TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Штајнер во понеделник во Скопје

А1 - 16.03.2002

Новиот шеф на УНМИК на Косово Михаил Штајнер во понеделник ќе престојува во Скопје на покана на претседателот Борис Трајковски. На средбата, како што е соопштено, ќе се разговара за развојот на односите и унапредување на соработката меѓу Република Македонија и привремената административна мисија на ...

Михаил Штајнер в понеделник во Скопје

Утрински - 16.03.2002

За да ја договори демаркацијата на границата Шефот на привремената цивилна администрација на Обединетите нации на Косово, Михаел Штајнер, в понеделник ќе престојува во Македонија за да се сретне со македонското раководство и да разговара околу практичните проблеми поврзани со демаркацијата на ...

Косовските власти ќе ја загрозат стабилноста на Македонија

Утрински - 16.03.2002

Според анализите на угледниот институт "Стратфор" Северниот дел на Македонија е погодна почва за нова ерупција на насилство, доколку одново се запали огнот Брисел - Анализирајќи ја првата седмица од функционирањето на новоизбраната Влада во Приштина, аналитичарите од институтот "Стратфор" ...

Границата меѓу Македонија и СРЈ не е работа на Косово

А1 - 15.03.2002

„Прашањето на границата меѓу Македонија и СР Југославија на делот спрема Косово не е во надлежност на новата косовска влада“, изјави шефот на мисијата на Обединетите нации на Косово, Михаел Штајнер. Штајнер смета дека изјавата на косовскиот премиер Бајрам Реџепи за непризнавање на договорот за ...

Независно Косово - закана за стабилноста на Македонија

Утрински - 15.03.2002

Извештај на "Стратфор" Белград - Новите власти на Косово планираат независност на покраината, а тоа би ја загрозило стабилноста на Македонија и би го зголемило шверцот со дрога во Јужна Европа, предупредува Агенцијата за стратегиски истражувања "Стратфор".

Косово и Македонија треба да го ревидират Договорот за границата

Капитал - 14.03.2002

Ексклузивно интервју со д-р Бајрам Реџепи, премиер на КосовоКосово и Македонија треба да го ревидират Договорот за границатаВо Парламентот ќе подготвиме декларација која ќе ја испратиме во Советот за безбедност на ООН и јасно ќе кажеме дека овој договор за нас е неважечки, не е валиден...

Колку е остварлива условната независност на Косово?

Капитал - 14.03.2002

Независната меѓународна комисија за Косово и иднината на покраинатаКолку е остварлива условната независност на Косово?Комисијата и понатаму смета дека условната независност е најдобрата понудена опција за Косово, но прашање е колку таа е поостварлива од другите варијанти Јелица Весиќ (Балкан ...

Новата влада на Косово планира независнoст

А1 - 13.03.2002

Новата влада на Косово планира покраината да ја направи независна, што ќе претставува опасност за стабилноста на Македонија и ќе го зголеми шверцот со дрога и оружје на југот на Европа, оценува американската агенција за стратешки истражувања „Стратфор“.

Косовските лидери немаат ингеренции за прашањето на границата

Утрински - 13.03.2002

Во Брисел се сретнаа Георгиевски и Солана ?Косовските политички лидери немаат ингеренции за такви меѓународни политички прашања како што е границата меѓу Македонија и СРЈ. Политичките лидери од Косово треба да престанат со изјавите околу границата, зашто тие не придонесуваат за стабилизирање на ...

Српските сили никогаш нема да се вратат на Косово

А1 - 12.03.2002

„Населението на Косово не треба да стравува дека српските армиски и полициски сили, еден ден, ќе се вратат на Косово“, изјави командантот на мултинационален баталјон од составот на КФОР, генерал Алојз Бач. „Тоа нема да се случи.

Биљали и дава поддршка на Приштина за границата

Утрински - 12.03.2002

Оспорувачите на Договорот за разграничување со СРЈ добиваат логистика од Македонија Слободанка Јовановска Пратеникот на ПДП, Мерсел Биљали, ја нарече ступидна изјавата на министерот Слободан Чашуле дека негирањето на границата од страна на косовските лидери е рамно на објавување војна на ...

Чашуле не исклучува нови провокации околу границата

Дневник - 12.03.2002

КОМИСИЈА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА Македонија не смее да биде инволвирана ни како причина, ниту пак како повод за решавање на статусот на покраината, изјави шефот на македонската дипломатија Косовските политички партии застанаа зад изјавите на Ибрахим Ругова и Бајрам Реџепи според кои договорот меѓу ...

Партиите на Косово со истиот став за границата

А1 - 11.03.2002

Албанските политички партии на Косово и по барањето на меѓународната заедница да ја почитуваат спогодбата за границата меѓу Македонија и СР Југославија, остануваат на ставот дека не го признаваат договорот за разграничување. Ова синоќа го јави Телевизија Косово, додавајќи дека косовските партии ...

Изјавите на косовските лидери го загрозуваат мирот во регионот

Утрински - 11.03.2002

Едногласна осуда на Советот за безбедност на оспорувањето на македонско-југословенската граница Во Советот за безбедност на Обединетите нации деновиве се расправаше по упатената нота од Министерството за надворешни работи на Република Македонија во врска со изјавите на косовскиот премиер, Бајрам ...

Косово не може да прогласи независност

Утрински - 11.03.2002

Сузан Мануел: Белград - Портпаролот на шефот на УНМИК Сузан Мануел изјави дека претседателот на Косово Ибрахим Ругова и косовскиот премиер Реџеп Бајрами и покрај изјавите дека ќе бараат меѓународно признавање на Косово, сепак тие не можат да ја прогласат независноста на покраината.

За границата

Дневник - 11.03.2002

Колумна - Јован Донев Косовските лидери сериозно им приоѓаат на сите аспекти што треба да доведат до независност на Косово. Токму затоа не верувам дека на табла не им се ставени сите можни опции. Тогаш сосема е нормално да се бара отворање на што е можно повеќе прашања.

Косовскиот премиер го загрозува мирот во регионот

Дневник - 11.03.2002

СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН Советот за безбедност на ОН ги осуди изјавите на косовскиот премиер Бајрам Реџепи, според кои "косовските институции ќе побараат ревизија на договорот меѓу Македонија и СРЈ за меѓусебната граница". На последната затворена седница на Советот во Њујорк, на која се расправало ...