Пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили се уште е на слобода. Од него ни трага ни глас. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, вели дека полицијата трага по него и ќе реагира кога ќе го лоцира.
Една недела откако судот му изрече мерка притвор на пратеникот Хисен Џемаили, полицијата се уште не го привела. Не го лоцирале и немаат информација каде е пратеникот вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети не знае каде е пратеникот Хисен Џемаили, по кого судот има распишано потерница поради сомневањата дека е вмешан во хашкиот случај на малтретираните работници на "Маврово". Според Ахмети, тоа прашање не е повеќе актуелно и работи на евроатлантските процеси на Македонија.
МВР не може да го најде Хисен Џемаили за да го приведе Ниту по пет дена откако Собранието на итна ноќна сесија му го одзеде имунитетот на пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили, полицијата се' уште не го привела и не го спровела во Истражниот затвор во Шутка.
Пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили, кој треба да биде однесен во притвор во истражниот затвор во Шутка, како да пропаднал во земја.
Полицијата веќе четири дена не може да го најде пратеникот од ДУИ Хисен Џемаили, на кого скопскиот кривичен суд во саботата по полноќ му одреди мерка притвор за случајот со малтретираните мавровски работници.
И четири дена откако судот одреди притвор за Хисен Џемаили, од него ни трага ни глас. Како шпекулација се покажаа најавите од одредени политички кругови дека пратеникот на ДУИ самиот ќе се пријавел во Шутка денеска, по муслиманскиот празник Рамазан Бајрам.
Со што ли толку се задолжил Али Ахмети кај премиерот Никола Груевски, па се откажа од се' што бараше претходно и на секоја шлаканица од својот владин партнер упорно молчи? До каде ли ќе оди политичката хибернација на ДУИ и зошто интегративците го сведоа своето однесување до степен на трагикомедија, ...
Ниту партискиот шеф на Хисен Џемаили не знае каде е пратеникот за кого судот пред четири дена одреди притвор. Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по средбата со европратеничката Ангелика Бер, на серијата прашања поврзани со Џемаили и неговото игнорирање на налогот за притвор, не одговараше конкретно: - ...
Лидерот на ДУИ Али Ахмети тврди дека не знае каде се наоѓа нивниот пратеник Хисен Џемаили, кој и по четири дена откако судот му одреди притвор, не и се предаде на полицијата, како што вети пред собраниската Комисија за мандатно имунитетни прашања, откажувајќи се од пратеничкиот имунитет.
Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е стабилна и се бараат решенија за сите отворени прашања, изјави денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој во Собранието имаше средба со европратеничката Анџелика Бер.
Вчера и заменик-министерот за внатрешни работи Џеват Бучи, исто така од редовите на ДУИ, рече дека нема време за изјава за тоа кога полицијата ќе го приведе Хисен Џемаили и ќе го одведе во Истражниот затвор во Шутка Лидерот на ДУИ Али Ахмети не знае каде се наоѓа пратеникот Хисен Џемаили, обвинет ...
Три дена ни трага ни глас од пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили. Судот му одреди притвор, но тој и натаму е на слобода. Од МВР денеска само кусо велат дека кога ќе го пронајдат, ќе ја известат јавноста. Вицепремиерот од редовите на ДУИ Абдулаким Адеми ги избегна камерите и новинарите.
И првиот работен ден по одлуката на скопска единица за притворање на пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили, не донесе ништо ново. Состојбата е статус кво - тој самиот ниту денеска не се пријави на капијата во истражниот затвор во Шутка, а ниту полицијата го уапси.
48 часа по активирање на потерницата, пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили не е притворен. Судот го испрати налогот за притворање во саботата навечер, а во централата на МВР стигнал денеска - курирот го оставил во СВР Скопје. Сега полицијата и формално може да го бара и да го уапси Џемаили.
Никој нема поим каде е Џемаили Во ДУИ молчат за да не се изјаловел договорот помеѓу премиерот Никола Груевски и лидерот Али Ахмети за меѓународна правна експертиза на Законот за амнестија Никој вчера не знаеше каде е пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили и дали тој самиот ќе се појави во Истражниот ...
Хисен Џемаили да биде притворен, а Хајрула Мисини да биде приведен на распит пред истражен судија Ова го одлучи вечерва Судскиот совет на скопскиот Кривичен суд, откако во раните утрински часови Собранието на вонредна седница им го одзеде имунитетот на двајцата пратеници на ДУИ, Хисен Џемаили и ...
Пратеникот на ДУИ Хисен Џемаили, еден од 23-ојцата обвинети за малтретирањето на петтемина работници на ГП "Маврово", за кого од саботата доцна навечер има судска потерница, до 16 часот вчера не беше спроведен во затворот во Шутка ниту пак тој самиот како што најави, се пријави во Истражниот затвор.
Скопскиот Кривичен совет го потврди притворот и ја активира потерницата за пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили, еден од неколкутемина обвинети за случајот „Мавровски работници“.
Судот загуби драгоцено време барајќи потврда од Собранието дали Хисен Џемаили и Хајрула Мисини навистина се пратеници. Особено што судот беше тој што тврдеше дека за двајцата пратеници биле активни и притворот и потерницата, изречени и распишани уште пред седум години.
Од судот велат дека решението за притвор е доставена до МВР и до пратеникот Џемаили Светлана Унковска Одлуката за притворот на пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили, заглави во лавиринтите на процедурите.
Два дена по одлуката на судот за притвор на пратеникот на ДУИ, нема реакција од надлежните. Во МВР велат дека го добиле решението на судот и го бараат пратеникот. Но сеуште без резултати. Џемаили вети дека ќе биде достапен и дека нема да се повикува на пратеничкиот имунитет.
Хисен Џемаили, пратеникот на ДУИ чиј мандат пратениците му го одземаа поради обвинението во случајот “малтретирани мавровски работници“ се уште е на слобода. Пратеникот сам не се пријавил во истражниот затвор во Шутка, а полицијата се уште трага за да го упаси.
Кривичниот суд вчера го потврди притворот и потерницата за пратеникот од ДУИ Хисен Џемаили, еден од обвинетите за малтретирањето на градежните работници од АД „Маврово“.