TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Колективот - адут на двата тима

Време - 23.07.2005

ПРЕД ДВОМЕЧОТ РАБОТНИЧКИ КОМЕТАЛ – ЛОКОМОТИВ Работнички има една предност пред Локомотив - психолошкиот момент. Ова го вели стратегот на македонскиот фудбалски шампион Ѓоре Јовановски, вчера, за рускиот весник „Совјетски спорт“, пред двомечот во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, ...

Пријавени истите играчи од двомечот со Сконто

Утрински - 23.07.2005

За натпреварите со Локомотив Москва на 27 јули и 3 август, шефот на стручниот штаб на „романтичарите", Ѓоре Јовановски ќе може да смета на истите фудбалери, кои го елиминираа летонскиот првак Сконтто Рига во првата квалификациска рунда.

Работнички Кометал - Локомотив Москва на 27-ми јули

А1 - 22.07.2005

Македонскиот првак Работнички Кометал в среда на 27-ми од 20 часот ќе му биде домаќин на Локомотив Москва во првиот натпревар од 2-то квалификациско коло во лигата на фудбалските шампиони. Во истиот термин, но ден потоа Вардар ќе го игра реваншот со Елбасан од стартното коло во купот на УЕФА.

Визиран пасошот за Москва

Вест - 22.07.2005

Лига на шампиони - прво квалификациско коло Работнички го прими голот во последната минута од натпреварот. - Тренерот Јовановски незадоволен од резултатот и од играта на своите фудбалери Специјално од Рига, Тони Зографски Македонскиот шампион Работнички Кометал е во второто квалификациско коло од ...

Од „шестката” во Скопје остана само нула

Време - 22.07.2005

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ: СКОНТО РИГА - РАБОТНИЧКИ КОМЕТАЛ 1-0 (0-0) Никола Богојевски Наш специјален известувач од Рига Македонскиот шампион Работнички Кометал му подари триумф на летонскиот првак Сконто со 1-0, завчера во Рига, во реваншот од првото квалификациско коло за Лигата на ...

Переплеткин не дозволи без пораз да се пречека Локомотив Москва

Утрински - 22.07.2005

Иако загуби 0:1 во реваншот од Сконто, нашиот првак се пласира во втората квалификациска рунда за ЛШ Шампионот на Летонија во последната минута ја казни грешката на нашата одбрана Од наШиот известуваЧ НИКОЛА БУРАГЕВ РИГА - Македонскиот фудбалски првак Работнички Кометал испушти шанса непоразен да ...

Шампањско, и покрај непотребниот пораз

Дневник - 22.07.2005

ФУДБАЛ - КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ, 2. КОЛО Шампањско ги честеше потпретседателот на клубот Коста Костовски своите фудбалери од Работнички Кометал, и покрај непотребниот пораз од 0-1 од Сконто со примен гол во 90. минута. Македонскиот шампион практично се пласира во 2.

Работнички на 2-ри или 3-ти против Локомотив Москва

А1 - 21.07.2005

Македонскиот фудбалски првак Работнички Кометал во деби настапот во шампионската лига обезбеди место во второто квалификациско коло. Летонскиот Сконто во воведната рунда не се покажа како сериозна пречка. Следуваат двата натпревара со рускиот Локомотив Москва.

Работнички Кометал обезбеди двомеч со Локомотив

А1 - 20.07.2005

Македонскиот фудбалски првак Работнички Кометал и официјално обезбеди двомеч со московски Локомотив, во второто квалификациско коло од шампионската лига. Без оглед што загуби со 1:0 од Сконто во Рига, во реваншот од стартното коло, нашиот тим ја сочува убедливата предност што ја стекна со ...

"Шестката" да се потврди во Рига

Вест - 20.07.2005

Лига на шампиони - Работнички денеска (18 ч.) го игра реваншот со Сконто Тренерот Јовановски посакува нерешен резултат. - На местото на Мазнов и на Нухии, најверојатно, ќе настапат Илијоски и Толески Специјално од Рига, Тони Зографски По фантастичните 6:0 на "Градски" од првиот меч од првото ...

