TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Буш и Путин на дводневен самит во Мејн

А1 - 01.07.2007

Џорџ Буш и Владимир Путин во наредните два дена ќе се обидат да ги надминат разликите меѓу нивните земји по цела лепеза прашања, како ретко кога во последните две децении. Во моментот двајцата најмоќни лидери, раководени од сопствени интереси имаат различни позиции по клучните проблеми, ...

Хашим Тачи: Косово ќе добие независност, независно од ставот на Русија

Канал5 - 01.07.2007

Косово ќе добие независност, независно од ставот на Русија, изјави денеска лидерот на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи. Приштина, 1 јули (МИА) - Косово ќе добие независност, независно од ставот на Русија, изјави денеска лидерот на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи.

Сејдиу – Независноста на Косово не подлежи на преговори

Макфакс - 01.07.2007

Приштина Независноста на Косово е прашање за кое нема да се водат преговори, уверен е косовскиот премиер Фатмир Сејдиу. „Независноста на Косово, неделивоста на неговата територија, како и планот на Марти Ахтисари, се прашања за кои нема да се преговара“, изјави денеска Сејдиу во обраќање на ...

Средба Буш-Путин во САД

Макфакс - 01.07.2007

Вашингтон Неформална средба меѓу претседателите на САД и на Русија Џорџ Буш и Владимир Путин денеска ќе се одржи во американската држава Мејн. Статусот на Косово и плановите за распоредување на американскиот противракетен штит во Европа ќе бидат некои од главните теми на дводневниот состанок што ќе ...

Фрид во Белград за сатусот на Косово

Макфакс - 01.07.2007

Белград Помошникот-државен секретар на САД за европски прашања Даниел Фрид денеска ќе допатува во Белград официјално е соопштено. Според најавите, Фрид треба да разговара со српскиот претседател Борис Тадиќ и со премиерот Воислав Коштуница за идните билатерални односи меѓу двете држави, како и за ...

САД – Косово ќе биде независно

Макфакс - 01.07.2007

Белград САД сметаат дека треба да се организираат нови преговори меѓу Белград и Приштина што би траеле 120 дена, како и тоа дека Косово треба да добие надгледувана независност. Ова синоќа го соопшти помошникот државен секретар Даниел Фрид по средбите со српските раководители во Белград.

Косовските пратеници бараат Собранието да прогласи независност

Макфакс - 01.07.2007

Приштина Косовското Собрание да прогласи независност по дополнителни преговори доколку меѓународната заедница не постигне согласност за статусот на покраината. Ова на вонредна собраниска седница синоќа го побараа шефовите на пратеничките групи на партиите на Албанците.

Албанците не сакаат прашањето за Косово да се враќа во ОН

Макфакс - 01.07.2007

Приштина Политичките претставници на косовските Албанци не сакаат прашањето за статусот на Косово повторно да се решава во Советот за безбедност при Обединетите нации. Ова денеска се наведува во приштинскиот весник „Коха диторе“, кој се повикува на претставници на дел од политичките партии на ...

Продолжуваат консултациите во ОН за Косово

Макфакс - 01.07.2007

Њујорк Преговорите во Советот за безбедност на ОН за предлог резолуцијата за статусот на Косово треба да продолжат денеска. Според американскиот амбасадор во ООН Залмај Халилзад, членовите на Советот за безбедност ќе ја разгледува последната предлог резолуција, предложена од Белгија, Велика ...

Чеку: Косово независно на 28-ми ноември

Макфакс - 01.07.2007

Приштина Косово би требало унилатерално да прогласи независност на 28-ми ноември, датумот на националниот празник на Албанија и Денот на Албанското знаме. Ова денеска во Вашингтон го изјави косовскиот премиер Агим Чеку. Тој соопшти дека својата идеја ја предложил на преговарачкиот тим за Косово, ...

ЕУ може да предложи конфедерација меѓу Србија и Косово

Макфакс - 01.07.2007

Белград Европската унија(ЕУ) во текот на престојните преговори за статусот на Косово би можела да предложи создавање на конфедерација меѓу Србија и Косово. Конфедерацијата, пак, по неколку години неминовно би водела кон самостојност на Косово и создавање на нова албанска држава на Балканот, пишува ...

Коштуница:Идејата за конфедерација меѓу Србија и Косово-бесмислица

Макфакс - 01.07.2007

Белград Српскиот премиер Воислав Коштуница изјави дека предлогот Србија и Косово да стапат во конфедерација е еднаков на бесмислица. „Владата на Србија е подготвена врз основа на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации да започне вистински и суштински преговори за автономија ...

