Златарницата "Голдмак" за секоја жена, која е член на ВМРО-Народна, ќе изработи по една "сребрена пеперутка". Тоа е новиот симбол на Унијата на жените на оваа партија, што треба да го изразува слободниот дух на жената. Со пеперутката на градите, припадничките на поубавата половина, предводени од ...
Ако во Холивуд се делат награди за филмската индустрија, во Македонија се делат награди за придонес во развојот на граѓанското општество, демократијата и одржливиот развој. Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка по петти пат ги додели наградите во елитниот хотел Александар Палас.
Скопје денеска ќе го добие луксузниот трговски центар "Рамстор". Симболиката за сечењето на црвената панделка е посветена на бројот 11, што е пронајден во датумот и часот на неговото отворање. На само ден пред отворањето, честа први да го посетат ја имаа новинарските екипи од електронските и ...
Претставата "Лет во место" на Драмскиот театар од Скопје, работена по текст на Горан Стефановски, а во режија на Љупчо Ѓорѓиевски е лауреат на 40. јубилеен МТФ "Војдан Чернодрински". Жирито во состав Љубиша Георгиевски - режисер, Русомир Богдановски - драматург и Бајруш Мјаку - актер, на ова култно ...
Во МВР се води истрага за повеќе украдени, главно скапи возила, а на списокот на "осомничени" е и автомобилот на пратеникот Тито Петковски, неофицијално дознава "Вечер-спец" од висок функционер во полицијата. Според сознанијата, Петковски управува "фолксваген" - близнак.
Штета што во последниве години е се попасивен за да може да се научи нешто повеќе од неговите тајни. Ненадминливиот и најконтроверзен балкански менаџер, Велибор Џаровски - Џаро, иако не прави концерти, фестивали ниту спортски натпревари, сепак, секогаш знае добро да изненади.
Грчките власти се вознемирени од големиот број фалсификувани банкноти на еврото, кои банките секојдневно ги собираат во реонот на Солун, објави весникот "Ангелиофорос". Според весникот, само во една полициска станица во Солун секој месец пристигнувале во просек од 100 до 150 фалсификувани банкноти ...
"Македонска пошта" по неколку годишна финансиска була, последните месеци работи профитабилно и станува се поуспешна компанија ориентирана кон своите корисници. Не прецизирајќи го профитот што е остварен годинава, првиот човек на Поштата, Таип Јакупи, рече дека тоа се должи на добрата организација и ...
Аргентина ја потврди супериорноста во Јужноамериканската зона од квалификациите за СП 2006 година. Во дербито на колото "гаучосите" дома го победија Бразил со 3:1 и со овој успех го заверија настапот на "мундијалот" во Германија.
ВМРО-ДПМНЕ има сознанија дека фирмата "Рамстор Македонија" го продава "џабе" купеното земјиште во центарот на Скопје. "Земјиштето од 20.000 метри квадратни што Владата го продаде за 560.000 евра на "Рамстор Македонија", сега се продава по неколку пати повисока цена - рече Влатко Ѓорчев на ...
Идната година, Германија ќе биде организатор на најголемата светска фудбалска манифестација, на која, како и секогаш, нема да ја има Македонија. Но, тоа не е тема на овој напис. Има време. Имено, организаторите уште отсега стравуваат од големата навалица на проститутки во 12 градови, каде што ќе се ...
На повидок е формирањето на уште еден парламент во Македонија. Станува збор за Национален Младински Парламент кој треба да е дел од проектот на Британскиот Совет ,,Заедно за младите". Проектот е во соработка со Граѓанската фондација и Интеркултурниот центар, а во блиска соработка со корисникот на ...
Одморалиштето "Смрдлива Вода" на Кожуф Планина, оддалечено околу 24 километри од Гевгелија, најрано од кога било досега, почна да се полни со гости. Како и секогаш, први дојдоа гостите кои овде имаат викендички чиј број ја надминува бројката од 350.
За четири проекти во решавање на дел од проблемите во комуналната инфраструктура, Владата одобрила шест милиони денари. Од нив, два милиони ќе бидат потрошени за изградба на потисен цевковод во високата градска зона, каде што веќе е изграден резервоар за вода.
Со мјузиклот "Чија си" во режија на Виолета Џолева, а по текст на Сашо Насев и продукција на Универзалната сала од Скопје, вечерва (20 ч.) за последен пат ќе се крене завесата на 40-тиот МТФ "Војдан Чернодрински" во Прилеп. Со оваа претстава ќе бидат почестени наградените актери, режисери, ...
