TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Патниот правец Градско-Прилеп блокиран еден час

Утрински - 21.07.2005

Прилепските резервисти бараат исплата на отштетата ПРИЛЕП - Со едночасовна блокада на патниот правец Градско-Прилеп вчера претпладне 85-те прилепски резервисти на АРМ, членови на конвојот кој на 8 август 2001 година беше нападнат кај Карпалак, при што загинаа десетмина прилепчани, го започнаа ...

Судот досуди отштети, државата сака да ги затаи

Време - 21.07.2005

УЧЕСНИЦИТЕ ОД КАРПАЛАК ГО БЛОКИРА ПАТОТ ПРИЛЕП-СКОПЈЕ Светлана Ристеска Осумдесетина члена на Здружението на учесници на Карпалак вчера изутрина го блокираа регионалниот пат Прилеп-Скопје, кај месноста Заполшки Мост во близина на Прилеп, во знак на протест поради доцнењето на отштетата од државата ...

Резервистите од Карпалак си ја бараат отштетата

Вест - 21.07.2005

БЛОКАДА НА ПАТОТ СКОПЈЕ - ПРИЛЕП Осумдесет и шест преживеани резервисти од масакрот кај Карпалак , со двочасовна блокада на регионалниот пат Прилеп- Скопје, вчера го изразија незадоволството од неефикансота и неажурноста на македонското судство.

Блокадите ќе продолжат до исплатата на отштетата

Дневник - 21.07.2005

ПРОТЕСТИРАА ПРЕЖИВЕАНИТЕ КАЈ КАРПАЛАК Резервистите што го преживеаја нападот кај Карпалак вчера два часа го блокираа патот Скопје-Прилеп-Охрид, кај Заполошки мост, зашто не им е исплатена отштетата за претрпениот страв и болка од настаните во 2001 година, иако за тоа имаат правосилна судска пресуда.

Македонските бранители го блокираа патот Прилеп-Скопје

А1 - 20.07.2005

86 резервисти кои го преживеаа масакрот кај Карпалак, денеска 2 часа го блокираа патниот правец Прилеп-Скопје. Ова е една од мерките кои тие ја преземаат за да го искажат своето незадоволство од неажурноста и неефикасноста на судовите.

Резеревистите ќе го блокираат патот Прилеп - Скопје

Утрински - 20.07.2005

Поради неисплата на отштетата ПРИЛЕП - Со блокадата на патниот правец Прилеп - Скопје, која од денеска па натаму ќе трае секојдневно по два часа, членовите на Здружението "Карпалак° ќе го изразат својот револт од неефикасноста и неажурноста на судовите.

Учесниците од Карпалак на блокада

Време - 20.07.2005

ДЕНЕСКА Здружението на учесници во Карпалак денеска од 10–12 часот ќе го блокираат патот како знак на револт од неизвршувањето на правосилната судска пресуда од Основен суд Скопје 1, и поради неажурноста и незаинтересираноста на судството.

Протести додека државата не им исплати отштета

Дневник - 18.07.2005

ПРЕЖИВЕАНИТЕ НА КАРПАЛАК НАЈАВУВААТ Првата блокада ќе биде поставена задутре, 20 јули, на Заполошки мост на влезот во Прилеп Ќе поставуваме блокади и ќе протестираме се додека судијката Ангелина Поповска од скопскиот Основен суд 1 во Скопје не го потпише извршното решение за исплата на отштетата ...