Контакт групата ќе одлучува за Косово

Макфакс - 01.07.2007

Њујорк/Белград Статусот на Косово ќе го утврдува Контакт групата, откако Русија остана доследна против најновата резолуција предложена во Советот за безбедност на ОН. САД и нивните европски сојузници ја донесоа оваа одлука по проценката дека се исцрпени сите можности за усвојување резолуција во СБ, ...

Косово против нови преговори за статусот

Макфакс - 01.07.2007

Брисел Против нови преговори со Белград за статусот на Косово се изјасни денеска косовскиот премиер Агим Чеку, додавајќи оти „решението е речиси донесено“. Чеку ова го изјави по состанокот со високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика, Хавиер Солана.

САД – Неминовна независност на Косово

Макфакс - 01.07.2007

Вашингтон Статусот на Косово е отворено прашање што го кочи развојот на регионот, а САД сметаат дека независноста е неминовно решение. Ова синоќа го изјави помошникот државен секретар за Европа Розмари Ди Карло, во интервју за радио Глас на Америка.

Косово и радарите главни теми на самитот Буш-Путин

Утрински - 30.06.2007

Путин ќе предложи да продолжат преговорите меѓу Белград и Приштина без ограничување на рокови Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - На дневниот ред на претстојниот самит меѓу Буш и Путин, што ќе се одржи на 1 и 2 јули во САД, главни теми ќе бидат идниот статус на Косово, ситуацијата на ...

Русија одби и четврта нацрт-резолуција за Косово

Дневник - 30.06.2007

Москва го одби новиот предлог за резолуција на ОН за Косово, предложен од САД, Британија и од Франција во Советот за безбедност. Новиот документ бил речиси ист со претходниот, освен што било посочено дека „поради историјата Косово е специјален случај и Советот за безбедност на ОН нема да може да го ...

Русија го одби и четвртиот нацрт

Вечер Прес - 30.06.2007

Москва го одби и најновиот предлог на Нацрт-резолуцијата за Косово, што завчера САД, Велика Британија и Франција го претставија во Советот за безбедност на ОН, јави Франс-прес. Москва и натаму се противи на "автоматска" независност на Косово по 120 дена преговори.

Русија отфрли уште една нацрт резолуција за Косово

А1 - 29.06.2007

САД, Велика Британија и Франција ја претставија во Советот за безбедност на ООН, новата, четврта по ред, нацрт резолуција за Косово која Русија повторно ја отфрли, јавуваат светските агенции. Истите извори, повикувајќи се на дипломати, наведуваат дека во новата нацрт-резолуција експлицитно се ...

Преговорите не мора да водат кон независност

Време - 29.06.2007

ПО РУСКОТО ВЕТО, ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ СЕ ПРЕМИСЛУВААТ Карел де Гухт, белгискиот министер за надворешни работи, изјави дека во Белгија и во многу други европски земји има согласност дека Косово треба да се решава со четиримесечни преговори, чиј исход не мора да биде однапред договорен.

Белгија се залага за директни преговори за Косово

Утрински - 29.06.2007

Брисел - Белгискиот министер за надворешни работи Карел де Гухт изјави дека Белгија заедно со многу други земји-членки на Советот за безбедност во ОН, како и повеќето членки на ЕУ, се залага решението за статусот на Косово да биде договорено преку директни преговори во рок од четири месеци, и тоа ...

Русија ја одби и четвртата Нацрт-резолуција за Косово

Канал5 - 29.06.2007

Москва го одби најновиот предлог на Нацрт- резолуцијата за Косово, што вчера САД, Велика Британија и Франција го претставија во Советот за безбедност на ОН, јави Франс-прес. Њујорк/Стразбур, 29 јуни (МИА) - Москва го одби најновиот предлог на Нацрт- резолуцијата за Косово, што вчера САД, Велика ...

Нова Косовска битка!

Вечер Прес - 29.06.2007

"Србија знае, и тоа е суштина на видовденската порака дека на Косово може да победи само правото, а дека политиката на силата останува целосно немоќна и јалова" - вели Коштуница Се додека во Уставот на Србија пишува дека Косово е нејзина територија, Косово не може да биде независно.

Косово една од сочните порции

Вечер Прес - 29.06.2007

Дали и овојпат Русија ќе дозволи да биде изиграна и да го стави на коцка својот меѓународен кредибилитет Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џорџ Буш ќе се сретнат на 1-2 јули на летниот имот на семејството Буш во Кенебанкпорт, Мејн.

