TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Петрески: ЕВН не смее да ја исклучи струјата на „Проаква“

А1 - 22.03.2008

ЕВН не смее да помисли повторно да ја исклучи струјата на пумпите на „Проаква“ за снабдување на Охрид со вода за пиење, порача денеска градоначалникот Александар Петрески. Тој тврди дека најголемиот дел од долгот од еден милион евра кон ЕВН не е за водоводниот систем, туку за колекторот кој, пак, ...

ЕСМ ќе ја исклучи струјата во 15 села

А1 - 22.03.2008

Директно од далноводите екипите на ЕСМ ќе ја секнат струјата во 15 села низ Македонија. Станува збор за места каде процентот на наплата е нула, оти никој не ги плаќал сметките. Најмногу се во Скопје, Тетово и Гостивар. На листата се и региони каде инкасаторите немаат пристап да ги читаат броилата и ...

Петрески со радикални мерки ако ЕВН ја исклучи Проаква

Канал5 - 22.03.2008

Охридскиот градоначалник, Александар Петрески најави радикални мерки ако ЕВН и ја исклучи струјата на неплаќачот Проаква. ЕВН не смее ниту да помисли да ја исклучи струјата на колекторите, бидејќи сите фекалии ќе завршат во езерото, се закани Петрески.

ОХИС бара пари од Владата за неплатените сметки

Време - 22.03.2008

ПО КРАТКОТО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА СТРУЈАТА Менаџментот на ОХИС бара пари од Владата за да го намири долгот кон Австријците од ЕСМ. Станува збор за сума од половина милион евра. Раководството на скопската компанија објави ценовно чувствителна информација на берзата.

Војна меѓу ЕСМ - ЕВН и Охрид

Вест - 22.03.2008

ОХРИДСКИОТ ВОДОВОД ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА ЕСМ-ЕВН вчера ја исклучи струјата во "Про-аква" од Охрид. Два часа, како предупредување, немаше струја кај водните пумпи, а целосно беше исклучена струјата во административната зграда на претпријатието.

ЕВН ја исклучи струјата на „Проаква“

Дневник - 22.03.2008

ЕВН поради неплатениот долг од еден милион евра, вчера околу 12 часот го исклучи Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ од електричната мрежа, со што прекинаа да работат бунарите, пумпната станица над „Билјанини извори“ и „Метропол“, од кои Охрид и Струга се снабдуваат со вода.

Секнаа чешмите во Охрид и во Струга

Време - 22.03.2008

ЕВН ЈА ИСКЛУЧИ СТРУЈАТА НА „ПРОАКВА“ Нина Кепеска Точно во 12 часот и 15 минути напладне, вчера, охридската компанија за водоснабдување „Проаква“ остана без електрична енергија. ЕВН ја исклучи електричната енергија на компанијата поради неплатен долг од околу еден милион евра.

Поради војната меѓу ЕВН и Општина Охрид, охриѓани и без вода и без струја

Утрински - 22.03.2008

Вчера била исклучена струјата во „Проаква“ и главните бунари за снабдување со вода кај Билјанини Извори ОХРИД - Вчера ЕВН ја исклучи струјата во Управната зграда на МЈП „Проаква“ и во главниот резервоар на водоснабдувачкиот систем кај Билјанини Извори.

ЕВН доби казна

Време - 22.03.2008

КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА Комисијата за заштита на конкуренцијата вчера решаваше за казната што ЕВН треба да ја плати за двојната наплата на манипулативниот трошок. Одлуката, како што велат од Комисијата јавно ќе биде соопштена деновиве, откако прво, за тоа ќе биде информирана ЕВН.

Милениумскиот крст под капата на Градот?

Утрински - 22.03.2008

На некоја од наредните седници градските советници ќе одлучуваат дали Градот ќе ја преземе грижата за Милениумскиот крст. Преземањето на грижата за овој објект ја иницирал градоначалникот Трифун Костовски, но останува советниците да се произнесат за неговиот предлог, соопштуваат од Секторот за ...

Охрид и Струга два часа без вода

Вечер Прес - 22.03.2008

Дистрибутивната компанија ЕВН-Македонија вчера предупредувачки во период од еден час му ја исклучи струјата на јавно претпријатие Проаква од Охрид поради долг од околу еден милион евра. Со исклучување на струјата, два часа без вода останаа граѓаните на Охрид и Струга, а административните згради на ...

Охис ќе продава делови од имотот

Вечер Прес - 22.03.2008

Компанијата вчера соопшти дека ќе ја плати февруарската сметка за струја од 3,5 милиони денари, а за стариот долг бара помош од Владата Дистрибутивната компанија ЕВН-Македонија од наредната недела ќе почне голема акција за исклучување на должниците.

