ДУИ утре со блокади на магистралните патишта од Куманово до Струга ќе ја бара својата правда, зошто ги нема во списокот партии за новата влада. Блокадите ќе траат по половина час, меѓу 9 и 30 и 10, на излезите од градовите Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга.
„Дозволени се сите демократски средства, доколку тие не прераснат во радикални“. Вака експертите и политичките аналитичари ги коментираат најавените улични протести на ДУИ поради не влегувањето во новата влада. Во пресрет на петгодишнината од рамковниот договор, велат дека нема опасност по ...
Скопје Блокади на магистрални патишта и крстосници во Скопје без најава за времето и локацијата, најавија за денеска активисти на ДУИ. Симпатизерите и членови на ДУИ на Али Ахмети ова го навестија вчера, за време на ненајавените блокади во центарот на Скопје околу Собранието.
Скопје Се што е во согласност со законите и Уставот, ДУИ може да го прави и тоа е легитимно. Се што е спротивно на тоа, е правење проблеми на самите себе. Ова, во синоќешното интервју за телевизијата А1 го истакна мандатарот за состав на новата влада, Никола Груевски, кој при тоа нагласи дека нема ...
Битола Пратениците од Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) да се вратат во Собранието, повика денеска претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски. „Не би сакал ДУИ да го напушти парламентот, за тоа што тоа нема да биде добро за нив, за демократијата и на крај не е добро за ...
Тетово Крај на протестите и блокадите поради невклучувањето во владата објавија денеска лидерите на коалицијата ДУИ-ПДП Али Ахмети и Абдулади Вејсели, јави дописникот на Макфакс од Тетово. Целта на блокадите, според Ахмети, била да се покаже дека не само нивните гласачи, туку и сите Албанци се ...
Скопје Вербални инциденти и едно оштетено возило е билансот на едночасовната блокада што ДУИ и ПДП ја организираа денеска пред Собранието, јави Радио Скопје. Според истиот извор без инциденти минале блокадите што Демократската унија за интеграција и Партијата за демократски просперитет ги ...
Интегративците од понеделник ќе ги блокираат главните сообраќајници во десетина града во западниот дел на државава БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Стотици, можеби и неколку илјади приврзаници на Демократската унија за интеграција од понеделник ќе ги блокираат главните сообраќајници во десетина града во западниот ...
Пратениците нема да ги вратат мандатите, но ДУИ најверојатно ќе го бојкотира Собранието кога ќе се избира владата Демократската унија за интеграција од понеделник ќе организира масовни протести во знак на револт зашто нема да е дел од владата и за да укаже дека мандатарот Никола Груевски на тој ...
ДУИ НА УЛИЦИ ЌЕ ГО ИСКАЖУВА НЕЗАДОВОЛСТВОТО Сунчица Стојановска Демократската унија за интеграција (ДУИ) од понеделник ќе излезе на масовни протести во знак на револт затоа што не влезе во новата влада, иако освои повеќе пратенички мандати од ДПА.
Стравувања за подгревање меѓуетнички тензии по најавата за улични протести од ДУИ. Доаѓаат од македонските академици. Се апелира до партијата на Ахмети да биде разумна. Треба да се согледаат поголемите последици што можат да произлезат од тој чин, е официјалниот став на МАНУ Стравувања за ...
ВМРО-ДПМНЕ Одлуката на ДУИ да излезе од понеделник на протести во знак на револт бидејќи не е вклучена во новата влада е нивно демократско право, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. Партискиот портпарол Александар Бичиклиски не е загрижен поради ваквата одлука, а ја поздравува одлуката на интегративците да ...
ПДП – коалициониот партнер на ДУИ веќе три часа во Тетово гради став дали ќе ги подржи протестите на ДУИ најавени за во понеделник ПДП коалициониот партнер на ДУИ веќе три часа во Тетово гради став дали ќе ги подржи протестите на ДУИ најавени за во понеделник.
