TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нејасна смрт на штитеник во Заводот во Демир Капија

Дневник - 08.09.2007

Починатиот Јашар Орхан (20), кој се жалел на болки во стомакот, од велешката болница бил препратен во Ургентниот центар во Скопје, од каде што го вратиле во Заводот со образложение дека не му е ништо Штитеникот во Специјалниот завод во Демир Капија, скопјанецот Јашар Орхан (20), почина завчера од ...

Сомнителна смрт на штитеник од Демир Капија

Утрински - 08.09.2007

Дваесетгодишниот скопјанец Јасер Северџан, штитеник на Заводот за пациенти со специјални потреби „Демир Капија“, завчеравечер починал под сомнителни околности во болницата. Момчето поради болки во стомакот било пренесено во велешката болница, а потоа и во скопскиот Ургентен центар, од каде што бил ...

Вработен во Заводот во Банско натерал штитеник да го подметне пожарот

Утрински - 08.09.2007

СЛУЧАЈ На Васил Бојаџиев (56) му помогнал 11-годишник од Заводот, кој со свеќи го предизвикал пожарот СУЗАНА ТАСЕВА БАНСКО - Васил Бојаџиев (56), вработен како негувател во Заводот за заштита и рехабилитација на деца и младинци „Бања Банско” кај Струмица, е осомничен дека го нарачал пожарот во кој ...

Болничар му наредил на штитеник да го подметне огнот

Вест - 08.09.2007

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ОСОМНИЧЕН ЗА ПОЖАРОТ ВО ЗАВОДОТ БАЊА БАНСКО Васил Б. (56) од Струмица, вработен како болничар во Заводот за рехабилитација Бања Банско во Струмица, е притворен под сомнение дека му наредил на 11-годишно дете, штитеник во Заводот, да предизвика пожар во кој ...

Негувател осомничен за подметнување пожар

Дневник - 08.09.2007

Според истрагата, Васил Бојаџиев поттикнал дете-штитеник да го запали Заводот, пожар во кој загинаа тројца Васил Бојаџиев (56), вработен како негувател во Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Бања Банско, е осомничен од полицијата дека го подметнал пожарот, во кој загинаа тројца ...

Огнот во бањата бил подметнат

Вечер Прес - 08.09.2007

Васил Бојаџиев (56) наговорил штитеник односно 11-годишен малолетник да го подметне пожарот во Бања Банско, во кој загинаа три лица Пожарот во Заводот за рехабилитација Бања Банско го подметнал штитеник на заводот, единасетгодишно момче, соопшти МВР.

Сомнителна смрт на штитеник

Вечер Прес - 08.09.2007

Дваесетгодишниот скопјанец Јасер Северџан, штитеник во установата за лица со посебни потреби "Демир Капија" вчеравечер е пријавен за починат под сомнителни околности, информира МВР. Според МВР, Северџан во средата попладне како итен случај бил примен во Медицинскиот центар во Велес, а оттаму бил ...

Пожарот во Банско бил подметнат

А1 - 07.09.2007

56-годишниот Васил Бојаџиев, вработен како негувател, го подметнал пожарот во Заводот во Банско од чии последици смртно настрадаа тројца штитеници, покажале првичните сознанија на истражните органи, по извршените разговори со штитениците, вработените и жителите на Банско.

Почина уште еден штитеник на Заводот

Дневник - 07.09.2007

Најлесно повредениот во пожарот, Златко Петкоски (23), од прилепското село Заполжани, завчера починал на пат кон струмичката болница, од каде што претходно бил пуштен Штитеникот на Заводот за рехабилитација во Бања Банско Златко Петкоски (23), од прилепското село Заполжани, завчера попладнето ...

Пожарот во заводот Бања Банско е подметнат

Канал5 - 07.09.2007

Болничарот во заводот за рехабилитација на лица со хендикеп Васил Бојаџиев е главниот осомничен од полицијата и судските истражни органи за поттикнување на пожар при кој животите ги загубија три лица од кои две се деца. Болничарот во заводот за рехабилитација на лица со хендикеп Васил Бојаџиев е ...

Трета жртва на пожарот

Вест - 07.09.2007

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ЗАВОДОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА БАЊА БАНСКО Златко Петкоски до прилепското село Заполжани, еден од шестемина штитеници на Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско кои беа хоспитализирани во Струмичката болница, по големиот пожар што избувна минатата недела, завчера попладне ...

Почина уште еден штитеник од Заводот

Време - 07.09.2007

ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО БАЊА БАНСКО Штитеникот Златко Петковски од Заводот за заштита и рехабилитација од Бања Банско, кој е еден од осумтемина хоспитализирани од неделниот пожар, завчера починал, на патот до Општата болница во Струмица.

