TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кој е криминалецот во редовите на Албанците?

А1 - 14.04.2002

Не престануваат расчистувањата во албанскиот политички блок во функција на раздвојување на политиката и криминалот, односно злоупотребата на политиката од позиција на власт и на сила. Кој е криминалецот во редовите на Албанците ќе биде соопштено не порано од септември, кога граѓаните, кои знаат ...

ПДП го одби предлогот на ДПА

А1 - 13.04.2002

ПДП денеска со соопштение го одби прдлогот на ДПА да се огради од изјавите на нејзините членови Мерсел Биљали и Насер Зибери во врска со криминогената страна за неодамнешните инциденти во Мала Речица и Тетово. „Загрижувачка е нервозната реакција на почесното раководство на ДПА и тоа за јавно ...

Феноменот на длабоки дисаѓи

Дневник - 13.04.2002

Уводник - Катерина Блажевска ДПА деновиве панично се пресметува со огледалата во кои се рефлектира нејзиниот грд посткризен лик. Челниците на партијата тврдат дека се неправедно извитоперени во некаква дивергентна рефлексија од огледала со очигледни, фабрички грешки.

Тачи возвраќа со политички и демократски куршуми

А1 - 12.04.2002

Мендух Тачи потпретседателот на ДПА конено проговори, но не за причините за престрелките во неговата кафеана „Дора“, во која беше потешко ранет и еден случаен минувач туку за да ги обвини „А1 Телавизија“, „Сител“ и „Утрински весник“ како и генарелниот секретар на НДП Џевад Адеми, пратеникот на ПДП ...

Се заоструваат тоновите во албанскиот политички кампус

Утрински - 12.04.2002

По заканите на ДПА дека ќе се дистанцира од Координативниот совет на Али Ахмети СОЊА КРАМАРСКА И покрај апелите на Али Ахмети за смирување на страстите, острите тонови во албанскиот политички кампус продолжија и вчера - ден по ургентните консултации предизвикани од заканите на ДПА дека ќе се ...

Борците за "човекови права" дојдоа по дивидендите во "Дора"

Дневник - 12.04.2002

Коментар - Бранко Ѓорѓевски Новоотворениот фронт во малечката тетовска уличка со симболично име "ЈНА" беше преголем и за партија од калибарот на ДПА, та пресметката мораше да се префрли на политички терен, таму каде што мислат дека имаат подобри позиции, дека подобро стојат.

Биљали: ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ни топ не ги разбива, а не една изјава

Дневник - 12.04.2002

СЕ ПРОДЛАБОЧУВА СУДИРОТ МЕЃУ ДПА, ПДП И НДП Демократската партија на Албанците и понатаму одбива да присуствува на седниците на координативниот совет на Али Ахмети и бара ПДП и НДП да се оградат од изјавите на пратеникот на ПДП, Мерсел Биљали и на генералниот секретар на НДП, Џеват Адеми.

Зад престрелките во „Дора“ стојат противници на Охридскиот договор

А1 - 11.04.2002

ДПА обвинува дека зад престрелките во кафеаната на потпретседателот на партијата Мендух Тачи, „Дора“, стојат луѓе кои се против реализирање на Рамковниот договор, а не криминална престрелка, како што изјавија неодамна претставниците на ПДП и НДП Мерсел Биљали и Џевад Адеми.

Џафери: „Нема криминогени структури во ДПА“

А1 - 11.04.2002

„Криминогени структури во ДПА нема. Нив ги има насекаде во општествата во транзиција, а Македонија во овој поглед не е никаква посебност“, изјави претседателот на ДПА Арбен Џафери, обвинувајќи ги новинарите дека сакаат да иницираат теми кои немаат врска со ситуацијата.