ОФИЦИЈАЛЕН ВАШИНГТОН ПОДДРЖУВА УСТАВНА ВЛАДА ВО МАКЕДОНИЈА ДУИ завчеравечер најави масовни протести од понеделник, но се пишмани по изјавата на помошникот на државниот секретар во Стејт департментот Розмари Ди Карло дека партијата треба да биде конструктивна опозиција Демократската унија за ...
Вашингтон - Соединетите Американски Држави ќе ја поддржуваат идната македонска влада без разлика што во неа нема да партиципира ДУИ, соопшти Стејт департментот. Пораката за ДУИ, која во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик ја испрати заменик-помошникот државен секретар во Стејт ...
Скопје Блокадите на ДУИ во знак на протест поради невклучувањето во извршната власт, денеска во Скопје се одвиваа во центарот на градот. Во траење од 45 минути, ненајавено, ДУИ ги блокираше двете главни крстосници пред Собранието и кај зградата на Црвениот крст на Македонија.
Скопје Блокадите на ДУИ во знак на протест поради невклучувањето во извршната власт, денеска во Скопје се одвиваа во центарот на градот. Во траење од 45 минути, ненајавено, ДУИ ги блокираше двете главни крстосници пред Собранието и кај зградата на Црвениот крст на Македонија.
Тетово Пратениците на Демократската унија за интеграција(ДУИ) и на Партијата за демократски просперитет (ПДП) денеска ќе протестираат пред Собранието и нема да учествуваат во расправата за избор на новата Влада. Ова синоќа во Тетово го изјави членот на раководството на ДУИ Теута Арифи, по ...
Скопје Меѓу 4.000 и 5.000 приврзаници на коалицијата ДУИ-ПДП се собраа пред македонското Собрание во знак на протест што не станаа дел од извршната власт. Околу 11 часот пред Собранието пристигна и лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, придружуван од градоначалниците во ...
Скопје Протестот на ДУИ и ПДП пред Собранието на Македонија заврши мирно. Меѓу 4.000 и 5.000 приврзаници на коалицијата ДУИ-ПДП денеска нешто повеќе од еден час протестираа пред парламентот, затоа што не станаа дел од извршната власт.
САД ја поддржаа Владата на Никола Груевски во која нема да партиципира ДУИ, на која, пак, и порачаа како опозиција да ги поддржи реформите. - САД ќе работат со која било влада што е избрана во согласност со Уставот на Македонија.
Никој не може да го оправда однесувањето на ДУИ, затоа што е јасно дека мандатарот го има правото за формирање Влада и тој решава со кои политички партии ќе коалицира. Ако некои политички партии сакаат по секоја цена да станат дел од власта, тоа означува дека тие партии немаат јасен облик - час се ...
Меѓународната заедница нема ништо против најавата на ДУИ за улични протести, зошто и тие се демократски начин на изразување на незадоволството. Висок европски дипломат за А1 изјави дека нема ништо лошо во излегувањето на улица, но под услов протестите да бидат мирни и достоинствeни.
ОМЕКНА СТАВОТ НА ДУИ ЗА БОЈКОТ НА СОБРАНИЕТО Професорот Владо Поповски тврди дека ако пратениците на ДУИ и ПДП ги вратат мандатите, Собранието може да работи и без нив и нема да има нови избори Намерата на ДУИ и ПДП со враќањето на мандатите на сите 17 пратеници во Собранието на Македонија, во знак ...
ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА АХМЕТИ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД НАЈАВЕНАТА СТРАТЕГИЈА Улични протести, откажување од пратеничките мандати, бојкот на државното знаме, непослушност на градоначалниците на ДУИ се некои од предлозите што стигнуваат од општинските разграноци до централата на оваа партија, во знак на протест ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) од понеделник најави масовни протести за да го искаже незадоволството бидејќи партијата не е дел од владејачката структура Скопје, 4 август (МИА) - Демократската унија за интеграција (ДУИ) од понеделник најави масовни протести за да го искаже незадоволството ...
