TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Илинка честеше ручек

Вест - 12.11.2005

Министерката за надворешни работи Илинка Митрева вчера ги честеше со ручек амбасадорите на земјите - членки на Европската унија кои се на дипломатска служба во Скопје. Ручекот, замислен како работна средба, се одржа во клубот на пратениците во Скопје напладне.

Здравица за Македонија во Европа

Вечер Прес - 12.11.2005

Министерката за надворешни работи, Илинка Митрева и амбасадорите во земјава, вчера наздравија за Република Македонија во Европа. На свечениот ручек, организиран од МНР по повод мислењето на Европската комисија, министерката пред амбасадорите изрази надеж дека, по нивното враќање од божикните и ...

Амбасадорите на работен ручек кај Митрева

А1 - 11.11.2005

Министерката за надворешни работи Митрева започна да ги почитува пропораките на Европската комисија. Ја разбрала пораката од Брисел и не спомена датум за почеток на преговори за членство пред амбасадорите на членки на Европската Унија и земјите од процесот на стабилизација и асоцијација кои денеска ...

Илинка диско кралица

Вест - 11.11.2005

СДСМ ЖУРКА Министерката за надворешни работи Илинка Митрева се отепа од играње на завчерашната журка во скопската дискотека "Процес". Забавата бреше организирана од Социјалдемократската младина по повод позитивното мислење од Европската унија.

Средби на Митрева во Париз

Макфакс - 09.11.2005

Париз Позитивната препорака на Европската комисија (ЕК) за македонската апликација е валоризација за постигнатото, оценил правниот експерт и француски сенатор Робер Бадентер, на средба со шефот на македонската дипломатија Илинка Митрева во Париз, официјално е соопштено.

Митрева ја продолжува посета на Париз

Макфакс - 08.11.2005

Скопје Министерот за надворешни работи на Македонија Илинка Митрева ја продолжува дводневната работната посета на Париз. Митрева, како што е соопштено, ќе има средби со францускиот министер за соработка, развој и франкофонија Брижит Жирарден и со генералниот секретар на Меѓународната организација ...

Митрева во работна посета на Париз

Макфакс - 07.11.2005

Скопје Шефот на дипломатијата Илинка Митрева во наредните два дена ќе престојува во работна посета на Париз, соопшти денеска македонското Министерство за надворешни работи. Министерот Митрева ќе оствари средба со францускиот министер за соработка, развој и франкофонија Брижит Жирарден и со ...