TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Курдите се зад терористичките напади во Истанбул

Вест - 14.08.2004

Истанбул, 14 август - "Терористичките напади во Истанбул кои се случија во вторникот се дело на поранешната Курдска работничка партија (ПКК) која минатата година го смени името во Конгра-Гел", изјави вчера портпаролот на турската полиција Рамазан Ер.

Терористичките напади во Истанбул се дело на Конгра-Гел

А1 - 13.08.2004

„Терористичките напади во Истанбул кои се случија во вторникот се дело на поранешната Курдска работничка партија (ПКК) која минатата година го смени името во Конгра-Гел“, изјави денеска портпаролот на турската полиција Рамазан Ер.

Курдски терористи им се заканија на туристите во Турција

Време - 13.08.2004

ЗАКАНА Курдска терористичка група им порача на туристите што престојуваат во Турција да ја напуштат земјата, бидејќи се подготвуваат нови терористички напади. Терористи во вторникот нападнаа два хотела и постројка за течен гас во Истанбул, убивајќи две лица.

Курдска екстремистичка група се закани со напади врз туристи

А1 - 12.08.2004

Курдската екстремистичка групација што ја презеде одговорноста за завчерашните напади врз двата хотели во Истанбул, се закани дека на 15 август за време на одбележувањето на 20-годишнината од курдскиот вооружен бунт, ќе изврши напади врз странските туристи во Турција.

Турција ги обвини Курдите за бомбите во Истанбул

Утрински - 12.08.2004

По терористичките напади врз хотелите во кои загинаа две лица, а единаесет се повредени Анкара го отфрли тврдењето на ривалската група која е поврзана со Ал Каеда дека таа е одговорна за нападите АНКАРА - Турција вчера ја префрли вината врз курдските сепаратисти за бомбашките напади во Истанбул, ...

Турската полиција во потрага по Курди за нападите во Истанбул

А1 - 11.08.2004

Турската полиција во истрагата за нападите во Истанбул се определи за следење на курдската трага, а не на Ал Каеда при што приведе осум лица под сомнение дека одржуваат врски со курдските бунтовници, соопшти официјален претставник на полицијата.

Бомбашки напади во хотели убија двајца во Истанбул

Вест - 11.08.2004

ИСТАНБУЛ, 11 август, (Ројтерс) - Во три симултани експлозии што се случија во два хотела едно складиште за плин во Истанбул вчера наутро, загинаа еден Турчин и еден Ирачанец, а единаесетмина беа ранети, меѓу кои и странски туристи.

Двајца разнесени во шопинг-хотел во Истанбул

Време - 11.08.2004

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ВО ТУРЦИЈА Терористи истовремено активирале бомби пред два хотела во истанбулските населби Лалели и Султанахмет, убивајќи две лица, по што била нападната и голема постројка за течен гас. Бомбите експлодирале во 2 часот наутро, во ноќта меѓу понеделникот и вторникот.

Двајца загинати во два терористички напада во Истанбул

Утрински - 11.08.2004

Симултани експлозии во два хотела во неофицијалната турска престолнина Во експлозиите во Лалели и во другиот хотел во историската област Султанахмет се повредени десет лица, главно странци ИСТАНБУЛ - Симултани експлозии вчера рано изутрината одекнаа во два хотела во туристичката област во Истанбул, ...

Терористи нападнаадва хотела во Истанбул

Дневник - 11.08.2004

ТРОЕН БОМБАШКИ НАПАД Бомбите завчера пукнале во хотелот "Парс" во квартот Лалели и во "Стар холидеј" во Султанахмед, во строгиот центар на градот Две лица загинаа при симултани експлозии на бомби пред два хотела и резервоар за гас во центарот на Истанбул вчера изутрина, јави Ројтерс.

Двајца загинати во експлозии во 2 хотели во Истанбул

А1 - 10.08.2004

Две лица загинаа, а десетмина се ранети во две експлозии на бомби, што се случија рано изутринава во два истанбулски хотели. Бомбашките напади се случиле истовремено во 1:45 минути по полноќ во хотелите Холидеј ин и Парс, во кои престојуваат воглавно странски гости.

Исламска милитантна група ја презема одговорноста за нападите во Истанбул

А1 - 10.08.2004

Исламската милитантна група Бригадите на Абу Хафс ал Масри ја презеде одговорноста за денешните терористички напади во Истанбул, во кои загинаа две лица, а 11 се повредени. Екстремистичката организација порача дека овие напади се првите од „низата акции“ во европските земји и дека во иднина се ...

Серија експлозии во Турција

А1 - 10.08.2004

Најмалку едно лице загина, а осум се ранети во експлозии на две бомби што рано утринава одекнаа во два туристички кварта во Истанбул, јавија западните агенции. Турската полиција се сомнева дека станува збор за тероризам. Бомбите експлодирале речиси во истовреме во два хотели во квартот Лалели и во ...