По завчерашната смена на неколкумина први луѓе од нивните раководни места во Градскиот комитет за урбанизам и сообраќај, меѓу кои Мице Славковски заменик претседател во Одделението за сообраќај, Љупчо Митковски - Одделение за градежно земјиште, Јагода Нешковска од Одделението за образование, ...
Додека италијанското стопанство тоне во рецесија, премиерот Силвио Берлускони собира пари од акциите. Со продажбата на 16,7 отсто акции во фирмата "Медијасет" во април, Берлускони, според податоците што ги објави холдингот "Фининвест", заработил повеќе од два милиони евра.
Дислокацијата на автобускиот терминал на "5" и "15", иако веќе една година наголемо се најавуваше од Градските власти и Општината Кисела Вода, нема да се случи. Како што дознаваме од надлежните, Министерството за транспорт и врски го одби барањето на Градот за новата локација на булеварот АСНОМ на ...
Компаниите кои дел од своето производство го организираат со користење на гасот како енергенс, ќе можат да продолжат нормално да работат. Ден претходно од "Макпетрол", кој досега вршеше набавка и дистрибуција на гасот до потрошувачите, беа известени дека од денес, кога официјано стапува во сила ...
Иако беше меѓу најекспонираните во тимот на годинашниов вице-шампион на Европа, Кометал Ѓ.Петров во Лигата на шампионите, капитенот на нашиот најтрофеен клуб Индира Кастратовиќ ја немаше на списокот на репрезентативки на селекторот Андреј Портној за претстојните бараж средби со Србија и Црна Гора ...
"Поп рок фест 2005" и по завршувањето на фестивалот работи на својот проект. Имено, победниците на овој фестивал, гостите од СЦГ Жика Џорџевиќ и "Пикасо бенд" потпишаа две годишен договор со белградската куќа ПГП-РТС . Ова е уште еден факт дека "Поп рок фест" успеа да направи свој стил и свој имиџ ...
Портпаролот на Владата на Словенија, Јернеј Павлин, испратил упатство до сите словенечки министерства со кое од нив се бара да не комуницираат со неделникот "Младина", односно да ја "редуцираат комуникацијата на минимум", јави БЕТА.
Група врвни клиничари му "парираат" на сопственикот на приватната кардиохируршка болница, д-р Жан Митрев, кој деновиве по сториите за преселбата на градска хирургија, во серија ги актуализира своите апетити да ја лапне целата Воена болница.
Експропријацијата на земјиштето на кое треба да се изгради булеварот "Словенечка", по се изгледа "ги исплаши" Градските власти поради сумата пресметана за обесштетување на сопствениците. За изградба на оваа сообраќајница која ќе претставува врска меѓу улицата "Босна и Херцеговина" и Јадранската ...
На западните падини на Националниот парк "Пелистер" до реката Шемница, која преку Драгор се влева во Црна Река, се наоѓа селото Маловиште, единствено во поширокиот регион населено со влашко население. Некогаш многубројно, денес со луѓе што на прсти можат да се избројат.
По долги години "Нови фосили" прексиноќа повторно заедно настапија во Студио 10 на ХТВ. Сања Долежал, Рајко Дујмиќ, Владимир Кошиќ - Зец, Маринко Колнаго и Нено Шариќ во шоуто ја испеаја "За добра стара времена" и уште неколку песни кои ја потсетија публиката на старите времиња.
Романот "Пливање во прашината" (издание на "Слово") на Игор Исаковски, денеска (20 ч.) ќе биде промовиран во клубот "Вега" во ГТЦ. По промоцијата, концерт ќе одржат блузерите Јук Џоинт Експрес и Вајлд банч. Влезот е слободен.
Конкурсот за упис на новата генерација студенти на државните факултети, денеска ќе биде преповторен во дневниот печат. Причина е што неговото завчерашно објавување во весникот "Нова Македонија", создаде забуна во јавноста, на што реагираа и од Министерството за образование и наука.
Седницата во Апелациониот суд на која требаше да се разгледува жалбата по пресудата на Основниот суд од Битола во траење од 1,5 година затвор за расчинетиот владика на МПЦ, Зоран Вранишковски е одложена за 22 јуни. Претседателот на Советот, судијата Васко Кузев, на јавната седница извести дека ...
Британските рок-легенди ги шокираа организаторите на концертот Лајв 8. "Ролинг Стоунс" и Дејвид Боуви одбија учество на овој голем хуманитарен спектакл, иако музички се уште активни. И Стоунси и Боуви беа дел од оригиналниот "Лајв ејд" од 1985 година, но по 20 години оттогаш, сепак, нема да ...
