TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Лоби-групи се обидуваат да го турнат тендерот за пасоши

Утрински - 19.11.2005

Комисијата за јавни набавки ги отфрла обвинувањата за несоодветен избор на фирма за изработка на новите документи Лоби-групи пласираат дезинформации, повикувајќи се на експерти кои не постојат, обидувајќи се да турнат еден чист законски тендер, велат во МВР ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Македонскиот пасош ќе ...

Набавката на нови пасоши не е тендер за чорапи

Дневник - 19.11.2005

РЕАКЦИЈА НА МВР ЗА ТЕНДЕРОТ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ Македонски пасоши ќе се изработуваат со нови машини, а не со старите на "Гизеке и Дервиент", кои ги одбиле во Србија и Црна Гора, реагираат во МВР по, како што велат, "објавените лаги и дезинформации" за тендерот за лични документи.

За МВР се е регуларно, па и провизијата!

Време - 19.11.2005

СЕ ОГЛАСИ ОДБРАНАТА НА ТЕНДЕРОТ ЗА ПАСОШИТЕ Диана Младеновска Меѓународниот тендер за изработка на нови пасоши и лични документи беше спроведен транспарентно, во согласност со Законот за јавни набавки и со Правилата за тендерска документација на Светската банка, изјави вчера Живко Темелковски, ...

Не правиме тендер за чорапи, туку за европски пасоши

Вечер Прес - 19.11.2005

"Новите пасоши ќе бидат направени од поликарбонат и ќе бидат стоотстотно сигурни од каков било обид да се фалсификуваат. Доколку некој се обиде да стори нешто, тогаш доаѓа до комплетно уништување или тотална деструкција на пасошката книшка.

МВР: Провизија за добиен тендер е нормална работа

А1 - 18.11.2005

Провизија или наплата на услуги за добиен тендер е нормална работа - ова го тврдат во МВР откако се дозна дека анонимната фирма „ВХС“ од Виена ќе добие милион и 170 илјади евра или 5% од вкупната вредност на тендерот за пасоши на кој првично победи „Гисеке енд Девриент“.

МВР демантира дека тендерот за пасоши е криминален

Канал5 - 18.11.2005

Тендециозни се обидите тендерот за пасоши да се престави како криминален, се е според законот и Македонија ќе биде меѓу првите земји од Европската унија кој ќе имаат софистицирани електронски патни исправи – децидни во МВР. Тендециозни се обидите тендерот за пасоши да се престави како криминален, ...

Македонските пасоши жртва на српските

Време - 18.11.2005

ЗОШТО СЕ МЕСТИ ТЕНДЕРОТ? Македонските пасоши ќе се печатат со застарените машини што „Гисеке и Девриент“ пред неколку години му ги продала на Министерството за внатрешни работи на Србија и Црна Гора, стравуваат домашни експерти, кои ја оспоруваат регуларноста на тендерот за пасоши што македонското ...

Пет отсто пасошка провизија за кампањата на СДСМ

Вест - 18.11.2005

ВМРО-ДПМНЕ : ТЕНДЕРОТ ЗА ПАСОШИ НОВ ГРАБЕЖ НА ГРАЃАНИТЕ ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот прес ја обвини Владата дека скандалозниот избор на најнеповолниот понудувач на нови пасоши е нов грабеж на граѓаните, со кој ќе се наполнат приватни џебови.

Секој тендер на власта е скандал

Дневник - 18.11.2005

ВМРО-ДПМНЕ Спорниот тендер за новите пасоши е потврда дека продолжува практиката на коруптивно однесување на власта, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму додаваат дека во изминатите три години во Македонија немало јавен тендер без да има сомневања за корупција и криминал од различните сегменти во власта.

Во вторник одлука за пасошите

Вест - 18.11.2005

ТЕНДЕР ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ Одлуката на второстепената владина комисија по жалбите на тендерот за новиот македонски пасош, ќе се знае в вторник. "Две жалби се веќе одбиени, а за другите две ќе има решение во вторник", вели Петар Шилегов, претседател на Комисијата.

Со парите ќе се спонзорира кампањата на СДСМ?

