TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СДСМ од среда ќе ја започне претседателската кампања

А1 - 28.03.2004

Eден ден по митингот на Кедев во среда и Социјалдемократскиот сојуз со свечена конвенција ќе ја започне кампањата на претседателскиот кандидат Бранко Црвенковски. Изборниот штаб на Црвенковски најави дека од први до 12. април ќе се одржат повеќе митинзи и средби со граѓаните.

Опозицијата бара премиерот да не прима плата, власта обвинува за негативна кампања

Утрински - 26.03.2004

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја вжештуваат атмосферата во пресрет на претседателската кампања Кондарко - Одењето во Вашингтон на Црвенковски е два дена пред официјалниот почеток на изборната кампања. Тој не оди во САД заради лична промоција, туку заради државните интереси Власта и опозицијата вчерашниот ден ...

Шеќеринска со владино возило во изборниот штаб

Вест - 25.03.2004

ПАРТИСКА КАМПАЊА СО НАШИ ПАРИ Вицепремиерката Радмила Шеќеринска, како портпарол на изборниот штаб на Црвенковски, во просториите на СДСМ за да одржи прес дошла со службено владино возило. Учеството на министрите во изборниот штаб на претседателскиот кандидат на СДСМ Бранко Црвенковски не е само ...

Црвенковски ја замрзнува функцијата во кампањата

Утрински - 25.03.2004

Одлука на премиерот под притисок на опозицијата Под притисок на најголемата опозициска партија и на политичката јавност, премиерот Бранко Црвенковски во текот на изборната кампања ќе ја замрзне премиерската функција. Во наредните две недели Црвенковски нема да заседава со владините седници, нема да ...

Црвенковски ќе ја замрзне премиерската функција

Дневник - 25.03.2004

во текот на кампањата Шесте министри остануваат ангажирани во штабот на кандидатот на СДСМ Премиерот Бранко Црвенковски ќе ја замрзне својата функција додека трае официјалната кампања за претседателските избори, соопшти вчера неговиот изборен штаб.

Црвенковски од 30.март ја замрзнува премиерската функција

А1 - 24.03.2004

По критиките во опозицијата и јавноста дека Бранко Црвенковски би можел премиерската функција да ја употреби за целите на својата предизборна кампања, тој од 30 овој месец кога започнува изборната кампања ќе ја замрзне премиерската функција.

Црвенковски нема да претседава на седниците на Владата

Време - 24.03.2004

ЗА ВРЕМЕ НА КАМПАЊАТА Премиерот и претседателски кандидат на СДСМ, Бранко Црвенковски, нема да претседава на седниците на Владата додека трае изборната кампања за претстојните претседателски избори, информира на вчерашната прес-конференција владиниот портпарол Сашо Чолаковски.

СДСМ повикува на позитивна кампања

Време - 24.03.2004

ДЕКЛАРАЦИЈА Декларација за фер и демократски избори ќе им предложи СДСМ на партиите што имаат кандидати за шеф на државата. Целта на оваа иницијатива е партиите да се обврзат дека во текот на кампањата ќе ги почитуваат Уставот, законите и институциите на системот.

Црвенковски ќе ги користи државните ресурси за кампања

Време - 24.03.2004

ВМРО-ДПМНЕ реагира Штабот на претседателскиот кандидат Бранко Црвенковски ќе ги користи државните ресурси за неговата кампања, а министрите ќе ги запоставуваат своите државни обврски. Тоа беше констатирано на вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по завчерашната промоција на изборниот штаб на ...

Се е оставено на етиката на министрите во кампањата

Време - 24.03.2004

ВЛАДАТА СТАНА ИЗБОРЕН ШТАБ Александра М. Митевска Нема посебни законски ограничувања во Македонија за вклучувањето министри во кампањата и во изборните штабови на партиите, туку нивното однесување е само прашање на личната етика, оценуваат експерти.

Место на народот, слуги на партијата

Вест - 24.03.2004

Политиколози, коментирајќи ја изјавата на министерот Владо Бучковски дека министрите влегле во изборниот штаб на премиерот оти "се што не е забрането со закон е дозволено", велат: "Законски не е забрането ни Премиерот Бранко Црвенковски мора да ја замрзне својата функција додека е во кампања оти ...

Премиерот Црвенковски ќе апстинира од Владата

Утрински - 24.03.2004

ОДЛУКА Иако ги отфрли барањата на ВМРО-ДПМНЕ да ја замрзне својата премиерска функција, Црвенковски најави од Даблин дека веќе од идната недела седниците на Владата ќе ги води некој од вицепремиерите, а можно е тие и да се ротираат.

СДСМ бара партиите да потпишат декларација за фер избори

Дневник - 24.03.2004

ИНИЦИЈАТИВА ОД ШТАБОТ НА ЦРВЕНКОВСКИ Ќе зборуваме зошто треба да биде избран Црвенковски, а не зошто не треба некој друг, вели Радмила Шеќеринска од штабот на СДСМ Изборниот штаб на претседателскиот кандидат на СДСМ Бранко Црвенковски ќе предложи сите политички партии да потпишат декларација за фер ...

