TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Федерер со историска победа на Вимблдон

А1 - 08.07.2007

Најдобриот светски тенисер Роже Федерер оствари нов дострел за историјата. Се изедначи со славниот Бјерн Борг со пет последовни победи на престижниот гренд слем турнир во Вимблдон. Роже Федерер не дозволи да го загуби приматот крал на лондонската трева.

Венус е шампион на Вимболдон

А1 - 07.07.2007

Венус Вилијамс е новата шампионка на тенискиот гренд слем во вимблдон, Роџер Федерер - Рафаел Надал во утрешното машко супер финале. Постарата сестра Вилијамс, Венус ја освои својата четврта круна на Ол Ингланд Клаб, совладувајќи ја лесно и убедливо сензационалната финалистка, французинката Мерион ...

Надал и Ѓоковиќ се претворија во маратонци

Време - 07.07.2007

ГРАНСЛЕМ-ТУРНИР ВО ВИМБЛДОН Рафаел Надал (Шпанија) и Новак Ѓоковиќ (Србија) одново одиграа маратонски тениски мечеви и се пласираа во четврт-финалето на третиот гранслем-турнир годинава, Вимблдон. На женскиот дел од турнирот Ана Ивановиќ и Венус Вилијамс ја комплетираа втората полуфинална двојка.

Надал и Федерер супериорно во полуфиналето

Утрински - 07.07.2007

Вимблдон Шампионот на Ролан Гарос, вториот носител Рафаел Надал, убедливо го совлада седмиот носител, Чехот, Томаш Бердих 7:6, 6:4, 6:2, и по втора година по ред стигна до полуфиналето на Вимблдон. Таму ќе се сретне со подобриот од вчерашниот меч меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и Маркос Багдатис.

Федерер и Надал во полуфиналето

Дневник - 07.07.2007

Првите двајца носители, Швајцарецот Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал, обезбедија место во полуфиналето на машкиот дел од тенискиот гренд слем, Вимблдон, во Лондон. Првиот фаворит за титулата, Федерер, со 3-1 во сетови го совлада Хуан Карлос Фереро, а Надал меѓу најдобрите четири стигна откако ...

Венус Вилијамс е финалистка на Вимболдон

А1 - 06.07.2007

Венус Вилијамс е првата финалистка на тенискиот гренд слем, Вимблдон, откако попладнево во полуфиналната пресметка славеше над Ана Ивановиќ. За противничка ја чека подобрата од мечот меѓу Жистин Енан и Марион Бартоли. Федерер, Надал и Ѓоковиќ се полуфиналисти на машкиот дел од турнирот.

Надал се врати по 0

Утрински - 06.07.2007

Вториот носител, Шпанецот Рафаел Надал и во осминафиналето од Вимблдон против 14. носител Михаил Јужни покажа дека никој во ниту еден момент не може да биде на чисто со него. Па дури и кога Јужни води со 2:0 во сетови (6:4, 6:3).

Мартиноски очекувал подобро сместување

Дневник - 06.07.2007

Ме изненадија скромните услови во универзитетски дом, сличен на студентските домови во Македонија, вели Мартиноски, кој е поразен на дебито Илија Мартиноски мина дебитантски 55 минути на јуниорскиот Вимблдон, каде што е елиминиран од 14. носител, Рикардо Урсуа од Чиле.

Надал ги "убива" противниците

Вечер Прес - 06.07.2007

Американката Венус Вилијамс се пласира во полуфиналето на Отвореното тениско првенство на Англија откако во четвртфиналето ја совлада Русинката Светлана Кузњецова со 6:3, 6:4. Таа претходно во осминафиналето ја елиминира втората носителка Марија Шарапова (Русија) со 6:1, 6:3.

Не ги соблекувам црвените гаќички

Вечер Прес - 06.07.2007

Натпреварувачите на Грен слем турнирот во Вимблдон, освен што го привлекуваат внимание на јавноста на тениските терени, во исто време и ја забавуваат со своите изјави на прес-конференциите по натпреварите. Некои од нив ќе ве насмејат до солзи, а некои ќе ве натерат да сфатите дека и тие се обични ...

