TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Херцог: Членство на Бугарија и Романија во 2007-ма е скандал

А1 - 21.05.2006

И поранешните европски лидери се вклучуваат во дебатата за проширувањето на Европската Унија. Според Роман Херцог, кој од 1994-та до 1999 година беше на чело на германската држава, евентуалниот прием на Бугарија и Романија во Европската Унија во 2007 година е скандал и голема фарса.

Роман Хрецог: Приемот на Бугарија и на Романија во ЕУ догодина ќе биде фарса

Канал5 - 21.05.2006

Приемот на Бугарија и на Романија во ЕУ во 2007 година ќе биде скандалозно и огромна фарса бидејќи и двете држави треба да завршат уште многу работа пред да му се приклучат на европското семејство, оценува поранешниот претседател на Германија Роман Херцог во интервјуто за германскиот весник Фокус.

Рен: Проширувањето ...

Вест - 20.05.2006

Брисел, 20 мај - Проширувањето на Европската унија ќе забави и нема да има нов прием на членки, најмалку до 2009 година, по приемот на Бугарија и Романија. Ова во Брисел во Европскиот политички центар го изјави еврокомесарот за проширување Оли Рен.

По Романија и Бугарија, ЕУ ќе крене кочница

Утрински - 20.05.2006

Оли Рен сега зборува дека европската јавност треба да биде убедена за проширување на Унијата БРИСЕЛ - Проширувањето на Европската унија ќе се забави откако ќе се приклучат Романија и Бугарија, при што нови членки веројатно нема да се приклучат додека не се остварат институциски и буџетски реформи ...

Тесно му се крои на проширувањето на ЕУ

Дневник - 20.05.2006

По приемот на Романија и на Бугарија во ЕУ, Брисел ќе работи на Агенда 2009 или Агенда 2014, која треба да ги опфати новите проширувања Европската Унија мора да се реформира пред да прими нови земји-членки, а во меѓувреме од јунскиот самит се очекува да усвои чекор по чекор пристап за ...

Рен: Проширувањето на ЕУ ќе забави по влезот на Бугарија и Романија

А1 - 19.05.2006

Последниот Мохиканец кој се залагаше за брз прием на нови членки во ЕУ попушти пред стравот на скептичните европски колеги. Комесарот за проширување на ЕК Оли Рен денеска објави дека по приемот на Бугарија и Романија, најмалку до 2009 година Унијата ќе биде затворена за нови членки.

Обесхрабрувачки сигнали до Западен Балкан од ЕУ

Време - 19.05.2006

„ИНТЕРНЕШНЕЛ ХЕРАЛД ТРИБЈУН“ Со одложувањето на одлуката за тоа дали Бугарија и Романија се подготвени за влегување во Европската Унија следната година, Европската комисија испрати негативен сигнал до земјите од Западен Балкан - Албанија и дел од земјите од поранешна Југославија - чии шанси за ...

ЕУ ќе ги вреднува балканските кандидати според заслугите

Утрински - 19.05.2006

Британските медиуми со големи резерви околу влезот на Романииа и посебно на Бугарииа во ЕУ Од нашиот дописник Томислав Ивановски ЛОНДОН - Речиси две години во британските медиуми Бугарија се прикажува, без малку, како развојно „чудо на Балканот“, силно поддржувана во нејзините европски определби и ...

ЕУ испраќа лоши вести за Западен Балкан

Утрински - 19.05.2006

Кредибилитетот на ЕУ во регионот е сериозно поткопан, пишува „Интернешенел хералд трибиун" БЕРЛИН - Со одложувањето на одлуката околу тоа дали Бугарија и Романија следната година ќе бидат подготвени за влез во ЕУ, Европската комисија испрати негативен сигнал до земјите од Западен Балкан - Албанија ...

Рен: Исланд ќе влезе во ЕУ пред Македонија, Хрватска и Турција

Канал5 - 19.05.2006

Ниту Македонија, ниту Хрватска, ниту Турција. Исланд, според еврокомесарот за проширување Оли Рен, ќе биде земјата која ќе се зачлени во Унијата непосредно по Бугарија и Романија, но тоа нема да биде порано од 2009 та година. Ниту Македонија, ниту Хрватска, ниту Турција.

