскиот празник Рамазан ги прекинаа контролите до сабота. Водачите на двата тима оваа пауза ќе ја искористат за да испратат извештај до централите во Њујорк и Виена. Ирачкиот претседател Садам Хусеин изјави дека на иснпекторите им дава можност ...

Садам побара Ирачаните да им дадат шанса на инспекторите на ОН

Вест - 06.12.2002

Претседателот Садам Хусеин вчера побара од ирачкиот народ да ја поддржи новата инспекција за оружје на ОН како добредојдена можност со која ќе се побијат тврдењата на САД дека неговата влада се уште чува ...... БАГДАД, 6 декември (АП) - Претседателот Садам Хусеин вчера побара од ирачкиот народ да ...

Садам ќе им даде можност на инспекторите

Утрински - 06.12.2002

Во својот прв коментар за инспекцијата за оружје во Ирак БАГДАД - Ирачкиот претседател Садам Хусеин изјави вчера, во неговиот прв коментар за инспекцијата за оружје на ОН, откако тимовите ја обновија нивната работа, дека е подготвен да им даде можност да докажат дека Ирак нема забранети оружја.

Криза во инспекцијата во Ирак

А1 - 05.12.2002

Една недела по започнувањето, инспекциите за оружје на Обединетите Нации во Ирак влегоа во криза. Ирачкиот потпретседател Таха Јасин Рамадан ги обвини инспекторите дека вршеле шпионажа во корист на САД и Израел. Причина за ваквото тврдење е контролирањето на една од повеќето палати на претседателот ...

Ирак се сомнева во целите на инспекцискиот тим на ОН

Вест - 05.12.2002

Багдад, 5 декември) - Официјален Багдад вчера за првпат ја критикуваше мисијата на инспекторите за оружје на ОН, изразувајќи сомневање за текот на завчерашната инспекција во палатата на ирачкиот лидер Садам Хусеин. Во соопштението на ирачкото Министерство за надворешни работи се наведува дека ...

САД бараат поагресивна акција на инспекторите во Ирак

Утрински - 05.12.2002

Вашингтон незадоволен од методичниот пристап на инспекторите за оружје БАГДАД/ВАШИНГТОН - Експертите за оружје на ОН вчера извршија претрес на една нуклеарна постројка во јужен Багдад, по барање на САД за поагресивна инспекција во истрагата за забрането оружје.

Југословенски "монтери" на оружје го чекаат крајот на инспекциите во Ирак!?

Дневник - 05.12.2002

ОБЈАВЕН НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА МКГ Како земји што го прекршувале ембаргото за извоз на оружје на Ирак се посочени и Украина и Русија, а Македонија и Белорусија се во графата "можни извозници" Во извештајот за извозот на југословенско оружје за Ирак, Меѓународната кризна група завчера ги спомна и ...

Судири во северен Ирак

А1 - 04.12.2002

Околу 20 приврзаници на Патриотската унија на Курдистан се убиени или повредени денеска за време на судирите во северен Ирак со радикалната исламска организација „Ансар ал Ислам“, за која се претпоставува дека е поврзана со теориристичката мрежа Ал Каеда.

МКГ го обвинува Белград за вооружување на Садам Хусеин

А1 - 04.12.2002

Меѓународната кризна група соопшти дека властите во Белград ја продолжиле трговијата со оружје за Ирак со значителна парична вредност и по завршувањето на диктатурата на Милошевиќ и предупреди дека таквата трговија се одвива можеби и денеска.

Ирак на ОН на 7 декември ќе предаде декларација за воените програми

Вест - 04.12.2002

Американските инспектори за оружје вчера пребараа една од луксузните резиденцијални комплекси на Садам Хусеин во Багдад БАГДАД, 4 декември (Ројтерс) - Ирак декларацијата за своите воени програми ќе ја предаде на 7 декември, соопшти вчера еден висок ирачки претставник кој повторно негираше дека ...

Садам да не ги мами инспекторите за оружје

Утрински - 04.12.2002

Уште едно предупредување од Џорџ Бу? ВАШИНГТО?БАГДАД - Како шт?се наближув?крајниот ро?на ОН за Ирак да се изјасн?дали им?оружје за масовн?уништување, американскио?претседате?Џорџ Бу?го предупреди Сада?Хусеин да не се обидув?да ги измами инспекторите за оружје на ОН, ?истакн?дека не ?охрабрен од ...

Претрес во претседателската палата во Багдад

Утрински - 04.12.2002

Инспекторите на ОН ги пребаруваат резиденциите и палатите на Садам Хусеин Садам располага со 1.000 згради, луксузни вили, деловни комплекси, складови и гаражи БАГДАД - Инспекторите на ОН за вооружување вчера пребараа една од големите палати на претседателот Садам Хусеин во Багдад, што претставува ...

Ако даде се од себе Садам може да избегне воена интервенција

Дневник - 04.12.2002

САД ПОСТОЈАНО ГО ПРИТИСКААТ БАГДАД Ирачкиот претседател Садам Хусеин може да ја избегне очекуваната воена интервенција, но само ако даде се од себе и направи отстапки какви што досега не направил, оцени Пол Волфовиц, заменик-државниот секретар за одбрана на САД, јави Ројтерс.

Инспекторите влегоа во претседателските палати во Багдад

А1 - 03.12.2002

Инспекторите на Обединетите Нации за разоружување изутрината за првпат влегоа во една од претседателските палати во Багдад, продолжувајќи ги инспекциите во согласност со резолуцијата 1441 на Советот за безбедност. На новинарите и денеска не им беше дозволено да ги следат инспекторите во нивната ...

Инспекцијата во Ирак најверојатно ќе трае една година

А1 - 02.12.2002

Инспекцијата на Обединетите Нации за разоружување на Ирак би можела да трае 12 месеци, за да може да се утврди дали таа земја поседува оружје за масовно уништување, пишува во денешниот број весникот „Гардијан“. Весникот ја пренесува изјавата на директорот на Меѓународната агенција за атомска ...

Инспекторите упаднаа во хеликоптерска база

Утрински - 02.12.2002

Ирак се уште кооперативен со Обединетите нации БАГДАД - Инспекторите на ОН за вооружување извршија ненајавена инспекција врз една хеликоптерска база, 30 километри северно од Багдад. Тие се сомневаат дека хеликоптерите за запрашување може да се пренаменат за употреба на биолошко или хемиско оружје ...