„ОХИС“ бара пари од Владата за долгот кон ЕСМ

А1 - 21.03.2008

Менаџментот на „ОХИС“ бара пари од Владата за да го подмири долгот од половина милион евра кон Австријците од ЕСМ. Раководството објави ценовно чувствителна информација на берзата. Во неа стои: „Очекувањата се дека по примерот на другите јавни или државни претпријатија, Владата ќе ја преземе и оваа ...

ЕВН привремено ја исклучи струјата во „Проаква“

А1 - 21.03.2008

ЕВН денеска ја исклучи струјата на охридската компанија за водоснабдување „Проаква“ поради неплатен долг од еден милион евра. Управната зграда без струја остана во присуство на новинарите на пладне, а предупредувачки прекин на струјата имаше и во пумпните станици над Биљанините извори, од каде ...

Ќе продолжи исклучувањето на струја

А1 - 21.03.2008

Села кои воопшто не плаќаат струја, региони каде ЕВН нема пристап, области каде екипи на Австријците не можат да ги читаат броилата ниту, пак, да наплаќаат. Се знаат следните дестинации каде ќе се исклучува струјата. Но, од компанијата не откриваат за кои села и региони станува збор.

Милениумскиот крст ќе свети, но не се знае кој ќе плаќа за тоа

Дневник - 21.03.2008

Милениумскиот крст вечерва нема да биде исклучен од напојувањето со електрична енергија и ќе продолжи да свети.Од ЕСМ,кои се заканија дека ќе го исклучат крстот поради неплатени сметки, велат дека вчера Фондацијата за изградба на Милениумскиот крст го платила заостанатиот долг од 50.000 евра.

Милениумскиот крст ќе свети

Време - 21.03.2008

Фондацијата „Милениумски крст“, вчера ги намирила долговите што ги имала кон ЕВН Македонија. Милениумскиот крст, кој денеска требаше да биде исклучен, сепак ќе свети. - Со одлука на Владата, Министерството за финансии ги намири сите трошоци. Долгот беше повисок од два милиона денари.

Владата го спаси Милениумскиот крст од исклучување

Утрински - 21.03.2008

Уплатени се 2,8 милиони денари, колку што беше долгот за неплатена струја за изминатите пет години Во име на Фондацијата „Милениумски крст“, Министерството за финансии вчера на сметката на ЕВН уплатило 2,8 милиони денари, со што го елиминираше долгот за неплатена струја за изминатите пет години и ...

Исклучувањата на ЕВН- ЕСМ продолжуваат наредната недела

Канал5 - 21.03.2008

ЕВН ЕСМ продолжува со акцијата за наплата на заостанатите долгови од големите должници. Наредната недела од дистрибутивната мрежа ќе бидат исклучени општини, домаќинства, улични осветлувања. ЕВН ЕСМ продолжува со акцијата за наплата на заостанатите долгови од големите должници.

Државата не ги плаќа сметките

Утрински - 21.03.2008

ЕДИТОРИЈАЛ Маја Томиќ Дали некогаш ви се случило да добиете лекарска услуга без да платите или да добиете документ без да залепите безброј таксени марки или дали ви се случило да извадите лична карта или пасош без да уплатите на сметката на МВР одредена сума пари.

Милениумскиот крст ќе свети

Вест - 21.03.2008

ЕВН ПРЕГОВАРА СО ДОЛЖНИЦИТЕ Владата донела одлука од буџетот на Владата да се издвојат 50 000 евра за плаќање на долгот за потрошена струја на крстот во изминатите 5 години Милениумскиот крст на Водно нема да престане да свети, бидејќи Владата одобрила средства за покривање на долгот кон ЕВН за ...

Охриѓани и стружани заложници на неплатени долгови

Утрински - 21.03.2008

ЕВН за еден ден го одложи најавениот електропрекин во МЈП „Проаква“ ОХРИД - По вчерашните разговори со менаџментот на МЈП „Проаква“, ЕВН само за еден ден го одложи најавениот електропрекин поради неплатени долгови. Оставен е простор денеска претпладне градоначалниците на Охрид и на Струга да се ...

Државните институции должат над 15 милиони евра за струја и за вода

Утрински - 21.03.2008

На списокот на неплаќачи редовно се Владата, министерствата, државните претпријатија... Маја Томиќ Додека на граѓаните за две или три неплатени сметки, без разлика на висината на сумата, а најчесто за неколку илјади денари долг, без пардон им се прекинува струјата или водата во домовите, државните ...