ЕУ поединечно ќе ги оценува Романија и Бугарија

Вест - 18.05.2006

Букурешт, 18 мај - Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо вчера во Букурешт изјави дека Романија и Бугарија ќе бидат поединечно оценети во однос на нивниот напредок за членство во Европската унија. - Би сакале влезот на двете држави да се случи истовремено, но секој случај е ...

Шест слаби точки на Бугарија и Романија

Време - 18.05.2006

ОЦЕНА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Одлуката на Европската комисија да расправа за приемот на Бугарија и Романија при крајот на годинава различно се толкува во двете земји-кандидати. Според бугарскиот премиер Сергеј Станишев, охрабрува тоа што Комисијата не решила да го одложи приемот на Бугарија и ...

Да се искачи планина за пет месеци

Дневник - 18.05.2006

Властите во Бугарија и во Романија велат дека веќе имаат планови за акција Романија и Бугарија имаат само пет месеци за да докажат дека ги спроведуваат реформите и заслужуваат да бидат членки на Европската Унија, што би претставувало чудо за земјите, кои со години се немоќни во борбата против ...

Бугарија и Романија баксузи!

Вечер - 18.05.2006

Бугарија и Романија се баксузни нивниот влез во Европската унија да се совпаѓа со внатрешната криза на Унијата, правејќи од нив жртви на неуспешните референдуми за европскиот устав во Франција и во Холандија, констатира лондонски Индепендент, коментираќи ја одлуката на Брисел за наесен да го одложи ...

Романија и Бугарија ќе бидат поединечно оценети

А1 - 17.05.2006

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска во Букурешт изјави дека Романија и Бугарија ќе бидат поединечно оценети во однос на нивниот напредок за членство во Европската Унија. „Би сакале влезот на двете држави да се случи истовремено, но секој случај е индивидуален“, нагласи ...

ЕУ за Бугарија и за Романија ќе решава до октомври

Време - 17.05.2006

БРИСЕЛ НЕРЕШИТЕЛЕН Европската комисија вчера соопшти дека најдоцна до октомври ќе одлучи дали Бугарија и Романија ќе станат полноправни членки на Европската Унија на 1 јануари 2007 година, како што беше договорено. Претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Баросо, изјавил дека двете земји имаат ...

ЕУ за Романија и Бугарија ќе решава во октомври

Вест - 17.05.2006

БРИСЕЛ, 17 мај (Ројтерс) - Европската унија вчера ги извести Бугарија и Романија дека во блокот ќе може да влезат во 2007 година под услов да поминат на последната ревизија на почетокот на октомври за нивната борба против корупцијата и подобрувањето на државната администрација.

Последни услови за Бугарија и за Романија

Утрински - 17.05.2006

Европската комисија не донесе конечна одлука за членството на балканските земји во Унијата Четири месеци рок за да се поправат големите слабости Од наШиот дописник Тони ГламЧевски Стразбур - Европската комисија смета дека Романија и Бугарија ги удвоија напорите за да ги исполнат критериумите за ...

Испитот за Бугарија и Романија одложен за октомвриска сесија

Дневник - 17.05.2006

Бугарија и Романија веројатно ќе станат полноправни членки на Европската Унија в година, но датумот за нивниот прием ќе биде објавен во октомври. Ова вчера и официјално го објави Европската комисија, во извештајот за напредокот на двете црноморски земји на патот кон ЕУ.

Индепендент: Бугарија и Романија се жртви на неуспешните еврореферендуми во Франција и во Холандија

Канал5 - 17.05.2006

Бугарија и Романија се баксузни нивниот влез во Европската унија да се поклопува со внатрешната криза на Унијата, правејќи од нив жртви на неуспешните референдуми за европскиот устав во Франција и во Холандија, констатира лондонски Индепендент коментирајќи ја одлуката на Брисел за наесен да го ...

Баросо најави поединечно оценување на напредокот на Романија и Бугарија за влез во ЕУ

Канал5 - 17.05.2006

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска во Букурешт изјави дека Романија и Бугарија ќе бидат поединечно оценети во однос на нивниот напредок за членство во Европската унија. Букурешт, 17 мај (МИА) - Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска во Букурешт ...

