TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Европската централна банка ги зголеми каматните стапки

А1 - 01.12.2005

Европската централна банка денеска донесе одлука за зголемување на каматната стапка за 25 индексни поени на 2,25%. Како што јави германската агенција ДПА, ова е прв пораст на каматната стапка во еврозоната по повеќе од пет години.

Почнаа да паѓаат каматните стапки

Утрински - 01.12.2005

Банкарите и експертите прогнозираат дека наскоро ќе поевтинат банкарските кредити Нема точни процени колкаво ќе биде намалувањето, но сите се едногласни дека мора да се оди внимателно, за да не се наруши ценовната стабилност НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Почнаа да паѓаат каматните стапки.

Каматите ќе паѓаат, но постепено

Вест - 01.12.2005

БАНКАРИТЕ НАЈАВУВААТ Банкарите се правдаат дека паѓањето на каматите мора да оди постепено, за да не се пореметат постигнатата ценовна стабилност и стабилноста на девизниот курс Македонските банкари најавуваат намалување на каматите на кредити за население но не со големи скокови за да не се ...

Банките ќе ги намалат каматите за кредитите

Време - 01.12.2005

ПО НОВА ГОДИНА Од еден до два отсто ќе се намалат каматните стапки на кредитите за граѓаните по Нова година, најавија директорите на поголемите домашни банки на саемот за финансии „Финекспо“ вчера на Скопски саем. - Откако ги намаливме каматите за станбените кредити веќе подготвуваме предлог за ...

Банкарите ќе ги поевтинат кредитите

Дневник - 01.12.2005

НБМ ПОВЛЕЧЕ НОГА Каматите на кредитите ќе се намалат за еден-два отсто, пред се, поради поевтинувањето на благајничките записи што ги нуди Народната банка на Македонија и поради ниската инфлација, најавија банкарите. Каматите сега изнесуваат околу 12 отсто годишно.

Каматите паѓаат

Вечер Прес - 01.12.2005

Каматните стапки на кредитите што банките ги нудат на стопанството и на граѓаните се очекува до крајот на оваа или најдоцна на почетокот на идната година драстично да паднат. Ова го тврдат банкарите кои велат дека овој тренд веќе започна по сигналот на Народната банка на Македонија во делот на ...

Каматите за еден месец паднаа за 1,2 процентни поена

Утрински - 30.11.2005

Откако стартуваше новиот модел на тргување во НБМ Само за еден месец каматните стапки на благајничките записи се намалија за 1,2 процентни поена, симнувајќи се од нивото од 10 отсто со кое стартуваа, веќе на 8,86 проценти на последното тргување во Народна банка на Македонија.

Благајничките записи ги намалуваат банкарските каматни стапки

Канал5 - 30.11.2005

Ќе паѓаат каматните стапки. Прво на станбените па потоа и на потрошувачките кредити. На оваа оптимистичка најава од банкарските кругови влијаел и променетиот начин на тргување со благајничките записи што го промовираше Народната Банка. Ќе паѓаат каматните стапки.