TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Неизвесен рокот за избори

Дневник - 28.02.2004

ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗБОР на претседател Ниту во Уставот ниту во Законот за изборот на претседател на државата не е предвидено кои се роковите за распишување изборите во ваква ситуација Уставниот суд се уште не донел одлука дека има услови за престанок на функцијата на претседателот на државата бидејќи се ...

Јордановски: Ќе ги извршувам и двете функции

Вест - 28.02.2004

Претседателот на Собранието Љупчо Јордановски, кој е вршител на функцијата претседател на државата, истакна дека во парламентот постои висока свест кај сите политички партии за да се надмине овој трагичен момент. "Согласно Уставот, во овој трагичен момент мене ми падна таа должност да вршам две ...

Јордановски ја презеде функцијата Шеф на држава

А1 - 27.02.2004

Откако стана повеќе од јасно дека никој не ја преживеа авионската несреќа покрај Мостар, претседателот на собранието Љупчо Јордановски од утринава ја презеде улогата на шеф на државата. „Во овој трагичен момент мене ми падна одговорноста да вршам две функции на претседател на држава и на собрание“, ...

Јордановски в.д. претседател, нов шеф на државата во април

Утрински - 27.02.2004

Уставниот суд до вчера попладне немаше официјално известување за трајна спреченост во вршењето на претседателската функција КАТИЦА ЧАНГОВА Поради смртта на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, до изборот на нов претседател, функцијата в. д.

Македонија за 40 дена ќе избира нов претседател

Време - 27.02.2004

Уставниот член 81 вели дека во случај на престанок на мандатот на претседателот на државата од кои и да е причини изборот на нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот. Изборите ги распишува претседателот на Собранието.

Што вели Уставот?

Вест - 27.02.2004

КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА Уставот предвидува во случај на смрт, трајна спреченост, оставка, функцијата претседател на државата да ја врши претседателот на Собранието, а тоа во моментов е Љупчо Јордановски од СДСМ. Во Уставниот суд не сакаа да коментираат.

Извадоци од Уставот за преземање на претседателската функција

А1 - 26.02.2004

До изборот на нов претседател на републиката, функцијата претседател на републиката ја врши претседателот на собранието. Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател го утврдува Уставниот суд. Член 82. Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или ...