TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Македонија од СИДА досега починале 37 лица

Дневник - 13.06.2003

Во Македонија досега се регистрирани 64 случаи на ХИВ/СИДА. Во моментов има шест лица болни од СИДА, а 16 живеат со ХИВ , според официјалните пријави. Од 1987 година досега се пријавени 41 болен од СИДА и 18 ХИВ-позитивни. Дури 25 отсто од 41 случај на СИДА се на возраст меѓу 20 и 39 години.

Отсуствува истражувачко новинарство за "сидата"

Дневник - 13.06.2003

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ХИВ/СИДА Свесни сме дека 64 регистрирани случаи со ХИВ/СИДА во Македонија не ја претставуваат реалната состојба во земјата. Превенцијата од ХИВ/СИДА и потенцирањето на ризикот од оваа болест е единственото нешто што може да не заштити од трагичните последици на евентуална масовна ...

Австралијка доби отштета оти се заразила со СИДА

Вест - 11.06.2003

СИДНЕЈ, (Ројтерс) - Судот во Австралија им издаде наредба на двајца доктори на една жена да и исплатат повеќе од 460 илјади долари отштета зашто се заразила со ХИВ-вирусот од својот иден сопруг за кого верувала дека имал негативен тест за СИДА и поради тоа имала секс без заштита.

Лекарите не и кажале дека мажот и има сида

Дневник - 11.06.2003

ОТШТЕТА Австралискиот суд во вторникот им наложил на двајца лекари да и платат отштета од повеќе од 727.437 австралиски долари на една 28-годишна жена, која се заразила со ХИВ од својот сопруг за кој верувала дека направил сида-тест и оти имал негативни резултати.