TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Гледав да останам свесен

Вест - 21.07.2006

СПАСЕНИОТ СКОПЈАНЕЦ ГО РАСКАЖУВА ИСКУСТВОТО ПО 20 ЧАСА СРЕДЕ ЕЗЕРО Се трудев да не ме фаќа паника и се надевав дека струите и ветерот што побрзо ќе ме приближат до брегот, вели Владимир Димитров Владимир Димитров, 25-годишниот скопјанец кој завчера беше спасен по 20 часа поминати среде Охридското ...

Појасот и добрите луѓе ме спасија

Дневник - 21.07.2006

Надежта дека ќе се спаси почнала да се зголемува откако длабоко во ноќта забележал дека над езерото кружи хеликоптер, а луѓето од спасувачките чамци почнале да испалуваат светлечки ракети Воздушниот елек што го имав на себе ми го спаси животот.

Здивени скутерџии меѓу мирните капачи

Дневник - 21.07.2006

Најалармантно е кај „Еврохотел“ во Струга, каде што малолетник може слободно да земе скутер, вели Злате Клечкарсоки, раководител на Капетанијата Скутери на вода, таканаречени банани, глисери, кајчиња и разни други пловила за забава се натпреваруваат во дивата лига, кој повеќе ќе им го расипе ...

Приказната на 25-годишниот Владимир Димитров со среќен крај

А1 - 20.07.2006

Приказната на 25-годишниот Владимир Димитров кој 21 час беше во водите на охридското езеро, заврши со среќен крај. Во потрагата по синот на екс министерот за надворешни работи Александар Димитров кој исчезна завчера, покрај полицијата и мештаните беше вклучен и хеликоптер.

Дваесет часа плутал сред езеро

Вест - 20.07.2006

СПАСУВАЧКА ДРАМА ВО ОХРИД Владимир, син на екс министерот за надворешни работи Александар Димитров е најден жив по дваесет часа поминати среде Охридското Езеро откако паднал во несвест додека се возел на скутер од Градиште кон Трпејца.

Езерото не го голтна Владимир

Дневник - 20.07.2006

Владимир, син на поранешниот министер за надворешни работи Александар Димитров, спасен по 21-часовната одисеја во длабоките води во кои падна од скутер Владимир Димитов преживеа во 21-часовната борба со струите во Охридско Езеро, која се случуваше прексиноќа.

Исчезнат скопјанец чекал дваесет часа да го најдат

Време - 20.07.2006

ОХРИД Скопјанецот Владимир Димитров (25) завчера попладне исчезнал во водите на Охридско Езеро и со појас за спасување чекал дваесет часа полицијата да го најде. Димитров вчера околу 17 часот возел скутер на вода и одел кон селото Трпејца, каде што требало да се сретне со свои пријатели.

Драма во Охрид, по 18 часа во езерото, спасен 25-годишниот Владимир Димитров

Утрински - 20.07.2006

Жив и здрав вчера беше пронајден 25-годишниот Владимир Димитров по осумнаесчасовната драма што ја доживеа во водите на Охридското Езеро. Го пронајдоа охриѓаните Игор Крстановски и неговиот братучед Стефан Боздоганов околу 14 часот еден километар од македонско-албанската граница над хотелот ...

Исчезнатиот Владимир Димитров пронајден во Охрид

Вечер Прес - 20.07.2006

Дваесет и петгодишниот Владимир Димитров, син на поранешениот министер за надворешни работи Александар Димитров, за кој беше пријавено дека завчера исчезна во водите на Охридското Езеро, вчера во 14 часот е пронајден на три километри од брегот паралелно од хотелот "Белви".

Пронајден синот на поранешниот министер Димитров

А1 - 19.07.2006

По 21 час поминати во вода и 18 часовна потрага денеска околу 14 часот во голема длабочина на охридското езеро, над хотелот Метропол на околу еден километар од македонско-албанската граница, во приватна потрага со свој глисер, пронајден е жив и здрав 25 годишниот Владимир Димитров.

Пронајден исчезнатиот Владимир Димитров

Канал5 - 19.07.2006

Владимир Димитров, кој синоќа беше пријавен како исчезнат, денеска е пронајден. Димитров ноќта ја минал во водите на Охридско Езеро. Пронајден е во близина на хотелот Метропол со појас за спасување на себе и е во добра здравствена состојба.