TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нема да брзаме сите да ги испратиме на берза

Време - 15.09.2007

РАФАЈЛОВСКА ЗА ПАЗАРОТ НА СТРУЈА Министерката Вера Рафајловска вели дека измените на моделот на пазарот за струја според кои сите освен домаќинствата ќе купуваат струја од берзата ќе се одвиваат постапно. Таа додаде дека консултантската куќа „Хантон енд Вилијамс“, која ја ангажирало Министерството ...

Струјата нема да поскапи

Дневник - 15.09.2007

Задача на Владата е да ги штити интересите на граѓаните и ќе продолжи со формирањето на берзата на електрична енергија, вели портпаролот Боцевски Струјата нема да поскапи, гарантира Владата. Оваа реакција на владиниот портпарол Ивица Боцевски следуваше по завчерашните предупредувања на професор ...

Влада: Струјата нема да поскапи

А1 - 14.09.2007

Владата тврди дека струјата нема да поскапи по промената на моделот за снабдување. Некои експерти предупредија, дека либерализацијата ќе ја качи цената и до 100%, ако реформата не се спроведе етапно. „Покачување на струјата во наредниот период нема да има, владата на РМ редовно ги следи сите ...

Струјата ќе предизвика ценовен шок

Вест - 14.09.2007

ЕКСПЕРТИТЕ ПРОТИВ НАГЛОТО ОТВОРАЊЕ НА ПАЗАРОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Ако од почетокот на 2008 со закон им се наложи на сите потрошувачи освен домаќинствата да купуваат струја на берза, според проф. Јован пејковски цените на сите цени ќе скокнат за 20-30 отсто Ќе следи ценовен шок доколку Владата ...

Либерализација на енергетскиот пазар ќе ги зголеми цените на струјата за 100 отсто

Утрински - 14.09.2007

МАЈА ТОМИЌ Доколку дојде до брза либерализација на пазарот на електрична енергија во земјава, што ја предлага ЕЛЕМ за од 1 јануари идната година, цените на струјата значително ќе се зголемат. Инаку, сегашната просечна цена на струјата за деловните потрошувачи, односно за бизнис-секторот, изнесува 8 ...

Берзата ќе ја поскапи струјата за 300 отсто

Дневник - 14.09.2007

Ако се либерализира пазарот од 1 јануари, струјата за домаќинствата ќе поскапи за околу 30 отсто, а за фирмите за 90-100 проценти, вели д-р Јован Пејковски Струјата ќе поскапи за 300 отсто и малопродажбената цена од сегашните 4,4 евроценти за киловат-час ќе скокне на 14,4 евроценти ако се направи ...

Струјата нема да поскапи, смирува владата по најавите на аналитичарите

Канал5 - 14.09.2007

Владата контра експертите. Тврди - струјата нема да поскапи, за потоа да каже не е нејзино да ја контролира цената. Од владата велат дека либерализираниот енергетски пазар ќе биде долг процес во кој ќе може да се прилагодат компаниите, наспроти аналитичарите дека македонската економија и треба ...

Експертите предвидуваат инфлација до 30 проценти!

Вечер Прес - 14.09.2007

Според проф. д-р Јован Пејковски, либерализација на пазарот на струја треба да има, но да се реализира со реална динамика чекор по чекор до 2015 година бидејќи и земјите од ЕУ околу 11 години се подготвувале за неа, а седум години им требало тоа да го спроведат Либерализацијата на пазарот на ...

Либерализацијата на пазарот на струја ќе создаде ценовен шок

А1 - 13.09.2007

Забрзаната либерализација на пазарот на струја, што ја заговараат Државните електрани, ќе создаде ценовен шок за граѓаните и стопанството. Ова во својата анализа го објаснува професорот по развојна економија Јован Пејковски. Пресметките покажале дека со ова струјата ќе поскапи 100 проценти за ...

И консултантите против новиот модел

Време - 13.09.2007

ПАЗАР НА СТРУЈА Консултантската куќа „Хантон енд Вилијамс“, која Министерството за економија ја најмило за изработката на новиот модел на пазарот за струја, ја предупредила Владата дека не сме подготвени за вакви суштествени промени.

„Хантон и Вилијамс“

Утрински - 13.09.2007

„Хантон и Вилијамс“, консултантската куќа ангажирана од Министерството за економија за оценување на оправданоста за воведување измени во Законот за енергетика кои ги предлага ЕЛЕМ, оценува дека македонскиот енергетски сектор не е подготвен за нов пазарен модел во енергетскиот сектор, без неопходни ...

Струјата ќе поскапи за 300 %, предупредуваат експертите

Канал5 - 13.09.2007

Повеќе од 300 проценти повисоки смети за струја ќе ги чини компаниите и граѓаните, избрзаниот владин потег за либерализација на пазарот на струја, смета професорот Јован Пејковски. Советникот на екс премиерот Бучковски предупредува: високите цени на струјата ќе предизвикаат инфлација, ќе ги ...

„Хантон Вилијамс“: Македонија не е подготвена за берза на струја

А1 - 12.09.2007

Македонија не е подготвена да воведе берза на струја. Новиот модел за либерализација на пазарот ќе значи сериозен удар за компаниите и воопшто нема да ја подобри енергетската слика на земјата. Ова стои во извештајот на американската консултантска куќа „Хантон Вилијамс“ до кој дојде А1.

Ни се заканува инфлација ако сами си купуваме струја

Време - 12.09.2007

ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ Постои закана од пораст на инфлацијата ако се усвои предлогот за измени на Законот за енергетика со кои се предвидува секоја фирма сама да набавува струја од берзата, предупредуваат експертите. Цената на струјата на берзата е секогаш повисока од регулираната, а поголемите ...

Предлозите на Чинговски ќе го уништат малото стопанство

Утрински - 12.09.2007

Според измените во Законот за енергетика на ЕЛЕМ, секој мал потрошувач, освен домаќинствата, сам ќе си купува струја по пазарни цени МАЈА ТОМИЌ Примената на измените на Законот за енергетика што ги предлага ЕЛЕМ, односно директорот Влатко Чинговски, ќе го уништат целото домашно мало стопанство, ќе ...

Економијата е неподготвена за струја по пазарна цена

А1 - 11.09.2007

Македонската економија е неподготвена за идејата на енергетските компании - сите фирми струјата да ја купуваат по пазарна цена на берза, сметаат бизнисмените. Ова ќе значи удар за нив. „Во никој случај нема да се согласиме да влеземе во таков процес неподготвени“, изјави Бранко Азески, претседател ...

Од јануари само домаќинствата нема да купуваат струја на берза

Време - 11.09.2007

ТАЈНО СЦЕНАРИО Ивана Билбиловска И најмалото дуќанче во Македонија од 1 јануари 2008 година ќе биде обврзано да набавува струја од слободниот пазар, тврдат извори од Министерството за економија. Со измените на Законот за енергетика ќе дојде до целосна промена на сегашниот пазарен модел, со што ...

ЕЛЕМ предлага пазарна цена за струјата за сите компании

А1 - 10.09.2007

Сите фирми, од маалско дуќанче до голема фабрика, да набавуваат струја на берза по пазарна цена. Ова е предлогот на Државните електрани за промена на досегашната пракса во снабдувањето со електрична енергија, што треба да важи од почетокот на следната година.