TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Иницијатива за измена на граѓанизираната преамбула

А1 - 29.09.2001

Меѓу политичките лидери во земјава, особено во македонскиот блок, се понагласена иницијатива за делумни измени во охридскиот договор. Образложение - дискусиите во парламентот, а и јавната расправа за нацрт-амнадманите покажуваат дека уставните измени, така како што се договорени во Охрид, во целост ...

Андов: Три амандмани Собранието нема да изгласа

Вест - 29.09.2001

СПИКЕРОТ НА ЗАКОНОДАВНИОТ ДОМ ПРОГНОЗИРА Според претседателот на Собранието Стојан Андов, спорни се амандманите за преамбулата, за црквата и амандманот што го регулира начинот на менување на Уставот Претседателот на Собранието на Македонија Стојан Андов, парламентарната сесија, на која треба да се ...

Почнува "борба за опстанок" на македонскиот народ во преамбулата

Дневник - 29.09.2001

ИНИЦИЈАТИВА Македонскиот државен врв ќе почне интензивна дипломатска и политичка активност за да издејствува измена на амандманот договорен во Охрид, според кој одредбата "македонски народ" целосно се брише од преамбулата на Уставот на Република Македонија, дознаваме од висок функционер, кој побара ...

Кај пратениците нема расположение за усвојување на амандманите

Дневник - 29.09.2001

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ТВРДИ Извор на нестабилноста се амандманите 4, 7 и 18, вели Стојан Андов По завршувањето на јавната расправа постои можност веднаш да се закаже третата собраниска седница на која треба да се усвојат уставните промени.

Можни интервенции во охридскиот договор

А1 - 28.09.2001

Јавната расправа за нацрт амндманите и дискусиите во Паралемнтот не можат да не влијаат врз финалното формулирање на аманданите за промени на Уставот, велат за А1 извори во кабинетот на претседателот Борис Трајковски. Претседателот со внимание ги следи сите материјали од собраниските седници и од ...

Седница за предлог амандманите на 5-ти октомври

А1 - 28.09.2001

Собранискиот спикер има намера да ја свика седницата за последната фаза од усвојувањето на промените на Уставот на 5-ти октомври, точно десет денови по завршувањето на јавната дебата за нацртот - амандмани што Собранието претходно ги усвои. „Моја намера е да почнеме со седницата на 5-ти октомври.

Еден истрел од ОНА - амандманите ќе пропаднат

Вест - 27.09.2001

ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ СЕ ТРКААТ КОЈ ПОПРВО ЌЕ ГО СПАСИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ПРЕАМБУЛАТА Се додека ние немаме целосни гаранции дека во рацете на ОНА веќе нема оружје, не можеме да гласаме за уставните амандмани, предупредува СДСМ "Питер Фејт успешно ја зврши својата работа.

"Македонскиот народ ќе ја изгуби државата ако го нема во Уставот"

Дневник - 27.09.2001

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ-АМАНДМАНИТE Категоријата "македонски народ" треба да остане во преамбулата на Уставот, истакнаа повеќе правни авторитети на вчерашната трибина на Правниот факултет, која се одржува во рамките на јавната расправа за уставните промени.

Нема уставни измени ако ОНА и понатаму провоцира

А1 - 26.09.2001

По вчерашното завршување на операцијата на НАТО, „Жетва“ и по писмото на генералот Гунер Ланге до претседателот Трајковси во кое стои дека терористите го предале договореното количество на оружје, СДСМ со став дека нема да гласа за уставните промени доколу бидат предизвикани какви било инциденти од ...

СДСМ сака да го врати македонскиот народ во преамбулата

Дневник - 26.09.2001

МОЖНА ЛИ Е РЕВИЗИЈА НА УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ? ПДП и ДПА се категорично против какво било менување на охридскиот договор, без оглед дали тоа ќе го предложи СДСМ или групата "Форум Македонија 2001" на Трифун Костовски Формулата за преамбулата на Уставот договорена во Охрид, со синтагмата "граѓаните на ...

Уставните промени на десетдневно тестирање

Дневник - 25.09.2001

парламентот се изJасни Собранието вчера го усвои нацртот на амандманите на Уставот на Македонија и реши да ги стави на јавна расправа, која ќе трае до 4 октомври. Забелешките ќе се доставуваат до предлагачот на уставните промени - претседателот Борис Трајковски и до собраниската комисија за уставни ...

Амандманите усвоени, следи јавната расправа

А1 - 24.09.2001

Парламентот даде зелено светло на нацрт амандманите кои ќе бидат ставени на јавна расправа која ќе заврши на 4 октомври. Амандманот 7 кој се однесува на вероисповедта се усвои со поединечно гласање на барање на пратеничката група на ПДП. За амандманот се изјаснија 65 пратеници.

Судбината на договорот од Охрид во рацете на слободните стрелци

Дневник - 24.09.2001

НА ПОВИДОК РАСКОЛ ВО ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ ПДП се закани дека мировниот договор ќе го смета за пропаднат ако амандманите не се утврдат како што биле договорени во Охрид На најмногубројната пратеничка група - таа на ВМРО-ДПМНЕ - и се заканува раскол поради неможноста да изгради заедничка ...