Рускиот гас - адут против независно Косово

Дневник - 28.06.2007

Ако ЕУ се определи за решавање на статусот на Косово надвор од рамките на ОН, Русија би можела да ја прекине испораката на гас за Германија и за другите членки на Унијата Решението за статусот на Косово не е ниту на повидок, зашто Русија е спремна и со економски притисок врз Европа да ја брани ...

Македонија сеуште размислува за инвестирање на Косово

Капитал - 28.06.2007

Македонија сеуште размислува за инвестирање на Косово Додека најголемите енергетски компании водат битка за контрола врз косовскиот јаглен, Македонија официјално останува нем посматрач. На маргините одредена група на бизнисмени се обидува да ја протне иницијативата за инвестирање на Косово ...

Коштуница: Косовска битка меѓу силата и правото

Канал5 - 28.06.2007

Се додека во Уставот на Србија пишува дека Косово е нејзина територија, Косово не може да биде независно. И тука силата ништо не помага, порачува претседателот на Владата на Србија, пишува денешна белградска „Политика“. Белград, 28 јуни (МИА) - Се додека во Уставот на Србија пишува дека Косово е ...

„Стратфор“: Решението за Косово не е на повидок

А1 - 27.06.2007

Решението за статусот на Косово не е ниту на повидок, оценува во својата најнова анализа американската агенција за стратешки истражувања „Стратфор“. Во анализата се проценува дека претседателот на САД на руско-американскиот самит ќе се определи за одолговлекување, додека Европа стравува од прекин ...

Нарушени односите на Србија со САД

Време - 27.06.2007

ПРЕМИЕРОТ КОШТУНИЦА ПРЕДУПРЕДИ Српскиот премиер Воислав Коштуница ги предупреди САД дека односите меѓу двете земји драматично се влошуваат, поради американското инсистирање на независност за Косово. - Америка стана предводник во предлагањето на територија на Србија да се направи уште една албанска ...

„Стратфор“: Решението за статусот на Косово не е ни на повидок

Канал5 - 27.06.2007

Решението за статусот на Косово не е ниту на повидок, оценува во својата најнова анализа американската агенција за стратешки истражувања „Стратфор“. Њујорк, 27 јуни (МИА) - Решението за статусот на Косово не е ниту на повидок, оценува во својата најнова анализа американската агенција за стратешки ...

Путин се интересирал за „Лукоил“

Време - 26.06.2007

НА СРЕДБАТА ВО ЗАГРЕБ Претседателот Бранко Црвенковски на билатералната средба со рускиот претседател, Владимир Путин, по завршувањето на Економскиот самит на шефовите на држави од ЈИЕ, завчера во Загреб, побарал да се анимираат руските фирми за да инвестираат во земјава особено во секторот за ...

Владимир Путин: ставот на Русија за Косово не се темели на верата

Време - 26.06.2007

ПО СРЕДБАТА ПУТИН-ТАДИЌ НА ЕНЕРГЕТСКИОТ САМИТ ВО ЗАГРЕБ Рускиот став за идниот статус на Косово не се темели на етнички и верски сличности со Србија, туку на меѓународното право, изјави рускиот претседател Владимир Путин на Енергетскиот самит во Загреб.

Руско враќање на Балканот

Утрински - 26.06.2007

Доаѓањето на Путин во Загреб има симболично значење на враќање на Русија во регионот кој го напушти пред десетина години Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ Москва - Благодарение на нафтата и гасот Русија, тргна во голема и долгорочна економско-политичка акција на враќање на Балканот.

Путин не го омекна ставот на Црвенковски за Ахтисари

Утрински - 26.06.2007

Русија бара сојузништво околу косовското прашање, Македонија бара руски инвестиции СОЊА КРАМАРСКА Рускиот претседател Путин не успеа да го омекне ставот на македонскиот претседател Бранко Црвенковски околу планот на Марти Ахтисари за решавање на статусот на Косово.

Регионот е во очајна потрага по енергија

Утрински - 26.06.2007

Двата самита за два месеца доволно зборуваат дека земјите од Балканот се пред енергетска криза МАЈА ТОМИЌ Се' поголемиот глад од енергија на земјите во ЈИЕ го актуализира прашањето за формирање енергетска заедница на државите заради решавање на енергетските кризи во земјите, но и поради тоа што ...

