TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Арамии украле алат од магацин на "Мак - Оил"

Вечер - 27.05.2006

Ноќта, вторникот наспрема средата, скопски арамија упаднал во магацин на фирмата "Мак - Оил", украл разновиден алат и избегал. Наредниот ден откако вработените го пријавиле случајот в полиција, инспектори од Одделот кражби на СВР Скопје извршиле увид.

"Списокот на Карла" на фестивал во Локарно

Вечер - 26.05.2006

Документариот филм за Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија и за потрагата по воените злосторници ќе биде прикажан на светска премиера на 5 август на Фестивалот во Локарно. На премиерата ќе присуствува и главната обвинителка Карла дел Понте, беше објавено на фестивалот во Кан.

"Колосеум" ќе тужи!

Вечер - 26.05.2006

Затворањето на дискотеката "Колосеум" со еднострано раскинување на договорот за закуп, кој има важност до 2010 година е класично беззаконие, обвинува нејзиниот сопственик Зоран Столевски-Свила. Тој тврди дека не постои никаков долг кон "Паркови и зеленило", туку дека главната игра е во тоа што ...

"Балистите" искршија 10 автобуси

Вечер - 26.05.2006

Навивачите на тетовскиот клуб "Шкендија 79" демолирале 10 автобуси на ЈСП Скопје, по завршувањето на завчерашниот финален натпревар од Купот на Македонија. Навивачите, познати како "балисти", револтирани поради претрпениот пораз од фудбалскиот клуб "Македонија - Ѓорче Петров", на пат за Тетово ...

"Лавовите" со круна

Вечер - 26.05.2006

Фудбалерите на Македонија Ѓ.П. ја крунисаа сезоната. Ѓорчепетровци се победници на Купот на Македонија, откако во финалето, по големи пресврти, ја победија Шкендија со 3:2 и за прв пат во клупската историја се вброија меѓу освојувачите на трофејот на ФФМ. Со ова Македонија Ѓ.П.

Директорот на "Руен” печалел за друг

Вечер - 26.05.2006

Директорот на на АД "Руен" од Кочани, А.Г. (61) злоупотребувајќи ја службената положба и овластување, остварил имотна корист за друг. Против него полицијата поднела кривична пријава. Осомничениот директор се товари дека во 2002 година не доставил писмено известување до Основниот суд Скопје 1, каде ...

НАВАЛИ НАРОДЕ, "КОДОТ..." ЗА 100 ДЕНАРИ!

Вечер - 26.05.2006

"Здраво мајсторе, колку 'Кодот...'"? "100 денари, само стотка", одговара "мајсторот". "Снимка супер, а и на звук нема да се жалиш". Превод имаш македонски. Од сабајле може педесетина имам продадено". Овој "муабет" може од завчера да го правите со дивите продавачи на ДВД во Скопје и за хитот "Кодот ...

"Тивок дуел" во Скопје

Вечер - 25.05.2006

Циклусот јапонски филмови "Фестивал на јапонскиот филм" ќе се врти од денеска до 30 мај во Арт киното "Фросина". Скопјани ќе можат да видат седум филмови од јапонската кинематографија и да го проследат развитокот на јапонскиот филм во периодот од 1932 до 1967 година.

"Ататурк" во пламен

Вечер - 25.05.2006

Голем пожар избувна вчера во складиште на истанбулскиот аеродром "Ататурк", што предизвика прекин на воздушниот сообраќај на овој најголем аеродром во Турција. Како што јавија турските медиуми, од запаленото складиште се издига црн чад, висок над 30 метри.

Најдобрите студенти - ексклузивци на "Водовод"

Вечер - 25.05.2006

ЈП "Водовод и канализација" Скопје ќе стипендира двајца студенти од Градежниот факултет, студискиот програм за хидротехничка насока кои во текот на студирањето ќе покажат најдобри резултати. Оваа новина, генералниот директор на јавното претпријатие им ја презентираше на десетте студенти од втора ...

"Актон" ќе се закачи на мрежата на Телеком

Вечер - 25.05.2006

Скопската фирма "Актон комуникации" се подготвува за фиксен оператор. Претставници на компанијата, во која има словенечки капитал веќе писмено ја известиле Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) дека почнале преговори со "Македонски телекомуникации" за условите за поврзување со нивната мрежа.

Боки ќе ја "вози" Цеца со приватен авион

Вечер - 25.05.2006

Очекувајте го неочекуваното, зашто Бојан Јовановски - "13" наводно ќе ја кешира Цеца и тоа ептен "жешко", за да биде негова гостинка на "Ноќ на ѕвездите" на.29 јули во Струга, каде мегаѕвездата треба да одржи шоу и да прими награда.

Повторно упад во "Жито Битола"

Вечер - 24.05.2006

Група од четириесетина земјоделци повторно упаднаа во Мелничкиот комбинат "Жито Битола" во Битола откако со сила ја истуркаа железната капија на главниот фабрички влез. Тие претходно протестираа пред Мелничкиот комбинат поради, како што велат, прекин на исплатата на средствата за пченицата од ...