Со доделување на наградите за најдобри телевизиски остварувања од доменот на животната средина и заштитата на културното наследство во Охрид заврши шестиот Меѓународен телевизиски Еко фестивал. Гран при за најдобра ТВ-програма од областа на заштита на животната средина во износ од 1.800 евра му е ...
Хашкиот трибунал денеска ги доби државните гаранции за обвинетите Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски. Документите со кои Македонија гарантира дека обвинетите ќе му бидат достапни на Трибуналот, ако се бранат од слобода и се наоѓаат на територијата на Македонија ги достави министерката за правда ...
Во холот на музејот "25 Мај" во Белград се изложени два исклучително луксузни и скапи автомобили на Тито, што тој ги користел за време на своето владеење. Станива збор за бисерите од неговата "ергела", специјалните верзии на "ролс-ројс" и "мерцедес".
Новиот спот на М2 Продукција во соработка со Мобимак и Кока-Кола, на ѕвездата на М2 - Ламбе Алабакоски за песната "Каде песно моја", веќе го има на сите ТВ-станици во Македонија. Спотот го изработи Томато Продукција. За потребите на спотот беше направен специјален базен, инсталирани илјадници ...
Продукцијата "Авалон" на граѓаните кои купиле и ги чуваат влезниците за фестивалот "Скопје саундс гуд" ќе им врати по 250 денари. Тоа е договорено со Организацијата на потрошувачите на Македонија и со Државниот пазарен инспекторат, откако повеќе граѓани реагирале до овие институции дека на 28 мај, ...
Радосна вест од Охрид: Холанѓаните се враќаат. По долги години холандските граѓани одново се заинтересирани за летување и одмор на охридското крајбрежје.Туристичките работници тријат раце, не само од најавите за склучување на аранжмани, туку и од долетувањето на првите групи, кои ја отворија веќе и ...
Објектот лоциран пред зградата на ЕСМ во наредните 40 дена треба да биде целосно покриен и застаклен. Металната покривна конструкција е завршена, а деновиве таа се обложува со алуминиумски плочи во вид на "филигран", по што ќе почне и неговото странично застаклување.
Куп убави зборови, се постари - се повредни како стари реликвии, куп инспирации оттргнати од заборав, весел дух, емоции и многу тајни, крие најновата книга-песнарка "Бела птица", која госпоѓа Зора деновиве ја објави во спомен и чест на нејзиниот син Владимир Нејашмиќ-Бато, на нејзината снаа и ...
Езерото "Треска" и ова лето ќе биде затворено за капачите, а надлежните ќе бараат алтернативни решенија за проблемот со лошиот квалитет на водата. Според надлежните во ЈП "Паркови и зеленило" и покрај желбата овој рекреативен центар конечно да проработи, добиените анализи не оставаат простор за ...
Пилотите на МАТ најавуваат штрајк. Навистина, не сите. Некои велат дека е ујдурма, а други дека за две недели ќе престанеле да летаат. Причина за тоа, според овие вторите, било што се уште не ја добиле априлската, а и мајската плата и што во изминативе седум месеци тие им биле намалени за 30 отсто.
И за учениците од ОУ "Климент Охридски" во населбата Бутел, учебната година ќе заврши на 10 јуни. Ова, на само еден ден по пломбата што ја доби од санитарната инспекција, го потврди директорката на училиштето Татјана Цветковска.
На меѓународната театарска смотра "Славјански базар" во Москва, штипскиот Народен театар, со претставата "Метаморфози" постигна голем успех, можеби најголем во својата богата историја. Претставата на Народниот театар од Штип, стручното жири ја прогласи за најкомплетна и и ја додели првата награда.
Госпоѓата Адријана Скленарикова, родена на 17 септември 1971 година во Брезно, Словачка, би можела да влезе во Гинисовата книга на рекорди како сопственичка на најдолгите нозе. Вака деновиве ја "закачаат" шпанските новинари, свесни дека таа навистина е една од најубавите жени на 20 и на 21 век, ...
Само три дена откако се пуштени во продажба продадени се преку 50. 000 билети за белградскиот концерт на "Бијело дугме", закажан за 28 јуни на Хиподром. Како што дознаваме, во продажба се пуштени три категории на карти. Првата е за стоење и чини 50 евра, другата од 100 евра е за седење, и третата ...