Путин не барал промена на ставот за Косово

Дневник - 26.06.2007

Црвенковски на средбата објаснил дека Македонија треба да се води од сопствените интереси и да одржи добри односи и со Белград и со Приштина Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин ниту побарал ниту сугерирал Македонија да го промени ставот за Косово, ниту се обидел да побара ...

Руските компании имаат проблем со македонската администрација му порача Путин на Црвенковски

Канал5 - 26.06.2007

Претседателот на Македонија, Црвенковски лобирал кај претседателот на Русија, Путин за влез на руски инвестиции во земјава. Побарал да ги анимира руските компании за поголемо присуство во земјава. Претседателот на Македонија, Црвенковски лобирал кај претседателот на Русија, Путин за влез на руски ...

Без промени на ставот за Косово

Вечер Прес - 26.06.2007

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, не побарал Македонија да го промени својот став за Косово. Шефот на државата Бранко Црвенковски вчера ги демантираше информациите на агенцијата "Бета" дека на тет-а-тет средбата со Путин на Македонија и било сугерирано да нема толку нагласена ...

Црвенковски: Путин не побара да се смени ставот за Косово

А1 - 25.06.2007

Рускиот претседател не побарал Македонија да го промени или да го повлече ставот за признавање на независно Косово, ги демантираше претседателот Црвенковски медиумските извештаи, според кои, во Загреб Путин се обидел да изврши притисок Македонија да ја поддржи руската позиција за Косово.

Русија и Србија не го прифатија предлогот на САД и на Британија

Време - 25.06.2007

РАСПРАВА ЗА КОСОВО Русија и Србија го отфрлија предлогот на САД и на Британија прашањето на Косово да се одложи на 120 дена, во чиј тек би се воделе преговори меѓу Србите и Албанците, а по кои би се донело решение според планот на Марти Ахтисари, кој предвидува Косово да добие надгледувана ...

Неопходна е балканска енергетска заедница

Вест - 25.06.2007

ЦРВЕНКОВСКИ НА САМИТ НА ЈИЕ ВО ЗАГРЕБ Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски на вчерашниот Самит на ЈИЕ во Загреб рече дека е потребно формирање на енергетска заедница на државите од Југоисточна Европа како конкретен чекор за подобрување на енергетскиот пазар во регионот.

Русија ќе и' помогне на Македонија со комплетна гасификација

Утрински - 25.06.2007

Претседателот Црвенковски во Загреб имаше средба со рускиот претседател Путин Македонскиот претседател Бранко Црвенковски вчера во Загреб учествуваше на енергетскиот самит на шефовите на земјите од Југоисточна Европа и Русија.

Албанците во САД 20 години успешно лобираат за Косово

Дневник - 25.06.2007

Оценките на политичките аналитичари се дека албанските иселеници се многу силна и компактна група која може да се пофали со добри контакти во Капитол Хил, Пентагон и во Белата куќа Посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на Тирана покажа колку се силни политичките врски помеѓу САД и ...

Енергијата ја поврзува Југоисточна Европа

Дневник - 25.06.2007

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски изрази подготвеност за влез на руските енергетски компании на македонскиот пазар како дел од поширокиот регионален пазар На државите од Југоисточна Европа им е потребно да формираат енергетска заедница како конкретен чекор за подобрување на енергетскиот ...

Тадиќ - Путин: Независноста на Косово би ја загрозила стабилноста на регионот

Канал5 - 25.06.2007

Претседателите на Србија и Русија Борис Тадиќ и Владимир Путин синоќа во Загреб се согласија дека Косово треба да остане во границите на Србија и дека независноста на покраината би ја загрозила стабилноста во целиот регион. Загреб, 25 јуни (МИА) - Претседателите на Србија и Русија Борис Тадиќ и ...

Македонија и понатаму го поддржува планот на Ахтисари

Вечер Прес - 25.06.2007

Русија е заинтересирана за инвестирање во нашиот енергетски систем. Ги интересираат термоцентралите и гасификацијата Македонија и понатаму ќе продожи да го поддржува планот на Ахтисари за Косово, иако тој е неприфатлив за Русија.

Косовската мафија платила 40 милиони евра за независност на Косово?!

Вечер Прес - 25.06.2007

Германската разузнавачка служба БНД доставила извештај до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, во кој се потврдуваат сомнежите дека косовските Албанци го потплатиле неговиот специјален претставник за Косово, Марти Ахтисари, со цел да предложи независност за покраината, тврди бањалучкиот весник ...