Почина уште еден штитеник од изгорениот Завод во Банско

Утрински - 07.09.2007

Обдукцијата ќе покаже од што настапила смртта и дали имало лекарски пропуст СУЗАНА ТАСЕВА БАНСКО - Во Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско” кај Струмица почина уште еден штитеник. Златко Петкоски (23), завчера во попладневните часови починал на патот од Заводот кон струмичката болница.

Пожарот во „Банско“ предизвикан намерно-уапсен негувател

Макфакс - 07.09.2007

Скопје Пожарот во бањата „Банско“, во кој што се задушија две деца, најверојатно бил подметнат од малолетник по инструкции на негувател од бањата, соопшти полицијата. СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.В. (56) вработен во бањата како негувател, поради основано сомневање дека сторил ...

Почина штитеник од Заводот во Демир Капија, поведена истрага

Макфакс - 07.09.2007

Скопје Поведена е истрага за причините за смртта на штитеник од Специјалниот завод во Демир Капија, кој починал во средата, откако бил отпуштен од Ургентниот центар во Скопје, официјално е соопштено. Починатото лице, идентификувано со иницијали О.Ј, било сместено во Специјалниот завод во Демир ...

Трета жртва, починала од непознати причини

Вечер Прес - 07.09.2007

Златко Петковски (23) во неделата бил примен заедно со останатите штитеници, а поради немање знаци на труење од чадот од пожарот, бил пуштен на домашно лекување. Завчера смртта кај него настапила ненадејно, од се уште непознати причини Пожарот во струмичката Бања Банско ја однесе третата жртва.

Почина трет штитеник во Банско

А1 - 06.09.2007

Вчера попладне на пат кон струмичката болница починал 23-годишниот Златко Петкоски. Тој беше еден од шесте штитеници кои по пожарот во заводот беа хоспитализирани во болницата. Според изјавите на лекарите, меѓу повредените тој бил со најдобра здравствена состојба, без изгореници и без ...

Пожарот во заводот за рехабилитација во Банско однесе уште една жртва

Канал5 - 06.09.2007

Пожарот во Банско однесе уште еден живот. Почина 23 г. Златко Петковски, штитеник во Заводот за рехабилитација на лица со хендикеп. Според лекарите од струмичката болница, Златко бил последен од шестината повредени штитеници кој бил донесен во болницата по стравотниот пожар кој ја уништи зградата ...

Трета жртва на пожарот во Заводот „Банско“

Макфакс - 06.09.2007

Струмица Почина уште едно лице од повредените во големиот пожар што во неделата се случи во Заводот за здравствена заштита на деца и младинци во бањата „Банско“, со што билансот на жртви се искачи на три лица. Златко Петкоски (23), штитеник во заводот во Банско, починал во средата попладне на пат ...

Штитениците се враќаат во новиот објект

Дневник - 05.09.2007

Струмица вчера жалеше за двете загинати деца, штитеници на Заводот за заштита и рехабилитација во Бања Банско, кои настрадаа во големиот пожар што во неделата ноќта го зафати објектот. Знамињата на сите јавни институции во Струмица беа на половина копје, а во општината беше ден на жалост.

Струмица жалеше за загинатите деца во Банско

Утрински - 05.09.2007

СТРУМИЦА - Струмица вчера беше во жалост. На сите јавни установи во општината на половина копје беа истакнати државното и општинското знаме во спомен на двете загинати деца во големиот пожар во Заводот за заштита и рехабилитација на деца и младинци во Бања Банско.

Струмица жали за загинатите во Банско

А1 - 04.09.2007

Струмица е во жалост. На сите јавни институции државното и општинското знаме денеска беа истакнати на половина копје во спомен на двете деца кои загинаа во големиот пожар во заводот во Банско. И додека Струмица жали, а државните институции и донаторите веќе ја испратија првата помош, од истражните ...

Спој на електричната инсталација причина за пожарот во Бања Банско

Утрински - 04.09.2007

Осумтемина штитеници на Заводот што беа повредени во пожарот се чувствуваат добро СУЗАНА ТАСЕВА БАЊА БАНСКО - И два дена по големиот пожар што го зафати стариот објект на Заводот за заштита и рехабилитација на деца и младинци во Бања Банско кај Струмица, се' уште се чувствува мирисот од чад.

Струмица е во жалост за двете настрадани деца во пожарот во Банско

Канал5 - 04.09.2007

Знамиња на половина копје, Струмица денеска е во жалост. Струмичани не можат да се соземат од шокот по стравотниот пожар кој викендов зеде два млади животи уништувајќи го до темел Заводот за заштита и рехабилитација на лица со хендикеп во Банско.

Хорор кај министерот Мешков

Вест - 04.09.2007

СМРТ ПОД СОЦИЈАЛЕН НАДЗОР НА ДРЖАВАТА Две деца, телесни инвалиди, во неделата се задушија во пожар во Заводот за рехабилитација Бања Банко, во саботата во светиниколското село Пеширово е откриен случај на чедоморство врз две новороденчиња во социјално загрозено семејство со осум де За само два дена ...