„Проаква“ остави дел одохридски институции без вода

Време - 21.03.2008

ПО НАЈАВИТЕ ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА Мишко Иванов Охриѓани и стружани вчера ја одбегнаа можната ситуација да останат без вода, но тоа не беше случај и со повеќе државни институции. По заканите од ЕВН дека ЈП за водоснабдување „Проактива“ ќе биде исклучено од електричната енергија, ...

Мрак за Министерството и за Фондот за здравство

Дневник - 21.03.2008

Поради неплатениот долг на болниците, ЕСМ-ЕВН од понеделник ќе ја исклучи струјата во сите административни згради на Фондот и на Министерството за здравство, предупредија од ЕСМ -ЕВН. Болниците должат за струја околу 100 милиони денари, односно околу 1,6 милион евра.

„Проаква“ им ја исклучи водата на државни установи

Дневник - 21.03.2008

Јавното претпријатие „Проаква“ вчера без вода ги остави подрачните единици на повеќе министерства и државни установи во Охрид, кои должат 12 милиони денари, јави МИА. Од водоводниот систем се исклучени Центарот за култура „Григор Прличев“, Студентскиот дом „Никола Карев“, „Македонија пат“ и други ...

ЕВН ја исклучи струјата во охридска „Проаква“

Канал5 - 21.03.2008

Поради долгот од милион евра ЕВН денеска ја исклучи „Проаква“ од електричната мрежа. Исклучувњето и се случи токму во времето кога директорот на ова Меѓуопштинско јавно претпријатие Бранко Трпчески имаше прес-конференција со новинарите на која ги информираше за напорите да се измири долгот кон ЕВН.

Денеска без вода ќе остане болницата

Вечер Прес - 21.03.2008

Меѓуопштинското јавно прептријатие "Проакава" од Охрид, вчера ги исклучи од водоводната мрежа дел од подрачните единици на ресорните министерства и повеќе јавни установи во Охрид, поради неплатен долг од 12 милиони денари. Без вода останаа Центарот за култура "Григор Прличев", Студентскиот дом, ...

ЕВН не ја исклучи струјата на „Проаква“

А1 - 20.03.2008

Австријците од ЕВН ги стопираа исклучувањата на струја. Денеска предупредувачки без електрична енергија требаше да остане ЈП „Проаква“ од Охрид, но тоа не се случи. Двете страни седнаа на маса за да се договорат. Охридското јавно претпријатие со вода ги снабдува Охрид и Струга, а под своја контрола ...

Во Охрид без вода останаа подрачните единици на ресорните Министерства и повеќето установи

Канал5 - 20.03.2008

Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ денеска без вода ги остави подрачните единици на ресорните Министерства и повеќето установи кои за потрошената вода должат 12 милиони денари. Без вода останаа Центарот за култура „Григор Прличев“, Студентскиот дом „Никола Карев“ и „Македонијапат“, ...

Фонд за здравство: Почнете со Арачиново

Вест - 20.03.2008

ЕВН ПОЧНА ДА ГИ ИСКЛУЧУВА НЕПЛАЌАЧИТЕ Со 45-минутното исклучување на струјата на фабриката ОХИС, ЕВН вчера ја почна акцијата за предупредувачко исклучување на електричната енергија на компаниите и институции кои се големи должници. ОХИС му должи на ЕВН околу половина милион евра.

Охис доби предупредувачки струен удар

Вечер Прес - 20.03.2008

Одговорноста за евентуалните инциденти е само на раководството и на државата, бидејќи ние не можеме да ги толерираме неплаќачите - реагираат од ЕВН-Македонија Дистрибутивната компанија ЕВН-Македонија вчера предупредувачки, во период од половина час, и ја исклучи струјата на скопската фабрика Охис ...

„ОХИС“ половина час без електрична енергија

А1 - 19.03.2008

„ОХИС“ денеска половина час остана без електрична енергија. Австријците од ЕВН предупредувачки им ја исклучи струјата, бидејќи не си ги подмириле долговите. Должат околу половина милион евра. Имаме предлог до ЕВН како да си ги подмириме долговите, но тие не се согласуваат.

ОХИС половина час остана без струја, ЕВН го исклучи предупредувачки

Канал5 - 19.03.2008

ОХИС денеска половина час остана без струја. ЕСМ ЕВН ја исклучи скопската компанија како предупредување поради неплатениот долг за струја од половина милион евра. ОХИС денеска половина час остана без струја. ЕСМ ЕВН ја исклучи скопската компанија како предупредување поради неплатениот долг за ...

