TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Фонтаната осамна во пена

Време - 08.06.2006

ВЧЕРАУТРО Несовесни граѓани фрлиле чашки со детергент во фонтаната „Лотосов цвет“ на влезот во Градскиот парк, информираат од градската управа, откако вчераутро фонтаната осамна покриена со пена. - Пријавивме во ЈП „Водовод и канализација“ да ги отстранат чашките и да ја прочистат водата.

Се пребојува фонтаната „Лотосов цвет“

Дневник - 06.06.2006

Фонтаната „Лотосов цвет“ на влезот во Градскиот парк деновиве ќе добие подновен лик, откако градските власти ќе ја завршат акцијата за нејзиното пребојување. Внатрешноста на фонтаната се премачкува со заштитна боја, а надворешниот дел се бојосува во бело.

Нов амбиент кај фонтаната „Лотосов цвет“

Утрински - 05.06.2006

Реконструкција Градот деновиве го уредува просторот на влезот од Градскиот парк кај фонтаната „Лотосов цвет“, кој полека добива нов амбиент. Се премачкува и внатрешноста на фонтаната со заштитна боја, додека надворешниот дел се бојосова со бела боја. Се освежуваат и жардињерите.

Нов лик за фонтаната во паркот

Време - 05.06.2006

АКЦИЈА Фонтаната „Лотосов цвет“ на влезот во Градскиот парк и просторот околу неа наскоро ќе добијат нов лик, најавуваат од градската управа. Нивни екипи деновиве почнале да ги менуваат дрвените клупи околу фонтаната. Жардиниерите ќе се бојадисуваат, а ќе се засади и цвеќе и грмушки.

Се уредува фонтаната Лотосов цвет во Градски парк

Вест - 05.06.2006

Градските власти го уредуваат просторот на влезот во Градскиот парк кај фонтаната Лотосов цвет. Внатрешноста на фонтаната се премачкува со заштитна боја, а надворешниот дел се бојосува во бело. Оштетените дрвени седалки околу фонтаната се заменуваат со нови.