TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Станарите во „Раба“ ќе го тужат Арсов

А1 - 27.01.2007

Цветко Павловски од Кисела Вода со своите две внуки веќе 12 месеци живее под кирија во Аеродром. Откако ја дал куќата на тоа место да се градби „Раба“, останал без дом. Сега е принуден самиот да дава пари за киријата, иако инвеститорката Милка Принковска се обврзала да му ја плаќа се до вселувањето ...

Инвеститорот да ги поправи урнатите ѕидови

Време - 27.01.2007

ПРЕКИНАТО УРИВАЊЕТО ВО КИСЕЛА ВОДА Станарите од зградата на фирмата „Раба“ во населбата Кисела Вода, која два дена се уриваше, ќе бараат од инвеститорката Милка Пренковска да им ги поправи урнатите ѕидови, велат од општината Кисела Вода, со која овие граѓани завчера попладне се договориле да запре ...

Станарите ги преплатија становите

Дневник - 27.01.2007

Граѓаните треба да соберат 450.000 евра со кои ќе ги платат комуналиите, ќе постават инсталација и одново ќе ги изградат надворешните ѕидови Граѓаните што уплатиле станови во разурнатата четирикатница на фирмата „Раба“ ДООЕЛ во Кисела Вода, со сопствени пари ќе се обидат да ја доизградат зградата и ...

Законот на Џорџе Арсов

Утрински - 27.01.2007

ЕДИТОРИЈАЛ БИЛЈАНА АНГЕЛОВСКА Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Џорџе Арсов, на скопјани деновиве им приреди уште една претстава, која и покрај спектакуларната изведба, сепак, може да се протолкува и на поинаков начин - градоначалникот покажа како не треба да се работи.

Оштетените од „Раба“ со свои пари ќе ја креваат зградата на нозе

Утрински - 27.01.2007

Милка Пренкоска не чувствува одговорност, вели дека таа е најоштетена ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Оштетените станари од „Раба“ со свои пари ќе ги санираат штетите од уривањето врз четирикатницата, а потоа ќе ангажираат фирма да им ја доизгради зградата.

Инвеститорот на „Раба“ ќе го тужи Арсов

А1 - 26.01.2007

Тужба за градоначалникот на Кисела Вода Џорџе Арсов. Ќе го тужи инвеститорот на „Раба“ Милка Принковска. Таа за А1 изјави дека Арсов ја уривал зградата без да и достави решение. Дали има пари за поправка на штетата на објектот, не сакаше да коментира.

Градоначалникот Џорџе Арсов прави конфузија - руши па гради

Канал5 - 26.01.2007

Владината акција за уривање на дивоградбите отиде во погрешна насока. Во Кисела Вода општината со најмногу дивоградби градоначалникот Џорџе Арсов е некоординиран, прво ги урива , па потоа изјавува дека ќе ги легализира и доградува она што е срушено.

Ќе се урива полека, додека не се платат комуналиите

Време - 26.01.2007

ПРОДОЛЖИ АКЦИЈАТА ВО КИСЕЛА ВОДА Зградата на инвеститорот „Раба“ во населбата Кисела Вода ќе се урива бавно се додека станарите не соберат пари и не ги платат комуналиите, им рекол вчера на овие граѓани градоначалникот на Кисела Вода, Џорџе Арсов.

Запрено уривањето на она што остана од зградата на „Раба“

Утрински - 26.01.2007

Идните станари сами ќе ги доисплатат комуналиите ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Од денеска ќе запре уривањето на четирикатницата на „Раба“ во Кисела Вода, која поради интензивното рушење вчера беше речиси уништена до потпокривот. Ова го договорија градоначалникот Арсов и претставнци од оштетените граѓани на ...

Зградата на „Раба“ нема да се урива

Дневник - 26.01.2007

Несудените станари за десетина дена во Општината треба да донесат банкарски гаранции дека ќе ги платат комуналиите Уривањето на четирикатница на фирмата „Раба ДООЕЛ“ во Кисела Вода денеска ќе престане, најави градоначалникот Џорџе Арсов.