Покрај протестите, ДУИ нема да го признава и легитимитетот на новата влада Борис Георгиевски Али Ахмети и неговите приврзаници ќе протестираат по улици незадоволни од одлуката на мандатарот Никола Груевски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ да не ги вклучи во составот на идната влада.
Уставот е јасен, вонредни избори се распишуваат само ако повеќе од половината пратеници поднесат оставки, вели професорот Владо Поповски Целосен бојкот на Собранието, враќање на пратеничките мандати, улични протести, масовни демонстрации, блокади на патиштата, бојкот на сите проекти на владата на ...
Тетово Пратениците на Демократската унија за интеграција(ДУИ) и на Партијата за демократски просперитет (ПДП) нема да учествуваат во расправата во Собранието за избор на новата Влада. Ова вечерва во Тетово го изјави членот на раководството на ДУИ Теута Арифи, по заедничкиот состанок на ...
Тетово Централното претседателство на Партијата за демократски просперитет (ПДП) денеска треба да реши дали ќе ги врати мандатите во знак на протест затоа што нивната коалиција не е вклучена во владата. Вчера лидерот на партијата Абдулади Вејсели беше на консултации кај американската амбасадорка ...
Скопје Решението на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за масовни протести е нивно демократско право. Ова денеска го изјави портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Александар Бичиклиски, запрашан за коментар на партијата околу ставовите и намерите на ДУИ донесени на синоќешната седница на врвот на ...
Тетово Масовни протести од понеделник, 07.08.2006, ќе преземе Демократската унија за интеграција(ДУИ), да го искаже незадоволството зашто не е партија во идната власт во Македонија. Ова доцна синоќа беше соопштено во штабот на партијата во Мала Речица, Тетово, по четири часовната седница на ...
Скопје Блокадите на дел од патиштата во Македонија што ги спроведува Демократската унија за интеграција(ДУИ) продолжија и денеска со зголемено времетраење од 15 минути. ДУИ започна со блокадите пред 8 дена, во знак на протест затоа што не се вклучени во извршната власт од страна на мандаторот ...
Масовни протести од понеделник на што инсистирале ограноците, ова е еден од заклучоците на централното претседателство на ДУИ кое заседаваше во проширен состав, со претседателите на ограноците на партијата. Иако најавија бојкот на институциите, пратениците од ДУИ и нивниот коалиционен партнер ПДП ...
Каква е логиката да ги задржиме пратеничките мандати кога победничката коалиција гази врз волјата на Албанците, вели висок функционер на ДУИ Трае неизвесноста дали и кога пратениците на ДУИ ќе се вратат во собраниските клупи, откако ја бојкотираа седницата на која беше избран Љубиша Георгиевски за ...
ДУИ ГО БОЈКОТИРАШЕ ИЗБОРОТ НА СПИКЕРОТ НА СОБРАНИЕТО Пратениците на Демокртаската унија за интеграција во вторникот ја бојкотираа собраниската седница на која се бираше новиот спикер на Парламентот. Пратеникот Азиз Положани тврдеше дека овој став на ДУИ и ПДП им е наметнат од неодговорното ...
Во ДУИ допрва ќе се консултираат и повторуваат дека во игра се и опциите за враќање на мандатите и протести на улиците ДУИ дополнително ќе одлучи дали ќе го бојкотира и изборот на владата и воопшто работата на Собранието откако завчера ја напушти седницата за изборот на Љубиша Георгиевски за ...
Скопје „Демократската унија за интеграција е за унитарна Македонија со консенсуална демократија и консенсуално носење на решенија и партнерство’. Ова во интервју за бугарската агенција Фокус го изјавила Ермира Мехмети, портпарол на ДУИ, одговарајќи на прашањето што сака да постигне партијата со ...