Вечер Прес - 18.11.2005

Случајот со спорниот тендер за пасошите е потврда дека изминатите три години во Македонија не се случило да се спроведе јавен тендер, без да дојдат до израз сомневањата за корупција и криминал, смета ВМРО-ДПМНЕ. Тие сметаат дека Владата очигледно презема мерки, во функција на остварување на тесни ...

Парите за пасоши ќе отидат во компанијата „ВХС“

А1 - 17.11.2005

Во седиштето на компанијата „ВХС“ во Виена ќе отидат милион и 170 илјади евра од македонскиот буџет. За неа се наменети 5% од 23 и пол милиони , колку за изработка на новите македонски пасоши и лични документи треба да добие првопласираната на тендерот „Гисеке енд Девриент“ од Германија.

Французите со нови забелешки околу тендерот за пасошите

Утрински - 17.11.2005

РЕАКЦИЈА Стразбур - Француската компанија "Обертур", чиј предлог за изработка на новите македонски пасоши не беше прифатен, не се откажува од идејата дека требаше да Ј припадне зделката. "Обертур" директно ја напаѓа Комисијата, начинот на нејзината работа и профилот на луѓето избрани да учествуваат ...

Извесен Сикима, Србин од Босна, ќе ја земе провизијата за пасошите

Време - 17.11.2005

ДОДЕКА ВО ВЛАДАТА ГО ПРЕИСПИТУВААТ ТЕНДЕРОТ Милорад Сикима, Србин од Босна, е сопственик на приватната увозно-извозна фирма ВХС, лоцирана на виенската адреса Колергасе 9/7, А-1031, на која, според декларираното во понудувачкиот пакет на „Гисеке и Девриент“, треба да бидат уплатени пет проценти од ...

ВМРО ДПМНЕ ЗА ТЕНДЕРОТ ЗА ПАСОШИ

Канал5 - 17.11.2005

Спорниот тендер за новите македонски пасоши е уште еден доказ дека владата остварува тесни коруптивни интереси на сметка на џебот на граѓаните – обвини денеска ВМРО ДПМНЕ. Спорниот тендер за новите македонски пасоши е уште еден доказ дека владата остварува тесни коруптивни интереси на сметка на ...

Одбиените компании за пасошите ќе ја тужат државата

А1 - 16.11.2005

Одбиените компании за печатење на новите македонски пасоши најавуваат дека ќе одат до крај со правните постапки. Ќе ја тужат државата. Една од нив ќе биде канадската „Бенкноут“, на која вчера второстепената владина комисија и ја одби жалбата.

За пасошите лобирале кај Црвенковски и во Владата

Време - 16.11.2005

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА СПОРНИОТ ТЕНДЕР Фирмите „Ултра“ и „Пексим“ се локалната, техничка поддршка на германската компанија „Гисеке и Девриент“, која го доби спорниот тендер за набавка на системот за изработка на нови лични документи вреден 23,4 милиони евра, од кои, како што пишуваше „Време“, пет отсто ...

Одбиени две од петте жалби на конкурентите на „Гисеке“

А1 - 15.11.2005

Две од петте жалби за новите пасоши, второстепената владина комисија доцна попладнево ги одби и не кажува зошто. Од комисијата велат - тоа е деловна тајна. Приговори поднесоа „Полиграфико“, „Сименс“, „Бенкноут“ и „Обертер“, тврдеа дека „Гисеке енд Девриент“ нема капацитет да направи квалитетни ...

Кој ќе лапне милион евра од тендерот за пасоши?

Време - 15.11.2005

ПО ЕКСПЕРТСКАТА АНАЛИЗА НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА Диана Младеновска Пет отсто од парите за тендерот за пасоши, кој тежи 23,4 милиони евра, или нешто повеќе од 1,1 милион евра, ќе одат на сметка на непознат агент, кој помогнал германската компанија „Гисеке и Девринет“ да ја добие работата.

Новите пасоши ќе издржат само 3 години

А1 - 14.11.2005

Новите пасоши ќе издржат само 3 години. А1 неофицијално дознава дека чипот што ќе биде вграден во новите пасоши има трајност од само 3 години, наспроти барањето да трае 10 години. Ова во практика ќе значи дека граѓаните ќе треба да ги менуваат своите пасоши на секои 3 години .