Никој не и е крив на ДПА ако и гори под нозе

Вест - 11.04.2002

ПРЕВИРАЊА ВО АЛБАНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ БЛОК Партијата на Џафери се закани дека ќе го напушти Советот на Ахмети, ако не се дистанцира од изјавите на функционери од ПДП и НДП дека нападот на "Дора" е пресметка меѓу криминални структури, а тие возвраќаат д Претседателството на ДПА, на својата завчерашна ...

Глигоровски: Некој сака да ги раскара ДПА и ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 11.04.2002

Претстојните избори повод и за поинакви калкулации Соња Крамарска Претстојните избори стануваат повод за нови калкулации меѓу старите "пријатели" во Владата - ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, кои почнаа да наоѓаат околу себе непријатели на нивното сојузништво.

Се бара оградување од изјавите на Адеми и Билали

Утрински - 11.04.2002

ДПА тврди дека нападите не се акти со криминална содржина Изјавите на Мерсел Биљали (ПДП) и на Џеват Адеми (НДП) со нивното видување за последните напади на седиштата на Координативниот совет на Албанците и на алтернативното седиште на ДПА ги разбранија духовите во некои од партиите на Албанците во ...

ДПА го замрзна учеството на состаноците кај Ахмети

Дневник - 11.04.2002

ПОРАДИ КОНФЛИКТ СО ПДП И СО НДП Раководството на ДПА одлучи да го замрзне учеството на своите делегати на состаноците во Координативниот совет на Али Ахмети. Во таа партија вчера изјавија дека "не им паѓа на памет" повторно во Мала Речица да седнат заедно со пратениците од ПДП и од НДП пред тие две ...

Џафери го напушти Ахмети

А1 - 10.04.2002

ДПА го напушти членството на Координативниот совет на Али Ахмети, дознава А1. Така, партијата на Џафери ги оствари заканите дека ќе го напушти ова тело доколку ПДП и НДП не се оградат од изјавите на нивните членови Мерсел Биљали и Џевад Адеми дека престрелката кај кафеаната „Дора“ е криминална.

Напад врз сојузништвото меѓу ДПА и ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 10.04.2002

Партијата на Џафери за случувањата во Тетово Тетово - "Неодамнешните напади врз седиштето на Координативниот совет на политичките партии и врз алтернативното седиште на ДПА отвораат ново поглавје во политичката историја на Македонија, како и на албанскиот политички субјект", смета Демократската ...

ДПА револтирана од обидите за ликвидација на нејзиното раководство

А1 - 09.04.2002

По неодамнешните напади на седиштето на Меѓуалбанскиот координативен совет во Мала Речица и алтернативното седиште на ДПА во Тетово, кафулето „Дора“, како и по некои од изјавите од претставниците на другите две албански партии ПДП и НДП, денеска реагираше и партијата на Џафери.

Кој го контролира Тетово?

А1 - 08.04.2002

Само неколку дена по престрелката кај кафеаната „Дора“, за која тетовчани велат дека претставува неформално седиште на ДПА, од истата кафеана со истрел од огнено оружје вчера е ранет случаен минувач. Ако за првиот настан низ тетовската чаршија се зборува дека е криминална пресметка, за вториот ...

Обезбедувањето на Тачи застрела случаен минувач

Вест - 08.04.2002

НОВ ИНЦИДЕНТ ВО БЛИЗИНА НА КАФУЛЕТО "ДОРА" ВО ТЕТОВО Вчера, околу два часот обезбдувањето на потпретседателот на ДПА Мендух Тачи и на други партиски челници на крстосницата на улиците ЈНА и Јане Сандански во Тетово, недалеку од кафулето "Дора", каде што се наоѓа Вчера околу 2 часот по полноќ, ...

Напаѓачите на "Дора" сакале да го ликвидираат Тачи

Утрински - 08.04.2002

Министерството за внатрешни работи за инцидентот кај алтернативното седиште на ДПА ТЕТОВО - На улицата ЈНА, на делот кај ресторанот "Дора", ноќта спроти неделата, обезбедувањето на ДПА отворило оган во правец на еден автомобил.