Вашингтон Соединетите Американски Држави индиректно ја поддржаа идната Влада на Македонија во која нема да партиципира ДУИ, на која директно и порачаа „како опозиција да ги поддржува реформите“. „САД ќе работат со која и да е́ влада што е формирана во согласност со Уставот на Македонија. ...
- Сите политички субјекти во Македонија треба да се соочат со новата политичка реалност по парламентарните избори и треба одговорно да ја прифатат, смета претседателот Црвенковски во врска со одлуката на пратениците од ДУИ да ја напуштат конститутивната седница на Парламентот кога се избираше ...
Само две минути, толку пратениците на ДУИ присуствуваа на конститутивната седница за избор на собраниски претседател. Ја прочитаа својата политичка декларација и си заминаа. „На коалицијта ДУИ - ПДП и се наметнува да ја напушти оваа собраниска седница, за да не ја споделиме одговорноста со вас, што ...
Пратениците од коалицијата ДУИ - ПДП ја напуштија денешната собраниска седница на која треба да се избере претседател на Парламентот. Тие сметаат дека се уште се легитимни демократски претставници на гласачите Албанци Скопје, 1 август (МИА) - Пратениците од коалицијата ДУИ - ПДП ја напуштија ...
ДУИ не ја исклучува можноста да ја бојкотира конститутивната седница и изборот на Љубиша Георгиевски за претседател на Собранието Партијата на Али Ахмети не ја исклучува можноста денеска да ја бојкотира конститутивната седница и изборот на Љубиша Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на ...
Тетово Новоизбраните пратеници од редовите на ПДП нема да учествуваат во работата на Собранието на Република Македонија. Ова е ставот на најтесното партиско раководство по саботниот состанок со пратениците, одржан во Тетово. „Раководството на ПДП останува на ставот дека единствено решение за излез ...
Скопје Пратениците од ДУИ денеска ја напуштија собраниската седница на која треба да се избере нов претседател на парламентот, по што по барање на СДСМ, претседавачот објави пауза. Пратеникот Азис Положани во името на ДУИ во парламентот ги повтори обвинувањата против мандатарот за состав на новата ...
Тетово Партијата за демократски просперитет (ПДП) денеска ќе решава дали ќе ги врати мандатите во Собранието на Македонија. Според телевизијата А1, која се повикува на извори во ВМРО-ДПМНЕ, поделени се мислењата за тоа дали ПДП ќе ги врати мандатите, или, пак, ќе влезе во новата власт.
ПДП СЕПАК СЕ ПРЕМИСЛУВА ДА ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДАТА "Никола Груевски самиот ги стави под знак прашалник својата легитимност како мандатар, но и на Владата што ја формира, без да ја почитува волјата на мнозинството граѓани-Албанци", рече лидерот на ДУИ Али Ахмети на саботниот прес во Мала Речица.
Преговорите беа еднострано прекинати од Груевски. Оваа одлука е чин без преседан, дволичност и политичка незрелост Оливера Војновска Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откако интегративците дефинитивно отпаднаа од игра за учество во новата Влада, викендов го обвини мандатарот Никола Груевски дека сака да ...
ОТКАКО ВМРО-ДПМНЕ ЈА ОТКАЧИ ДУИ Се гради коалиција за поделба на Македонија - на граѓаните, етничките групи и на верските заедници, реагираше лидерот на ДУИ Али Ахмети, откако мандатарот Никола Груевски соопшти дека оваа партија нема да влезе во идната влада.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети завчера во Тетово го обвини мандатарот Никола Груевски дека направил „коалиција за поделба на граѓаните, на етничките групи и верските заедници, за поделба на Македонија како држава“ Блокирање на законите во парламентот за кои се потребни двотретинско мнозинство и ...
Албански интелектуалци се јавија со поддршка на партијата на Али Ахмети. Идната влада без ДУИ ќе нема легитимитет за Албанците, а сите што ќе ја поддржат ќе сносат одговорност на евентуалното назадување на демократијата во Македонија се огласи граѓанско движење насловено поинаку поддржано од ...