TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Над 1.800 бегалци по турските напади во северен Ирак

Макфакс - 08.12.2007

Багдад Над 1.800 лица биле приморани да ги напуштат своите домови по турските бомбардирања над северен Ирак, извршени во неделата. Ова денеска го соопшти врховниот комесаријат на Обединетите нации, од каде изразија загриженост поради ситуацијата во ирачки Курдистан.

Претседателот на Курдистан ја одби средбата со Рајс

Макфакс - 08.12.2007

Багдад Претседателот на ирачки Курдистан Масуд Барзани денеска одби да отпатува во Багдад на средба со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс. Премиерот на курдската покраина соопшти дека Барзани ја одбил средбата поради „американскиот став“ во однос на турската операција во северен Ирак.

Околу 300 турски војници навлегле во Ирак

Макфакс - 08.12.2007

Група од 300 турски војници изминатата ноќ навлегле на територијата на ирачки Курдистан, соопшти висок претставник на ирачката војска. Тој посочи дека лесно вооружените војници навлегле од два до три километри во планинската област Гали Раш.

Ирачкиот парламент ги осуди турските напади врз Курдистан

Макфакс - 07.12.2007

Багдад Ирачкиот Парламент „остро ги осуди“ турските воздушни напади извршени вчера врз ирачки Курдистан, оценувајќи ги како „дрзок напад врз суверенитетот на Ирак“. „Турските авиони ги бомбардираа ирачките села во Курдистан во близина на турската граница, при што убија голем број лица од невиното ...

Нови напади на турската армија во ирачки Курдистан

Макфакс - 06.12.2007

Анкара: Турски авиони изутрината извршија нови бомбардирања врз територијата на ирачки Курдистан против евентуалните позиции на курдските сепаратистички бунтовници. Ова го пренесуваат локалните медиуми, повикувајќи се на соопштение од курдските сили за безбедност во Ирак.

Турската војска го бомбардираше ирачки Курдистан

Макфакс - 06.12.2007

Анкара Турски воени авиони ноќеска бомбардирале курдски цели во северен Ирак, потврди денеска турската армија на својот Интернет сајт. Ирачки извори тврдат дека во нападите загинала една жена, а две лица се повредени. Цел на воздушните напади биле областите Зап, Хакурк и Авасин, како и планинскиот ...

Турција со нова офанзива против бунтовниците од Курдистан

Макфакс - 03.12.2007

Анкара Турски воени авиони вчера бомбардираа важни цели во ирачки Курдистан во рамки на новата прекугранична офанзива, соопшти главниот штаб на турските воени сили. Според официјалното соопштение, турската војска ќе ја продолжи офанзивата против припадниците на сепаратистичката Работничка партија ...