ТРГОВИЈА СО БЕЛИ РОБЈА Кумановецот А.М. (26) е осомничен дека нелегално внел од СР Југославија во Македонија две Молдавки, откако силувал една од нив. Двете илегалки потоа ги предал на двајца свои сограѓани, кои ги наведувале на проституција.
ПОЛИЦИЈАТА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ПО КУМАНОВСКИ ТРГОВЕЦ СО ПРОСТИТРУТКИ Аргон Мемети од кумановското село Лојане, кој од полицијата е осомничен за силување, посредување во вршење на проституција и за недозволено преминување на државната граница и натаму е недостапен на органите на прогонот.