TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Дејан Недев единствен со медал

Дневник - 07.06.2005

ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ - ЕП ВО МАЛТА Дејан Недев освои бронзен медал во дисциплината фукуго на 26. Европско сениорско првенство во традиционално карате што се одржа во Коспика (Малта). Третото место на Недев е најголемиот успех на нашите каратисти што учествуваа на еврошампионат, а за истакнување се ...

Бронзен медал за Дејан Недев

Утрински - 07.06.2005

На 26. ЕП во карате што се одржа на Малта Дејан Недев го освои бронзениот медал во дисциплината фукуго во поединечна конкуренција на 26. Европски карате шампионат за сениори што од трети до петти јуни се одржа во Коспика на Млата на кој настапија вкупно 437 натпреварувачи од 26 земји.

Бронза за Дејан Недев

Вест - 07.06.2005

НА ЕП ВО ТРАДИЦИОНАЛНО КАРАТЕ По освоеното сребро на последното ЕП во Скопје, Дејан Недев ја збогати својата колекција медали од континенталните шампионати со бронза. Тој заврши на третата позиција во дисциплината фукуго на 26. ЕП во традиционално карате, што викендов се одржа во Коспика, Малта.

Бронзен медал за Дејан Недев

Вечер Прес - 07.06.2005

Најдобриот македонски традиционален каратист, Дејан Недев ја продолжи серијата на успеси на меѓународен план, откако викендов, на Малта, на 26. Европско сениорско првенство, се закити со бронзен медал во дисциплината фукуго-поединечно.