Условно „да“ за приемот на Бугарија и Романија во ЕУ

А1 - 16.05.2006

Условно „да“ за приемот на Бугарија и Романија во ЕУ во 2007-ма, препорачува Европската комисија. Во соопштението се најавува дека Софија и Букурешт ќе можат да очекуваат прием во ЕУ во 2007-ма, но само доколку до есен ги исполнат преостанатите 10-тина услови.

Во октомври одлука за прием на Бугарија и Романија во ЕУ

А1 - 16.05.2006

Европската комисија ја одложи одлуката за членство на Бугарија и Романија. Според соопштението од Брисел, крајната препорака дали влезот во ЕУ да се одложи за 2008-ма ќе зависи од извештајот кој ќе биде објавен во октомври. Организираниот криминал, корупцијата и неефикасната администрацијата се ...

Три можни одговори за Бугарија и за Романија

Време - 16.05.2006

БРИСЕЛ ДЕНЕС ЌЕ ДАДЕ ОЦЕНКИ Европската комисија денес ќе објави извештај за подготвеноста на Бугарија и Романија на 1 јануари 2007 година да влезат во Европската Унија. Жозе Мануел Баросо, претседател на Европската комисија, за „Би-би-си“ завчера изјавил дека посакува што поскоро да ги види ...

Граѓаните не се убедени дека се подготвени за членство

Утрински - 16.05.2006

Пред најавеното приклучување на Романија и на Бугарија во ЕУ на 1 јануари 2007 година Романците и Бугарите се скептични, бидејќи се соочени со сиромаштија и огромна корупција и криминал СОФИЈА/БУКУРЕШТ - Бугарија и Романија се очекува да добијат привремено зелено светло за влез во ЕУ во 2007 ...

Бугарски медиуми - ЕК е за Бугарија и Романија да влезат во 2007 година, но одлука во септември

Канал5 - 16.05.2006

Европската комисија денеска попладне ќе објави во извештај за Бугарија и Романија дека 2007 година е можно да биде датум за приклучување на двете држави во Унијата, но одлуката за датумот ќе биде донесена во септември, јави бугарската агенција БТА повикувајќи се на изјава на евронабљудувач.

Од Бугарија и Романија ќе дојдат 300.000 работници!

Вечер - 16.05.2006

Проширувањето на Европската унија со уште две нови членки ќе и донесе на Велика Британија нови 300 илјади странски работници, се наведува во најновата анкета за движењето на домашниот пазар на работна сила и процесот на проширување на ЕУ.

ЕУ бара Бугарија и Романија да ги решат проблемите до септември

Вест - 15.05.2006

БРИСЕЛ (Ројтерс) - Европската Комисија е подготвена да им каже "да, ако..." на Бугарија и Романија дека можат да се придружат на ЕУ догодина, само ако направат силни кампањи против криминалот и корупцијата. Среде се поголемата загриженост на јавноста во Западна Европа околу ширењето на блокот од 25 ...

Бугарија и Романија неподготвени за ЕУ

Време - 15.05.2006

СПОРЕД БРИТАНСКИ „ДЕЈЛИ ТЕЛЕГРАФ“ Бугарија и Романија се целосно неподготвени за влез во Европската Унија на 1 јануари 2007 година бидејќи не се способни да се справат со проблемите, пишува британски „Дејли телеграф“. Според весникот, и порано во ЕУ се примале сиромашни и корумпирани земји, но ...

Европско „да, ако“ за членство на Бугарија и на Романија

Утрински - 15.05.2006

Во услови на се поголема неизвесност за дополнителното проширување на ЕУ Бугарија се уште има големи проблеми со малверзациите, организираниот криминал и перењето пари, додека пак романските недостатоци и понатаму се повеќе технички прашања, како на пример безбедноста на храната БРИСЕЛ - Европската ...

Добредојде за најсиромашните

Дневник - 15.05.2006

Европската Унија никогаш досега немала толку сиромашни и корумпирани членки какви што се Бугарија и Романија, пишува весникот „Дејли телеграф“. - Организираниот криминал во Бугарија е надвор од контрола. Политичари не смеат никаде да се движат без панцирен елек - пишува лондонскиот весник.