TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Кумановско изборниот процес се одвиваше непречено

А1 - 15.09.2002

До 17:30 гласањето во кумановско-липковскиот регион главно се одвиваше нормално и без поголеми проблеми, а на сите 160 избирачки места процесот се одвиваше непречено и над 105.000 гласачи можеа без проблем да го исполнат гласачкото право.

Генерално мирно во изборната единица број 3

А1 - 15.09.2002

Парламентарните избори 2002-ра генерално поминаа мирно во изборната единица број 3, со ретки инциденти кои во текот на денот најавуваа нарушување на нормалниот тек на изборниот процес. Како никогаш досега одзивот на гласачите во оваа изборна единица беше најинтезивен во првата половина од денот.

Ранет член на избирачкиот одбор во Лешок

А1 - 15.09.2002

Гласањето во избирачкото место во тетовското село Лешок попладнево е прекинато поради вооружен инцидент во кој е ранет членот на избирачкиот одбор Мирко Васовски. Извори од тетовската полиција го потврдија инцидентот, информирајќи дека до пукотниците дошло надвор од избирачкото место.

Граѓаните избираат нов парламент

Утрински - 14.09.2002

В недела, 15 септември, по четврти пат ќе се одржат парламентарни избори во независна Македонија В недела, 15 септември, граѓаните на Република Македонија по четврти пат ќе избираат нов парламентарен состав. На македонскиот електорат му се нуди избор од 53 политички партии, од кои 26 настапуваат ...

В недела Македонија избира

Дневник - 14.09.2002

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Во изборната трка за 120 пратенички места учествуваат 3.060 кандидати од 153 листи што ги поднесоа педесетина политички партии, од кои половина се обединети во седум коалиции и пет листи и од независни кандидати Граѓаните на Македонија денеска и утре, четврти пат по ...

Првичните резултати в недела околу полноќ

Дневник - 14.09.2002

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА Државна изборна комисија смета дека се создадени сите услови граѓаните да излезат да гласаат и да го остварат своето право на овие парламентарни избори, а првичните резултати од гласањето ќе може да ги објави веќе в недела околу полноќ.

Од полноќ предизборен молк

А1 - 13.09.2002

Вечерва на полноќ започнува изборниот молк, кој ќе трае до затворањето на избирачките места в недела во 19 часот. Според Законот за избор на пратеници и Одлуката за рамноправен пристап во медиумското претставување на кандидатите, медиумите ќе продолжат да известуваат за сите настани од ...

Подготовките за изборите во завршна фаза

А1 - 10.09.2002

Подготовките за гласањето на претстојните парламентарни избори се во завршна фаза, а според роковникот Државната изборна комисија најдоцна до утре на полноќ треба да го достави избирачкиот материјал до регионалните изборни единици.

Едуцирани и непристрасни избирачки одбори се основа за фер избори

Утрински - 10.09.2002

Мирјана Лазарова-Трајковска, претседателка на Државната изборна комисија, за обврските на највисокото тело КАТИЦА ЧАНГОВА Госпоѓо Трајковска, на местото прв човек на ДИК дојдовте како предлог на шефот на државата. Дали успеавте да ги разубедите неверниците за Вашиот избор кој партиите од власта го ...