Ивановиќ и Вилијамс во полуфинале на Вимблдон

А1 - 05.07.2007

Дождот на Вимблдон и не е некоја вест, посебно ако се има предвид дека временските услови и многуте прекини секогаш се составен дел од третиот гренд-слем во тениската сезона. И покрај денешната нецелосна програма сепак заврши 1/4-финалната фаза на женскиот и 1/8-финалето на машкиот турнир.

Надал, конечно, го мина третото коло

Вест - 05.07.2007

ТЕНИС - ВИМБЛДОН Четири дена откако почна да се загрева за својот меч со Робин Содерлинг, Рафаел Надал, конечно, вчера го мина третото коло на Вимблдон. На крајот му требаа 20 минути и пет меч-топки за да стави точка на дуелот кој, по Четири дена откако почна да се загрева за својот меч со Робин ...

Најлошо време од 1982 година досега

Време - 05.07.2007

ТУРНИР ВО ВИМБЛДОН Организаторите на тенискиот гранслем-турнир во Вимблдон се соочуваат со најлошите временски услови во последните 25 години од овој турнир. Победникот на Ролан Гарос, Рафаел Надал, и третиот носител на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, уште ги играат своите мечеви од третото коло.

Надал го доби мечот со Содерлинг што започна во понеделникот

Утрински - 05.07.2007

На Шпанецот вчера му беа потребни 20 минути и пет меч топки за пласман во осминафиналето на лондонската трева На Шпанецот Рафаел Надал, вчера, му беа потребни само 20 минути и дури пет меч топки за комплетирање на триумфот над Швеѓанецот Роби Содерлинг со 6:4, 6:4, 6:7, 4:6, 7:5 и пласман во ...

Федерер одморен го чека Надал

Дневник - 05.07.2007

Шампионот не играл пет дена, за разлика од Шпанецот, кој мечот со Содерлинг го играше три дена Шпанецот Рафаел Надал го доби тенискиот блокбастер против Робин Содерлинг од Шведска на гренд-слем турнирот Вимблдон. Двајцата тенисери почнаа да играат пред четири дена и по многу прекини поради дожд, ...

Највлажен Вимблдон во последните 25 години

Вечер Прес - 05.07.2007

Од 177 натпревари дури 142 беа прекинати поради обилните дождови Организаторите на Отвореното тениско првенство на Англија се соочија со највлажниот Вимблдон во последните 25 години од неговото постоење, каде од 177 натпревари дури 142 беа прекинати поради обилните дождови.

Надал се теши со плејстејшен

Вечер Прес - 05.07.2007

Трикратниот шампион на Ролан Гарос и финалист на Вимблдон од минатата година, Рафаел Надал, најде решение како да ја убие досадата и нервозата поради дождот кој постојано им задава проблеми, како на организаторите така и на тенисерите учесници на Грен слемот во Вимблдон.

Од четвртото коло без шампионката Морезмо

Вест - 04.07.2007

ТЕНИС - ВИМБЛДОН Организаторите на Вимблдон се соочуваат со најголемите главоболки со распоредот во последните 25 години, откако вчера само до 16 часот дождот четирипати ги прекина мечевите. Осмиот ден досега вообичае Организаторите на Вимблдон се соочуваат со најголемите главоболки со распоредот ...

Вајдишова ја елиминира Морезмо

Утрински - 04.07.2007

Французинката Амели Морезмо предвреме ја заврши одбраната на титулата на Вимблдон. Подобра од неа, во мечот од четвртото коло, беше чешката тинејџерка Никол Вајдишова која славеше со 7:6, 4:6, 6:1. Ова е најрана елиминација за Французинката на терените на All England Club по 2001 година.