Црвенковски нема да претседава на седниците

Дневник - 24.03.2004

ВЛАДА Од идната седница и во текот на претседателската кампања премиерот Бранко Црвенковски нема да претседава на седниците на Владата. - На ваквиот чекор премиерот се реши од етички и политички причини - информираше вчера портпаролот на Владата Сашо Чолаковски.

Црвенковски нема да претседава со седниците на Владата

А1 - 23.03.2004

Премиерот Бранко Црвенковски од следната недела, нема да претседава со седниците на Владата. Како што неофицијално најави Црвенковски синоќа во Даблин, со седниците на владата ќе претседаваат замениците премиери и тоа најверојатно по принципот на ротирање.

Шест министри во изборниот штаб на Бранко

Вест - 23.03.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2004 Шеф на изборниот штаб е министерот за одбрана Владо Бучковски, а портпарол вицепремиерката Радмила Шеќеринска Со 58 пратенички потписи вчера владејачката коалиција "Заедно" ја поднесе кандидатурата на Бранко Црвенковски до Државната изборна комисија за претседател на ...

Половина влада работи за кампањата на Црвенковски

Време - 23.03.2004

ПРОМОВИРАН ШТАБОТ НА СДСМ На 31 март коалицијата „Заедно“ ќе одржи промотивна конвенција во Македонскиот народен театар во Скопје, како почеток на изборната кампања на претседателскиот кандидат Бранко Црвенковски. Ова вчера го најави Владо Бучковски, како шеф на изборниот штаб на Црвенковски.

Бучковски шеф на кампањата на Црвенковски

Утрински - 23.03.2004

Промовиран изборниот штаб на претседателскиот кандидат на СДСМ Радмила Шеќеринска ќе биде портпарол, Никола Ќуркчиев заменик-шеф на штабот на Бранко Црвенковски Шест министри од Владата директно ќе учествуваат во централниот изборен штаб на претседателскиот кандидат на СДСМ, Бранко Црвенковски.

ВМРО-ДПМНЕ предвреме ја почна кампањата

Дневник - 23.03.2004

СДСМ ОБВИНУВА Шефот на Изборниот штаб на СДСМ Владо Бучковски упати апел до ВМРО-ДПМНЕ да не промовира негативна кампања за нивниот кандидат Бранко Црвенковски пред нејзиниот официјален почеток. - Периодот пред почетокот на кампањата не смее да се злоупотребува.

Владата се пресели во Изборниот штаб на премиерот Црвенковски

Дневник - 23.03.2004

КАМПАЊА Четворица министри од СДСМ и двајца од ЛДП ќе ја водат изборната кампања на премиерот, но сите велат дека тоа нема да ја загрози работата на Владата Шестмина владини министри ќе ја водат изборната кампања на премиерот Бранко Црвенковски.

СДСМ го претстави изборниот штаб

А1 - 22.03.2004

Една третина од членовите на Владата на Бранко Црвенковски вклучени во претседателска предизборна кампања. Прв човек во изборниот штаб ќе биде Министерот за одбрана, Владо Бучковски, улогата на гласноговорник и припаѓа на вицепремиерката Радмила Шеќеринска.

И ЛДП едногласно за кандидатура на Црвенковски

Време - 22.03.2004

КОАЛИЦИЈАТА „ЗАЕДНО“ - ЗАЕДНО НА ИЗБОРИТЕ Либералдемократската партија, како втор партнер во владејачката коалиција „Заедно“, и формално ја поддржа кандидатурата на Бранко Црвенковски за шеф на државата. На завчерашната седница на централниот одбор на ЛДП, претседателската кандидатура на лидерот на ...

Институциите на државата треба да функционираат во полн капацитет

Време - 22.03.2004

ЦРВЕНКОВСКИ НЕ ГО ПРИФАЌА БАРАЊЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ Барањето на ВМРО-ДПМНЕ да ја ставам во мирување премиерската функција е неумесно бидејќи институциите на државата, особено во овие околности, треба да функционираат со полн капацитет.

ЛДП застана зад Црвенковски

Утрински - 22.03.2004

ОДЛУКА Раководството на владејачките либералдемократи во саботата застана зад претседателската кандидатура на Бранко Црвенковски. На седницата на Централниот одбор на партијата немало гласање или дискусии, туку партијата со акламација прифатила Црвенковски, како партнер во Владата, да биде и нивен ...

Митинзи и блиц-средби со граѓаните

Дневник - 22.03.2004

КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА КАМПАЊАТА Во штабовите на претседателските кандидати најавуваат дека нивните програми ќе се базираат на теми што се во надлежност на претседателот на државата. Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека работат на изборната платформа и на изборниот слоган.

Премиерот Црвенковски не сака да замрзне

Дневник - 22.03.2004

ЦРВЕНКОВСКИ ГО ОТФРЛИ БАРАЊЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара премиерската функција до изборот на претседател на државата да биде ставена во мирување. Македонија не смее да си дозволи да остане без претседател и без премиер во период кога на Косово се случуваат немири, одговори ...