TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нарко дилер од Струмица уапсен во Бугарија

А1 - 09.08.2003

Струмичанецот Златко Бојаџиски, осомничен дека е организатор на дел од транспортот на петте тона кокаин од Боливија за Варна, е приведен во Бугарија. Иако немал криминално досие водено во полицијата, сепак неговите чести патувања и престои во Бугарија и Германија биле сомнителни за МВР, кое речиси ...

Струмичанец шеф на кокаинскиот канал

Утрински - 09.08.2003

Нарко-мафија Македонскиот државјанин што бил фатен во акцијата на полицијата во Бугарија, како дел од огромната меѓународна наркомрежа, со пет тони кокаин, бил струмичанецот З.Б., човек со неколку бизниси и места на живеење, но и човек без досега водено криминално досие во полицијата, наведоа вчера ...

Под ембарго имињата на уапсените нарко дилери во Боливија

А1 - 08.08.2003

Се уште се под ембарго имињата на уапсените во меѓународната акција „Месечева светлина“ за пресекување на нарко каналот за шверц на 5 тони кокаин од Боливија, преку Бугарија и Македонија, за западно-европскиот пазар, проценета на над 500 милиони долари.

Уапсен еден, а не тројца Македонци

Утрински - 08.08.2003

Уапсени Според информации од македонското национално биро на Интерпол, во акцијата во Бугарија бил уапсен и еден Македонец. Идентитетот на уапсениот, во интерес на истрагата, не се соопштува. Според сознанијата на скопското биро на Интерпол, во акцијата во Бугарија, покрај нашиот државјанин, биле ...

Тројца македонски државјани уапсени со пет тони кокаин

Дневник - 08.08.2003

ВО МЕЃУНАРОДНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА Тројца македонски државјани биле уапсени во меѓународна полициска операција во која во Боливија биле запленети пет тони кокаин, кој преку Бугарија и Македонија требало да се дистрибуира на западноевропскиот пазар, пишува софискиот дневен весник "24 часа".

Спречен трансферот на пет тони кокаин низ Македонија

Утрински - 08.08.2003

Боливиската полиција развила канал за меѓународен пласман на кокаин преку Бугарија и Македонија за Европа Тројца македонски државјани, пет-шест Бугари и дваесетина Боливијци и Колумбијци се уапсени изминативе денови во Бугарија и во Боливија, како дел од големата меѓународна наркомрежа која на ...

МВР не знае дека биле уапсени и тројца македонски државјани

Вест - 08.08.2003

ПО ЗАПЛЕНАТА НА ПЕТ ТОНИ КОКАИН ВО БОЛИВИЈА Вредноста на кокаинот маскиран во пакувања на компир-пире била проценета на половина милијарда долари, а идентитетот на нарко дилерите бугарската полиција засега не го соопштува Тројца македонски државјани и тројца Бугари биле уапсени во Боливија , при ...

Тројца македонски граѓани меѓу уапсени нарко дилери во Боливија

А1 - 07.08.2003

Во рамките на меѓународната операција, во која со помош на информациите на бугарската полиција во Боливија беа запленети пет тони кокаин, се уапсени 30-тина лица, меѓу кои и тројца македонски државјани, пишува денеска бугарскиот печат.

Уапсени петмина шефови на нарко-мафијата во Бугарија

Вест - 07.08.2003

Софија, 7 август- Бугарската полиција учествуваше во наголемата годинешна меѓународна операција за откривање и прекинување на голем синџир на трговија со дрога и во тоа беше мошне успешна, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи, генерал Бојко Борисов, откако таму деновиве се уапсени петмина ...

Софија не знае дека 8 Бугари се уапсени во Шпанија за трговија со луѓе

А1 - 06.08.2003

Бугарија се уште нема официјална информација или потврда на веста дека во Шпанија се уапсени осум бугарски државјани, осомничени за нелегална трговија со луѓе, изјави денеска портпарлот на бугарското МНР Љубомир Тодоров за агенцијата „Фокус“.

Уапсени петмина водачи на нарко-мафијата во Бугарија

А1 - 06.08.2003

Бугарската полиција зеде учество во наголемата овогодишна меѓународна операција за откривање и прекинување на голем синџир на трговија со дрога и во тоа беше мошне успешна, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Борисов, откако во таа земја деновиве беа уапсени петмина шефови на нарко ...