"Жито лукс" со загуба од 56,9 мил.долари

Вечер - 24.05.2006

Скопски "Жито лукс" за првите три месеци од годинава реализираше загуба во износ од 56,9 милиони денари. Според податоците во билансот на успех, што официјално е објавен на берзата, загубата е резултат на поголемите расходи, од остварените приходи.

"Брзо да влезете во ОН"

Вечер - 23.05.2006

- Дозволете ми во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија да Ви упатам најискрени честитки по повод успешниот исход на вчерашниот референдум за независност на Република Црна Гора, кој претставува реализација и потврда на историските аспирации на Вашиот народ за самостојна и ...

"Крал" без кралство

Вечер - 23.05.2006

Признанието "Златна топка" за најдобар фудбалер на Европа е најголемо признание за секоја играч, но во исто време е и проклетство. Досега ниеден носител на овој трофеј не ја освоил светската титула во годинава во која царувал, коментира агенцијата ЕФЕ.

Русија, Европа и САД "изумираат"!

Вечер - 23.05.2006

Многумина, веројатно, ги изненади што рускиот претседател Владимир Путин, во годишното обраќање на нацијата, демографијата ја означи како "најтежок проблем". Таа земја која моментно има 143 милиони жители годишно губи речиси милион луѓе поради нискиот наталитет и високата смртност.

"Јас, Исидора" најдобра

Вечер - 23.05.2006

Балетско-сценскиот перфоманс "Јас, Исидора", работен на музика од Калиопи, а во кореографија на Олга Панго ја освои наградата за Најдобар танцов театар на Интернационалниот црноморски театарски фестивал во Тразбон, Р. Турција.

Кошаркарски "љубовен триаголник"

Вечер - 23.05.2006

Зад нас е уште една кошаркарска сезона во која немаше тектонски поместувања, стар-нов победник во првенството и купот е Ф. Работнички. Најавата дека екипите ќе ги активираат прикриените, сопствени, потенцијали, опиени од репрезентативните, сениорски успеси, во пракса значеше преценување на ...

Пак "по грешка" убиени 50 лица

Вечер - 23.05.2006

Над 50 лица загинаа во нападот на американски воени авиони врз село во јужен Авганистан, објавија дел од западните медиуми. Според воен портпарол на американските сили во нападот загинале 50 талибанци додека Би-Би-Си јави дека загинале 30 цивили и 50 се повредени.

Во Македонија "декодирале" 3 500 гледачи

Вечер - 23.05.2006

"Кодот на Да Винчи" ги пребукира кино-благајните во светот изминатиот викенд. Само за трите дена од прикажувањето инкасирал 77 милиони долари во САД и дури 147 милиони во светот. Со вкупната заработка од 224 милиони, "Кодот...

Владата "седна" - злосторот продолжува!

Вечер - 22.05.2006

Дваесет и пет убиени и 60 повредени во вчерашниот црн биланс во Ирак на првиот ден од владеењето на новата Влада на национално единство, чиј приоритет, како што најави премиерот Нури ал Малики, е безбедносната стабилизација на земјата.

После Милица со кашикара се "пофали" и Милан

Вечер - 22.05.2006

Неверојатно, но вистинито: пак бомба кашикара, петта по ред, во Прилеп. Кон крајот на март, 70-годишната прилепчанка Милица Соколоска, барајќи полжави, пронашла две рачни бомби, а деновиве со кашикара се "пофали" и Милан Ѓорѓимајкоски. Излегувајќи од домот на ул. "Борка Талески" бр.

"Лејла" по Атина во Скопје

Вечер - 22.05.2006

На 29 мај по подолга концертна пауза во Македонија, настап во Универзална сала ќе има и годинашниот босански евровизиски претставник Хари Варешановиќ, алијас Хари Мата Хари. Неговата "Лејла" во Атина го освои третото место, а сега ќе има можност да ја чуе и скопската публика со почеток во 20.30 ...

"Лукоил" во Кочани

Вечер - 22.05.2006

Искористување на рускиот природен гас со приклучување на општината Кочани кон гасоводниот систем и изградба на бензинска станица на компанијата "Лукоил", на која веќе и е понудена локација. Ова се конкретните чекори за чија реализација ќе се заложат амбасадорот на Руската Федерација, Агарон Асатур ...

Загреб "мешаше" на музиката на оркестарот "Кочани"

Вечер - 22.05.2006

Оркестарот "Кочани" врвната ромска атракција ги воодушеви минатата недела присутните во загребската дискотека Аквариус. Загрепчани "мешале" со колковите на музиката на македонскта група, чиј звук досега веќе освои многу светски метрополи.

"Сатанскиот" филм - здодевен!

Вечер - 22.05.2006

Просечен холивудски трилер. Блокбастерот "Кодот на Да Винчи" не успеа на речиси ниедно ниво да испровоцира. Нема доволно тензија и емоција, заплетот е здодевен, музиката е еднолична и не ја "подгрева" емоцијата, дел од актерите потфрлија а режисерот се потпрел премногу на монтажата, која е ...