Првенката се збогува од Вимблдон

Дневник - 04.07.2007

Ланската шампионка на Вимблдон Амели Морезмо остана без титулата на 121. издание на Вимблдон, по поразот од Никол Ваидишова со 7-6, 4-6, 6-1 во 4. коло. Новата шема што на шега ја нарекуваат „играј-застани“ поради дождот, и вчера не го одбегна гренд-слемот на трева.

Дождот ја добива битката

Вечер Прес - 04.07.2007

Од вчерашните програма голем број на натпревари почнаа, но не завршија поради лошото време Организаторите на Вимблдон и понатаму се соочуваат со проблеми кои им ги предизвикува врнежливото време. Речиси нема ден во кој се одиграни натпреварите од целата програма.

Морезмо и Јанковиќ елиминирани од Вимблдон

А1 - 03.07.2007

Елиминации на големите фаворити на осмиот ден на тенискиот гренд слем во Вимблдон каде што дождот остана вообичаен декор. Бранителката на титулата Амели Морезмо и третата носителка Јелена Јанковиќ во аут. Чешката тенисерка Никол Вајдисова ја изненади Амели Морезмо и во осминафиналето ја запре на ...

Дождот се поздодевен

Вест - 03.07.2007

ТЕНИС - ВИМБЛДОН Учесниците на Вимблдон вчера повторно си имаа проблеми со здодевниот дожд, кој дозволи да се комплетираат само осум мечеви, од кои повеќето почнаа уште во саботата. Учесниците на Вимблдон вчера повторно си имаа проблеми со здодевниот дожд, кој дозволи да се комплетираат само осум ...

Терористичките напади го искомпликуваа и Вимблдон

Време - 03.07.2007

ЗА ТУРНИР ВО „ОЛ ИНГЛАНД КЛУБОТ “ ВО ЛОНДОН Бариери за автомобили и детален претрес на сите посетители е новиот безбедносен критериум на „Ол Ингланд клубот “во Лондон, каде што од вчера почна да се игра втората недела на најпрестижниот тениски турнир Вимблдон, трет гранслем во годината и ...

Федерер без борба во четврт-финалето

Утрински - 03.07.2007

Неговиот противник во четвртото коло Германецот Томи Хас го предаде мечот поради повреда на стомачните мускули Иако, дождот поприлично ја расипа програмата на Вимблдон, а неделата по традиција е слободен ден на лондонскиот Гренд слем, сепак, првиот светски тенисер Роже Федерер обезбеди место во ...

Морезмо и Шарапова побрзи од дождот

Утрински - 02.07.2007

Единствено Марија Шарапова и Амели Морезмо во саботата беа побрзи од дождот, навремено си ги завршија своите викенд обврски во Лондон и се пласираа во осминафиналето на Вимблдон. Кон нив тргнаа и останатите фаворитки на женскиот дел на третиот годинашен Гренд слем тениски турнир, но немилосрдните ...

Вимблдон исплашен од терористите

Дневник - 02.07.2007

Засилените безбедносни контроли ги нервираат навивачите, но и учесниците Вимблдон си остана доследен на традицијата, да нема тениски мечеви во седмиот ден од турнирот, в недела. Иако дождот ја измести програмата, а организаторите посакуваа и вчерашниот ден да биде искористен за игра, 121-годишната ...

Крадци во соблекувалните и на Вимблдон

Вечер Прес - 02.07.2007

Тенисерите и тренерите годинава на турнирите од Мелбурн до Париз доживеаја барем 15 кражби во соблекувалните, а Вимблдон не беше исклучок. Прв на удар се најде поранешниот победник на Роланд Гарос, Алберт Коста, кому му беше украден паричникот со евра и долари, како и на Лодро.

Дождот сојузник на Шарапова

Вечер Прес - 02.07.2007

На терените на Вимблдон ефективно се играше тенис само 75 минути бидејќи дождот ја измеша целата програма. Вчера беше слободен ден и ако времето дозволи денеска ќе се играат заостанатите дуели Силен дожд ги прекина натпреварите на Отвореното тениско првенство на Англија и ќе продолжат денеска ...