TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Скендербег меѓу историјата и митот

Утрински - 19.02.2008

Издавачот „Култура“ промовираше историографско дело под наслов „Скендербег“ од Марин Барлети Невена Поповска Македонскиот читател со преводот од латински на македонски јазик на делото на првиот биограф на Скендербег, Марин Барлети, кое го објави издавачката куќа „Култура“, добиваат можност изворно ...

Романизираната биографијата на Скендербег првпат на македонски јазик

Време - 19.02.2008

ПРОМОВИРАНО НОВО ИЗДАНИЕ НА „КУЛТУРА“ Издавачката куќа „Култура“ ја промовираше книгата „Скендербег“ од Марин Балети, превод на историографска книга, која првпат била објавена во 1508 и во 1510 година во Рим. Делото е романизирана биографија за Скендербег, а авторот бил негов современик.

"Скендербег" на македонски јазик

Вест - 19.02.2008

ВО "КУЛТУРА" Првиот македонски превод на историографското дело "Скендербег" на Марин Барлети, вчера беше промовирано во издание на издавачката куќа "Култура". Биографијата за животот и славните подвизи на Христовиот воин Георгиј Кастриот, Барлети ја напишал на средновековен латински јазик, по ...

Пет века стариот „Скендер-бег“ објавен на македонски јазик

Дневник - 19.02.2008

Познатото историографско дело за големиот балкански војсководец од 15. век „Скендер-бег“ што Марин Барлети, писателот и историчар, го напишал пред петстотини години вчера беше промовирано на македонски јазик во книгоиздателството „Култура“.

Скендербег по современикот Барлети

Вечер Прес - 19.02.2008

За делото на овој војсководец и во најмала рака балкански јунак е, всушност, можност за коренспондирање на сегашноста и поттикнување на заедништвото во една мултикултурна средина каква што е Македонија, рече на вчерашната прес-конференција, Иван Катарџиев, автор на предговорот на книгата во ...

Делото „Скендербег“ од Барлети преведено на македонски

А1 - 18.02.2008

Историографското дело „Скендербег“ од Марин Барлети во издание на книгоиздателството „Култура“ е првиот превод од латински јазик на некој од словенските јазици. Автори на преводот на македонски јазик се професорките Љубинка Басотова и Весна Димковска Јањатова.

Прва биографија на Скендербег преведена од латински на македонски

Канал5 - 18.02.2008

Граѓаните на Македонија со превод од латински на македонски јазик за првпат ќе можат да го прочитаат делото на првиот биограф на Скендербег, Марин Барлети. Барлети во делото на Скендербег пишува за неговата храброст во одбрана на христијанските вредности.