„Злате, помагајте, ми изгореа децата“

Време - 04.09.2007

СВЕДОШТВО НА ПРЕЖИВЕАНИТЕ ИНВАЛИДИЗИРАНИ ДЕЦА Снежана Џорлева Еден ден по големиот пожар, во кој речиси целосно изгоре стационарниот дел во старата зграда на Заводот за заштита и рехабилитација во Бања Банско, вработените и штитениците се уште се во шок и тага по загубените два млади живота и она ...

Знамињата во Струмица на половина копје

Дневник - 04.09.2007

ВО БАЊА БАНСКО Повредените во пожарот закрепнуваат, загинатиот штитеник Драган Стоиловски (11) вчера беше погребан во родната Виница, а Бајрам Мемиш (8) ќе биде погребан во Скопје Прегреан продолжен кабел е, најверојатно, причината за големиот пожар во Заводот за заштита и рехабилитација на деца и ...

Штитениците најнезаштитени

Дневник - 04.09.2007

Двете последни трагедии - пожарот во Банско, во кој загинаа две деца, и грозоморното двојно чедоубиство во светиниколското село Пеширово, каде што татко ги задави двете новороденчиња зашто бил премногу сиромав , предупредуваат дека институциите мора да преземат многу поголема грижа за штитениците и ...

Прогласен ден на жалост, причините за огнот не се знаат

Вечер Прес - 04.09.2007

По повод смртта на двете деца - штитеници на Заводот за заштита и рехабилитација на иналидизирани лица од Бања Банско, кои настрадаа во завчерашниот пожар што ја зафати оваа единствена од ваков вид воспитнообразовна и здравственосоцијална установа во земјава, градоначалникот на Струмица, Зоран ...

Дотраена инсталација причина за пожарот во Банско

А1 - 03.09.2007

И денеска во Банско не престанаа да течат солзите на вработените и штитениците по двете загинати деца во големиот пожар , 11-годишниот Драган Стоилков кој денеска е погребан во Виница и три години помладиот Бајрам Мемиш од Скопје.

Скопјанчето Бајрам Мемиши 4 месеци престојувал во заводот во Бања Банско

Канал5 - 03.09.2007

Семејството на Бајрам Мемиши - втората жртва во вчерашниот пожар во заводот за рехабилитација на инвалидизирани лица во струмичка Бања Банско, се уште не може да поверува дека го загубило осумгодишното дете. Семејството на Бајрам Мемиши - втората жртва во вчерашниот пожар во заводот за ...

Се задушија две деца

Вест - 03.09.2007

ИЗГОРЕ ЗАВОДОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ТЕЛЕСНО ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА БАНСКО ВО СТРУМИЦА Во пожарот, кој во Заводот за рехабилитација избувнал околу 2.15 часот ноќта, животот го загубиле 11-годишниот Драган Стоилков од Виница и 3 години помладиот Бајрам Мемиши од Скопје, а повредени се 6 телесно ...

(Продолжува од стр.1)

Дневник - 03.09.2007

Кога избувнал пожарот, во објектот имало 25 деца и младинци, од кои најголем дел се неподвижни Штитениците Драган Стоилков (11) од Виница и Бајрам Мемиш (8) од Скопје го загубија животот во големиот пожар што завчера во два часот ноќта го зафати стариот дел од објектот на Заводот за здравствена ...

Драган Стоиловски во Бањата Банско починал од изгореници, а не од задушување со чад

Канал5 - 03.09.2007

- Лага е дека нашето дете починало од задушување. Со такви приказни само се замајува јавноста, велат родителите на Драган Стоиловски од Виница, кој настрада во пожарот во “Бања Банско”. Единаесетгодишниот има тешки изгореници на горниот дел од телото, на лицето и по екстремитетите.

Две деца загинаа во пожар во Заводот во Банско

Утрински - 03.09.2007

Пожарот, најверојатно, бил предизвикан од спој на електричната инсталацијаСузана Тасева СТРУМИЦА - Две деца загинаа, а десет други се повредени во пожарот што избувна вчера околу два часот по полноќ во стариот дел од Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ кај Струмица.

Неподвижни деца се задушиле во пожар

Време - 03.09.2007

НЕВИДЕНА ТРАГЕДИЈА ВО БАЊА БАНСКО Драганчо Стоилов (13) и Бајрам Мимишев (10), штитеници на заводот за рехабилитација Бања Банско, починале од труење со чад во пожарот што избил во една од зградите на заводот завчера, околу 6 часот.

Ден на жалост во Струмица по катастрофата во Банско

Канал5 - 03.09.2007

Жарко Јачев денеска излезе од струмичката болница, каде му беа санирани повредите од вчерашниот стравотен пожар во заводот за заштита и рехабилитација на инвлидизирани лица во Бања Банско, во кој загинаа две деца. Жарко Јачев денеска излезе од струмичката болница, каде му беа санирани повредите од ...