Работнички од Милан учи да не згреши

Време - 20.07.2005

ДЕНЕСКА РЕВАНШ-МЕЧ ЗА ПЛАСМАН ВО ЛШ: СКОНТО - РАБОТНИЧКИ Никола Богојевски Наш специјален известувач од Рига Македонскиот шампион Работнички Кометал ќе игра за рејтингот на македонскиот фудбал и одново најавува напаѓачка игра со која ќе си ја брани резервата од шесте гола од минатата недела, на ...

Двајца играчи на Работнички цел на Локомотив (П)

Вест - 20.07.2005

ФУДБАЛ Бугарскиот прволигаш Локомотив од Пловдив е заинтересиран за двајца играчи на нашиот шампион Работнички Кометал. Според тамошните медиуми, Бугарите се заинтерсирани за 25-годишниот играч за врска Стојанче Игнатов и за бекот Игор Кралевски.

Во Рига рутински да се трасира патот до Москва

Утрински - 20.07.2005

Работнички К. денеска (18 ч.) му гостува на Сконто во реваншот од стартната квалификациска рунда за ЛШ Убедливите 6:0 од Скопје не се причина за олабавување во возвратниот меч на македонскиот претставник во Лигата на шампионите Од наШиот известуваЧ НИКОЛА БУРАГЕВ РИГА - Македонскиот фудбалски ...

Преодна "шестка" што обврзува

Дневник - 20.07.2005

Фудбал - РАБОТНИЧКИ КОМЕТАЛ веЧерва (18 ч.) го игра реваншот во Рига против Сконто Македонскиот фудбалски шампион Работнички Кометал нема намера да загуби и во реваншот од првата елиминаторна рунда од Лигата на шампионите, вечерва (18 часот) во Рига, Летонија, против домаќинот Сконто.

Напад и само напад во Рига

Време - 19.07.2005

ШАМПИОНОТ ДЕНЕСКА ПАТУВА ЗА ЛЕТОНИЈА Македонскиот фудбалски шампион Работнички Кометал нема да отстапи од својата напаѓачка игра и на утрешниот реванш-меч од првото коло во квалификациите за Лигата на шампионите против летонски Сконто, во Рига (18 часот).

Мазнов: Одиме на победа и во реваншот

Вест - 19.07.2005

Утре фудбалерите на Работнички Кометал го играат реваншот со Сконто Со голем оптимизам фудбалерите на Работнички Кометал го очекуваат утрешниот реванш-натпревар против Сконто во Рига. Иако по одличните 6:0 во вторникот на "Градски" името на патникот во второто квалификациско коло од Лигата на ...

Во Летонија по потврда на шестката од Скопје

Утрински - 19.07.2005

Работнички Кометал денеска заминува за Рига на реваншот против Сконто во воведното квалификациско коло за ЛШ НИКОЛА БУРАГЕВ Фудбалерите на македонскиот првак Работнички Кометал денеска заминуваат за Рига, каде што утре со почеток во 18 часот по македонско време ќе го одиграат реваншот со Сконто во ...

Ѓоре не сака да чуе за пораз во Рига

Време - 18.07.2005

ШАМПИОНОТ УТРЕ ЗАМИНУВА ЗА ЛЕТОНИЈА Македонскиот фудбалски првак Работнички Кометал воопшто не размислува за Локомотив Москва, противникот во второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите, и покрај речиси обезбедениот пласман, по триумфот со 6-0 во вторникот со Сконто Рига.

Еуфоријата заврши

Дневник - 18.07.2005

ФУДБАЛ - МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН СЕ СВРТИ КОН ОБВРСКИТЕ ЗА ЛШ Со една-две измени во тимот ќе играме за нашиот и за рејтингот на македонскиот фудбал, вели тренерот Јовановски Македонскиот фудбалски шампион Работнички Кометал утре патува во Рига, на реваншот од првата елиминаторна рунда против Сконто во ...