TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Казнет кошаркарскиот клуб „Куманово“ поради инцидент со „Фершпед работнички“

А1 - 26.05.2002

Шест натпревари како домаќин над 50 километри оддалеченост од Куманово и парична казна од 78 илјади денари. Ова е казната за кошаркарскиот клуб „Куманово“, која денеска ја одреди комесарот на Супер лигата Томче Димишковски, поради завчерашниот инцидент по вториот натпревар со „Фершпед работнички“ ...

К.К. Фершпед Работнички најостро реагира по случувањата во Куманово

А1 - 25.05.2002

К.К. Фершпед Работнички најостро протестира по она што синоќа се случуваше во Куманово на финалниот дуел од плеј офот. Наместо вистински празник за љубителите на кошарката, видовме и почувствувавме едно невидено насилие и вандализам што со спортот нема ништо заедничко.

"Шпедитерите" посакуваат реприза на првиот меч

Вест - 24.05.2002

Кошарка- плејоф, финале Вечерва во 19.30 часот во Куманово ќе се одигра вториот меч од финалната серија во македонското кошаркарско првенство,во кој домашната екипа го пречекува осумкратниот првак на Македонија, Фершпед Работнички.

Фершпед Работнички ја анулираше предноста на кумановци

Вест - 23.05.2002

Кошарка - плејоф, финале Кошаркарите на Фершпед Работнички го совладаа Куманово во првиот финален натпревар на плеј-офот. Со оваа победа шампионот го израмни резултатот во финалната серија на 1:1 во победи и му порачна на искусниот тим на Куманово дека нема да дозволи шампионскиот пехар без борба ...

Работнички Фершпед голем фаворит во реприза на ланското финале

Вест - 22.05.2002

Денеска се играат и првите полуфинални средби во машкиот одбојкарски шампионат на Македонија. Актуелниот освојувач на двојната круна, Работнички Фершпед во 17 часот во салата "Граски парк"ја пречекува екипата на Лирија од Жеровјане, која ја порази во првенственото финале и во финалето на Купот во ...

Куманово влегува со предност во финалето

Дневник - 21.05.2002

КОШАРКА - ПЛЕЈОФ, МАЖИ Фершпед Работнички и Куманово вечерва (19.30 часот, МТВ пренос) ја почнуваат завршната серија во плејофот во македонското кошаркарско првенство. Се игра до 4 добиени средби, а поради подобриот меѓусебен скор од регуларниот дел на првенството, Куманово ќе стартува со предност ...

"Шпедитерите" ја бранат титулата против искусните кумановци

Вест - 21.05.2002

Кошарка - Плеј-оф финале, мажи Вечерва во 19.30 часот во салата "Градски парк" ќе се одигра првиот финален натпревар од кошаркарскиот шампионат на Македонија во машка конкуренција. Ќе се сретнат осумкратниот шампион на Македонија, Фершпед Работнички и екипата на Куманово, која за првпат во својата ...