TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Само национален референдум може да ја спаси Македонија

Време - 17.07.2004

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА Иницијативата за национален референдум против новата територијална организација мора да успее или Македонија ќе биде поделена и етнички исчистена, изјави Љубчо Георгиевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната прес-конференција.

Црвенковски му ја даде Македонија под хипотека на Ахмети

Време - 17.07.2004

ВМРО-НАРОДНА: Новата територијална организација е однапред договорена поделба меѓу СДСМ и ДУИ за конкретна реализација на границите на „Голема Албанија“, обвини во вчерашното соопштение новоформираната ВМРО-народна. Во соопштението е нагласено дека станува збор за криминална и трагична поделба ...

Георгиевски: Јас предлагав размена, а Бранко иселува

Вест - 17.07.2004

ЗА ЕКСЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ, правејќи споредба на размената на територии што тој ја предлагаше пред една година со сегашната територијална поделба, вели дека "сега има sидови кои ем се повнатре ем се некршливи, се Љубчо Георгиевски вчера се спротивстави на новата ...

ВМРО - ДПМНЕ повикува на масовен одѕив за референдумот

Утрински - 17.07.2004

Опозциската партија бара легален начин да ја блокира територијалната поделба Сашко Димевски Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, заедно со други незадоовлни партии и здруженија, вчера попладне ги почнаа најавените протести по скопските улици и со блокади во други градови низ државава.

Блокади на патиштата и референдумски потписи

Дневник - 17.07.2004

опозициЈа ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на Скопје и на цела Македонија да му се приклучат на широкиот опозициски фронт и со протести и со блокади да се спротивстават на новата територијална организација на земјава. Коалицијата "Третиот пат", ВМРО-ДПМНЕ, Либералната партија и други помали ...

Почнува ново етничко чистење

Дневник - 17.07.2004

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ Потпишувањето на иницијативата за референдум е најлегитимен начин да се спречи пропаста, рече Георгиевски Договорот за територијалната поделба е ново етничко чистење на Македонците од западна Македонија, обвини вчера Љубчо Георгиевски, поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Криминалната поделба е антимакедонска

Дневник - 17.07.2004

ВМРО-НАРОДНА Криминалната и трагична територијална поделба на Република Македонија договорена помеѓу Бранко Црвенковски и Али Ахмети е антимакедонски и антиисториски чин, обвини вчера ВМРО-Народна партија. Ова партија смета дека поделбата е конкретна реализација на планот за исцртување на границите ...

Опозицијата се обединува

Дневник - 17.07.2004

"ТРЕТИОТ ПАТ" Коалицијата "Третиот пат", ВМРО-ДПМНЕ, Либералната партија и други помали опозициони партии се договорија заеднички да се борат во спречување на изгласувањето на Законот за територијална поделба, соопшти Зоран Витанов, потпретседател на Социјалистичката партија.

Поделба на државата

Дневник - 17.07.2004

НОВА ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗИРАНОСТ Дали молчењето на скопскиот градоначалник не значи компензација за безусловна поддршка од страна на Албанците при претстојните локални избори? Секако, одговорот е позитивен. (можеби човеков периодот на молчењето го замени со учење на албанскиот јазик за полесно да ...

Георгиевски: „Со поделбата започнува етничко чистење“

А1 - 16.07.2004

Поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски смета дека новиот закон за територијална поделба претставува трагедија за Македонија, дијагноза која укажува дека државата се води кон пропаст. Според него, единствената цел на новиот закон е етничко чистење на македонците од западниот дел на ...

Реакции на ВМРО-Народна за територијалната поделба

А1 - 16.07.2004

ВМРО - Народна партија во денешното соопштение оценува дека поделбата која деновива ја објавија СДСМ и ДУИ била договорена претходно и оти претставува конкретна реализиација на планот за исцртување на границите на Голема Албанија, зацртан со Првата призренска лига.

Љубчо ќе ја спасува државава со протести и со потписи

Дневник - 16.07.2004

Од денеска Откако СДСМ и ДУИ се договорија, опозициските партии видоа дека спасот е во референдум, вели Тодор Петров, претседател на СМК Љубчо Георгиевски со своите приврзаници ќе ја поддржи акцијата за собирање потписи за распишување референдум, која ја води Светскиот македонски конгрес.

ВМРО обединета против новата територијална поделба

А1 - 15.07.2004

За ВМРО-ДПМНЕ договорот за новата територијална поделба претставува предавство на македонските национални интереси, што го сториле неколку кариеристи од власта, на кои им одговара сегашната ситуација на хаос и беда. Најголемата опозициска партија најавува дека веќе од утре почнува со серија ...

Преговорите да продолжат во Собранието

Време - 14.07.2004

АНКЕТА - Борис Миоски, инженер - Не ми е јасно како е можно преговорите за територијална поделба да се одвиваат на ваков начин. Желбите на партиите се едно, а тоа што е битно за државата е друго, затоа вакви одлуки не треба да бидат партиски. Овде веќе многу работи не се во ред.