Штрајковите на "Марков трг" пред хрватската Влада и Саборот, изгледа, ќе влезат во историјата. Причината за тоа е едноставна: Владата реши да ги забрани јавните собири пред Саборот и Банските двори. Имено, Владата во итна саборска процедура упатила измени на Законот за јавно собирање во кој се ...
Претставници на Здружението на граѓани од "Порече" деновиве треба да остварат средба со одговорните служби од Министерството за земјоделие и Владата, за да добијат одговор зошто е стопирано трасирањето на патот од Порече за Скопје во должина од 7,8 километри.
В недела на 12 јуни со почеток во 21 часот, во скопскиот клуб "Вега", групата "Стринг Форсис" ќе одржи концерт. Цената на влезниците изнесува 100 денари, а ќе можат да се подигнат на влезот во "Вега". Ова е една од нашите најквалитетни групи, која секогаш побудува внимание кај ...
Од пристаништето во Санкт Петербург, по завршената реконструкција, повторно заплови луксузниот брод "Русија", изграден во 1973 година по личен указ на тогашниот генерален секретар на ЦК КПСС, Леонид Брежнев. Бродот "Русија" е долг 96 метри, широк 14,3 м и велат дека за неговото подновување воопшто ...
Еден од најугледните и највлијателните дневни весници во Русија -"Известија", наскоро преминува во рацете на државниот монополист "Гаспром". Холдингот на "Гаспром-медија" веќе се договорил со досегашните сопственици на контролниот пакет- акции за купување на овој весник кој има тираж од 200 000 ...
Од вчера в.д. главен и одговорен уредник на "Вечер" е Предраг Димитровски, кој досега ја извршуваше функцијата заменик-главен уредник. Досегашниот главен и одговорен уредник Владимир Тулевски, по кадровската смена, останува во Редакцијата како уредник ...
Вчера напладне, во кафулето "Блу кафе урбан" во центарот на Скопје, "Балкан идеја" пред новинарите ги изнесе деталите за престојниот фестивал "Егзит 05", и концертот на "Крафтверк" во Скопје. На "дводелната" прес-конференција прво се зборуваше за фестивалот на кој ќе учествуваат и македонски ...
Поранешните сопственици на имотите во автокампот "Градиште" и покрај тоа што во петокот доцна попладне го примија решението од Охридскиот суд за деблокирање на влезот во кампот, и во текот на вчерашниот ден се уште не ги отстранија блокадите.
Потпишаното прво издание на книгата "Мајн Кампф" од Адолф Хитлер кон крајот на месецов ќе се најде на аукција со почетна цена од 25 илјади фунти, објави аукциската куќа Блумсбери. Книгата доаѓа во "пакет" со разгледници и благодарници што лично ги потпишал Хитлер, како и со разни предмети кои ...
Јавната установа за деца "Срничка", во петокот го одбележа јубилејот од десет години работа во областа од згрижување и воспитување деца од предучилишна возраст. Прославата која по тој повод беше организирана, се одржа во Домот на АРМ.
На актерите Јовица Михајловски и Камка Тоциновски вчера во Риека им беа врачени наградите за најдобар актер и за најдобар млад актер за улогите на Лаки и Мала во претставата "Друга страна" од Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски.
Американската вселенска агенција НАСА го одобри проектот за следната мисија на Марс, чија цел е во арктичката зона на Црвената планета да го испрати возилото, наречено "Феникс", кој ќе бара траги од вода и можни знаци за живот во минатото или сега.
Руската тениска мега-ѕвезда, Марија Шарапова, на завчера завршениот Грен Слем во Париз, не се прослави, бидејќи во четвртфиналето беше поразена од шампионката Жастин Анен Арден (6:4, 6:2). Но, таа е веќе во Лондон, каде што се подготвува да го повтори успехот од минатата година, кога за првпат ја ...
Пишува: Виолета ЦВЕТКОВСКА Маратонскиот натпревар меѓу царинските екипи на македонската и привремената косовска влада влезе во финалето. Косово ни води со 10 спрема 0. На реваншот во Приштина најмногу што можеме да издејствуваме е 8 спрема 0, односно 8 отсто царина за стратешките македонски ...
Со масовен одѕив, огромни овации и неверојатна позитивна енергија скопската публика на најголемата балканска атракција Цеца Ражнатовиќ и приреди срдечен пречек. Но, и таа ним! Мега-ѕвездата завчеравечер успеа да собере околу 30 илјади луѓе на Градскиот стадион во Скопје, за по завршувањето на ...