Крстот и јавни претпријатија ќе останат без струја

Време - 19.03.2008

ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА НА ЕВН ЗА ИСКЛУЧУВАЊА Мишко Иванов Милениумскиот крст, Јавното претпријатие за водоснабдување на Охрид и на Струга, „Охис“ и некои министерства до крајот на неделава, според најавите од ЕСМ - ЕВН, ќе останат без електрична енергија.

Милениумски од петок нема да свети

Вест - 19.03.2008

ВЛАДАТА И ГРАДОТ НЕНАДЛЕЖНИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДОЛГОТ ЗА СТРУЈА, А ПОПОВИТЕ НЕМААТ ПАРИ Од Фондацијата Милениумски крст се подготвени да почнат да ги плаќаат тековните сметки за струја, но не сакаат да го платат стариот долг Милениумскиот крст на Водно в петок ќе престане да свети.

Охрид и Струга ќе имаат вода

Утрински - 19.03.2008

Одговорните во МЈП „Проаква“ тврдат дека до утре ќе го намират долгот за струја Симон Илиевски ОХРИД - Одговорните во „Проаква“ тврдат дека најдоцна до утре ќе го намират долгот од околу милион евра откако ЕВН се закани дека ќе им ја исклучи електричната енергија поради неплатени сметки.

ЕВН- ЕСМ со нови трансформатори во Скопје

Утрински - 19.03.2008

Два нови 110- киловолтни трансформатори со зголемен капацитет се инсталираа во трафостаницата „Запад“ во Скопје, информираат од ЕВН- ЕСМ. Нивната вкупна моќност од 63, се зголеми на 80 мегаволтампери. Со оваа инвестиција се подобрува снабдувањето во западниот дел на Скопје, особено во населбите ...

„Охис“ денеска без струја

Дневник - 19.03.2008

Скопската фабрика „Охис“ денеска половина час ќе биде без струја, а утре ЕСМ-ЕВН ќе ја исклучи електричната енергија и во охридското јавно претпријатие „Проаква“. Ова е предупредување од ЕСМ-ЕВН до двете компании поради неплатени сметки за струја.

Охрид и Струга може да останат без вода

А1 - 18.03.2008

Охрид и Струга под закана дека ќе останат без вода за пиење. Австријците од ЕВН најавија дека на ЈП „Проаква“ ќе му ја исклучат струјата. Не си ги подмириле долговите. Должеле околу еден милион евра. Раководството на компанијата смирува, се надеваат дека ќе се договорат со ЕВН и дека сепак нема да ...

Водата во Охрид и Струга нема да биде исклучена

Канал5 - 18.03.2008

Околу 150.000 жители на Охрид и Струга и околните места в четврток нема да останат без вода и долгот кон ЕВН ќе биде измирен, тврди директорот на Меѓуопштинското ЈП „Проаква“ Бранко Трпчески. ЕВН се закани дека поради долгот од милион евра на „Проаква“ ќе и ја исклучи струјата со што би се ...

ЕВН - ЕСМ утре ќе започне со голема акција на исклучување

Утрински - 18.03.2008

Меѓу должниците се Владата, ОХИС и повеќе министерства, Милениумскиот крст на Водно... Маја Томиќ ЕВН - ЕСМ најавува дека од утре започнува со масовна акција на исклучување на големите должници на електрична енергија. На списокот, меѓу другите, се наоѓаат Владата, речиси сите министерства, ...

Црн петок за крстот на Водно?

Вечер Прес - 18.03.2008

Владата, неофицијално дознаваме, донела одлука за преземање на долгот за потрошена струја Милениумскиот крст на Водно, најграндиозната градба во Скопје, в петок ќе престане да свети бидејќи дистрибутивната компанија ЕВН-Македонија ќе ја исклучи струјата поради долг од околу 50.000 евра.

ЕВН во нова акција исклучувања

А1 - 17.03.2008

Австријците од ЕВН во нова акција исклучувања. Без струја неделава ќе останат компаниите „ОХИС“ и охридска „Проаква“. Ќе се изгаси и Милениумскиот крст на Водно во Скопје. Од понеделник најверојатно без струја ќе останат и сите административни згради на Министерството за здравство и Фондот за ...

ЕВН Македонија во акција, ќе ги исклучува должниците

Канал5 - 17.03.2008

ЕВН Македонија почнува со акција за исклучување на должниците. Поради неплатени сметки оваа недела без струја ќе останат Милениумскиот крст на Водно, јавното претпријатие ПРОАКВА кое стопанисува со колектор за пречистување на отпадните води од Охрид и компанијата ОХИС дознава Канал 5.