Уривањето на Раба - стопирано

Вечер Прес - 26.01.2007

Во овој случај увидовме дека граѓаните се изманипулирани, но дека имаат желба самите да ја прекинат голготата низ која минуваат, да ги платат давачките и потоа да ги санираат штетите од уривањето - велат одговорните од Општина Кисела Вода По два дена уривање, зградата на "Раба", лоцирана на улицата ...

Арсов се премисли, нема да ја урива „Раба“ ќе ја легализира

А1 - 25.01.2007

Ја разурна и ја обезличи зградата. По 24 часа се премисли, овој објект нема да се урива, сега градоначалникот на Кисела Вода им дозволи на сопствениците на становите да ги платат комуналиите. Чудни и контрадикторни постапки на Џорџе Арсов, вчера не сакаше да ги земе парите кои му ги понудија ...

Се уриваше петкатница на фирмата „Раба“

Време - 25.01.2007

ВЧЕРА ВО КИСЕЛА ВОДА Со силно полициско обезбедување и пред очите на десетици револтирани станари, работници ангажирани од општината Кисела Вода вчера рачно и со механизација вчера почнаа да ја уриваат станбената зграда на инвеститорот „Раба“ на улицата Виктор Иго во оваа населба.

Стопирана акцијата за уривање на зградата на Раба

Канал5 - 25.01.2007

Градоначалникот на Кисела вода се предомисли. Ќе го стопира рушењето на зградата што ја градеше Раба. Паднал нов договор меѓу него и станарите. Градоначалникот на Кисела вода се предомисли. Ќе го стопира рушењето на зградата што ја градеше Раба. Паднал нов договор меѓу него и станарите.

Зградата на „Раба“ во Кисела Вода, ќе биде срамнета со земја

Утрински - 25.01.2007

За само два часа, работниците првиот кат го направија „сол“, останаа само носечките столбови ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Во општината Кисела Вода вчера имаше вистинско уривање. Почна да се руши нова четирикатница на улицата „Виктор Иго“ бб, за која инвеститорот, фирмата „Раба“, не поседува градежна дозвола.

Чеканите направија крш од зградата на „Раба“

Дневник - 25.01.2007

Граѓаните што уплатиле станови се револтирани бидејќи градоначалникот Џорџе Арсов не им дозволил сами да си ги платат комуналиите за објектот Уривањето на четирикатница на фирмата „Раба ДООЕЛ“ на улицата Виктор Иго, кое почна вчера, конечно изгледаше како сериозно справување со нелегалните градби ...

Се урива дивоградбата на "Раба"

Вест - 25.01.2007

КИСЕЛА ВОДА УДРИ ПО ЗГРАДА КОЈА ИМА МОЖНОСТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА Општината најавува дека објектот, кој ниту еден сантиметар не отстапува во висина и ширина и е според ДУП, ќе го срамни со земја оти инвеститорите немаат платено ниту денар за комуналии Дивоградбата на фирмата "Раба" ДООЕЛ на улицата ...

Започна уривањето на зградата „Раба“ во Кисела Вода

А1 - 24.01.2007

Со асистенција на полицијата утрината во 6 часот започна уривањето на „Раба“, зграда во Кисела Вода. Причина се неплатените комуналии од страна на инвеститорот. Кога дознале дека ќе се урива зградата, сопствениците на становите му понудиле на градоначалникот Џорџе Арсов тие да платат 170.000 евра ...

Околу 40 луѓе поради неплатени комуналии од страна на инвеститорот останаа без покрив над глава

Канал5 - 24.01.2007

Околу 40-тина луѓе остануваат без покрив над главата. Зградата на улица Виктор Иго во Кисела Вода во која некои од нив уплатиле станови а други дале свое земјиште на мета на рушење на градоначалникот Џорџе Арсов. Околу 40-тина луѓе остануваат без покрив над главата.