TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во продажба билетите за концертот на "Бијело Дугме" во Белград

Вест - 08.06.2005

ВО СКОПСКИТЕ МУЗИЧКИ ПРОДАВНИЦИ Македонските фанови на "Бијело Дугме" можат да купат билети за белградскиот концерт на 28 јуни, во музичките продавници "Југотон" и "Рекорд рекордс". Влезница за концертот, плус автобуски превоз чини 2.200 денари, а само влезница 1.100 денари.

Картите за концертот на "Бјело дугме" во Белград - 1.100 денари

Дневник - 08.06.2005

ВО ЈУГОТОН И ВО РЕКОРД РЕКОРДС Влезниците за концертот на "Бјело дугме", кој ќе се одржи на 28 јуни во Хиподромот во Белград, од вчера може да се купат и кај нас. По цена од 1.100 денари за карта, односно 2.200 за влезница и организиран превоз може да се набават во "Југотон" и во "Рекорд рекордс" ...

БИЈЕЛО ДУГМЕ во Сараево, Загреб, Белград

Вест - 07.06.2005

За белградскиот концерт на "Бијело Дугме", што ќе се одржи на Хиподромот, на 28 јуни, се продадени повеќе од 50.000 билети, пишуваат српските медиуми. Во продажба се пуштени и три серии ВИП билети: за стоење со цена од 50 евра, за седење за 100 евра и за ресторанската ложа со цена од 1.000 евра! ...

“Бијело Дугме“ ја запали 60 илјадната публика во Сараево

Макфакс - 06.06.2005

Сараево Легендарната југословенска група “Бијело Дугме“ синоќа на стадионот Кошево во Сараево одржа концерт пред повеќе од 60.000 луѓе, јавуваат денеска босанските медиуми. Синоќешниот концерт траел повеќе од три часа, а своите песни ги изведувале тројцата пејачи на групата, Жељко Бебек, Младен ...