TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вардар и Пелистер пред пласман во денешното финале

Вест - 17.08.2002

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМЕТЕН ТУРНИР "СТРУГА 2002" Југословенскиот прволигаш Југопетрол Железничар го изненади Тутунски комбинат Бренд на вториот ден од 30. издание на меѓународниот струшки ракометен турнир. Гостите од Ниш славеа победа од 28:22.

Пелистер го разнесе Архелаос

Утрински - 17.08.2002

Втор ден на 30. летен турнир "Струга 2002" Македонскиот вицешампион Пелистер оствари убедлива победа 32:20 (15:10) над грчкиот прволигаш Архелаос во вториот натпреварувачки ден од 30. традиционален летен ракометен турнир "Струга 2002".

Пелистер и Вардар В. фаворити за финалето

Дневник - 17.08.2002

РАКОМЕТ - ТУРНИР ВО СТРУГА Екипите на Пелистер Битола и Вардар Ватростална се најголемите фаворити за вечерашното финале (19,30 ч.) на 30-тиот меѓународен ракометен турнир во Струга, откако забележаа по една победа. Во второто коло Пелистер го порази грчки Архелаос, 32-20, додека Тутунски комбинат ...

Вардарци фуриозни против Железничар

Вест - 16.08.2002

РАКОМЕТ - СТАРТУВАШЕ МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР "СТРУГА 2002" Новиот капитен на Вардар.- Олег Маљцев Во Струга стартуваше 30. издание на тамошниот традиционален меѓународен ракометен турнир, кој годинава собра четири наши суперлигаши и две странски екипи, грчкиот Архелаос и југословенскиот Железничар ...

Вардар В. и Архелаос убедливи

Утрински - 16.08.2002

Во стартот од 30. традиционален летен ракометен турнир "Струга 2002" Екипите на Вардар Ватростална и на Архелаос со убедливи победи стартуваа на 30-от традиционален летен ракометен турнир "Струга 2002", кој се вклопува и во прославата на 50-годишнината од основањето на локалниот машки суперлигаш ...

Без Кутаноски, стружани немоќни против Грците

Дневник - 16.08.2002

ПОЧНА 30. МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО СТРУГА Лесна победа на шампионот Вардар В. против нишки Југопетрол Жељезничар Грчкиот прволигаш Архелаос и македонскиот шампион Вардар Ватростална победија во првите средби против домаќинот Струга Илинден, односно југословенскиот лигаш Југопетрол Железничар од Ниш, ...

30-ти меѓународен летен ракометен турнир во Струга

А1 - 14.08.2002

Во Струга почна јубилејниот 30-ти меѓународен летен ракометен турнир. Шест екипи се на охридското крајбрежје на овој турнир, кој вообичаено е најава за новата ракометна сезона кај нас. Грчкиот прволигаш Архелаос го совлада домаќинот Струга Илинден со 33:25, во премиерниот натпревар од втората група ...

Домаќинот го отвора турнирот

Утрински - 14.08.2002

Денес почнува Меѓународниот машки ракометен турнир "Струга 2002" СТРУГА - Денес во градот на Црн Дрим почнува традиционалниот 30-ти по ред Меѓународен машки ракометен турнир "Струга 2002" на кој ќе настапат екипите на Вардар Ватростална, Пелистер, ТК Бренд, домаќинот Струга Илинден и двата странски ...

Вардарци се надеваат на хет-трик на Охридско Езеро

Дневник - 14.08.2002

ПОЧНУВА ТУРНИРОТ ВО СТРУГА * Ракометарите на Вардар Ватростална, иако без Пепи Манасков, најдобриот стрелец во тимот и играч, се надеваат дека ќе може да го одбранат пехарот што во претходните две сезони го освојуваа на традиционалниот турнир во Струга, кој што годинава се одржува по 30-ти пат.

Локомотив од Варна откажа, во Струга доаѓа Архелаос од Катерини

Дневник - 12.08.2002

30. МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР "СТРУГА 2002" Уште два дена останаа до почетокот на годинашниот јубилеен 30. меѓународен ракометен турнир "Струга 2002". Во моментот кога членовите на Организацискиот одбор се растрчани и ги прават последните подготовки за успешна организација, од Варна пристигна веста дека ...