TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски ја потцени загубата на семејствата на загинатите кај Љуботен

Време - 12.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ РЕАГИРА Најавата на Владо Бучковски, министер за одбрана, дека ќе биде изградено скромно спомен-обележје на загинатите бранители кај Карпалак е шокантна и потценувачка кога се знае дека доаѓа од човекот што беше директно одговорен за трагедијата што се случи пред три години.

Достојно кон спомените на бранителите

Утрински - 12.08.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ бара од Владата достојно да го негува споменот на паднатите бранители со подигање на споменици кои доликуваат на нивната жртва, како и соодветно да се погрижи за нивните семејства. Партијата реагира на последните изјави на министерот за одбрана Владо Бучковски дадени на ...

Парастос за осуммината загинати војници кај Љуботенски бачила

Вест - 11.08.2004

Семејствата на осуммината војници што загинаа пред 3 години кај месноста Љуботенски бачила вчера ја одбележаа годишнината од нивната смрт положувајќи венци на нивните гробови во Волково, Љубанци и Бутел, и во касарната "Илинден" во која е подигната спомен-плоча во нивна чест.

Солзи и болни сеќавања за помен на загинатите војници кај Љуботен

Време - 11.08.2004

ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“ Емил Зафировски Тажна беше сликата вчера во скопската касарна „Илинден“ кога роднините на осумте војници на АРМ што загинаа кај Љуботен во 2001 година, со солзи во очите и со лица згрчени од болка се исправија пред споменикот во чест на нивните најмили за да положат ...

Бучковски: Мирот тешко се чува, а лесно може да се загуби

Утрински - 11.08.2004

Трета годишнина од загинувањето на осумтемина армиски резервисти кај Љуботенски Бачила Државата има долг да направи многу повеќе за семејства на паднатите бранители, истакна Бучковски Делегација на Министерството за одбрана, предводена од министерот Владо Бучковски, вчера положи венец на ...

Три години ништо достојно за загинатите бранители

Дневник - 11.08.2004

ТРИГОДИШНИНА ОД МАСАКРОТ КАЈ ЉУБОТЕНСКИ БАЧИЛА Уште немаме одговор зошто загинаа, за која цел, и зошто не добија никакви одликувања, рече пратеникот Трифун Костовски Семејствата на осумте војници на АРМ што загинаа кај Љуботенски Бачила, нивните сограѓани, Министерството за одбрана и Генералштабот ...

Оддадена почит на 8-те мина загинати кај Љуботенски бачила

А1 - 10.08.2004

Точно три години од загинувањето на 8 припадници на АРМ кај месноста Љуботенски бачила. Семејствата и оваа година не го посетија местото каде што загинаа нивните најблиски. „Таму и во селото има споменик. Многу тешко живееме, болни сме, немаме доволно средства, плаќаме скапи лекови“, изјави мајка ...

Бучковски навредува со "скромен" споменик за загинатите бранители

Вест - 10.08.2004

РЕЗЕРВИСТИТЕ ШТО ГО ПРЕЖИВЕАЈА КАРПАЛАК ЛУТИ НА ОДНОСОТ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА "Ако имаше барем малку доблест министерот ќе се сретнеше со нивните семејства на тригодишнината од трагичниот настан, а не два часа претходно со своето обезбедување да отиде на местото на настанот", реагираа вче ...

Бучковски ќе се сретне со семејствата на загинатите

Време - 10.08.2004

ТРИГОДИШНИНА ОД ЉУБОТЕН По повод тригодишнината од загинувањето на осумтемина припадници на АРМ кај месноста Љуботен во конфликтот од 2001 година, делегација на Министерството за одбрана, предводена од министерот Владо Бучковски и од Генералштабот, денеска, во чест на загинатите, ќе положи свежо ...

Преживеаните резервисти кај Карпалак навредени од циничната изјава на Бучковски

Време - 10.08.2004

РЕАКЦИЈА Преживеаните резервисти од Карпалак се крајно изреволтирани од „циничната и провокативна изјава“ на министерот Бучковски, според кој во чест на загинатите треба да се изгради скромно спомен-обележје од другата страна на патот.

МО ќе изгради достојно спомен-обележје за загинатите кај Карпалак

Утрински - 10.08.2004

По писмото на преживеаните резервисти Скопје - Министерството за одбрана подготвува проект за подигнување на достојно спомен-облежје со вечен пламен кај месноста Карпалак за сеќавање и почит на десетте загинати припадници од гарнизонот во Прилеп во 2001 година.

Бучковски ќе ги чести ручек семејствата на загинатите

Дневник - 10.08.2004

ТРИ ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ КАЈ ЉУБОТЕН Министерството за одбрана и Генералштабот денеска ќе ја одбележат третата годишнина од масакрот кај месноста Љуботенски Бачила, кога на 10 август 2001година загинаа осум припадници на АРМ. Министерот за одбрана Владо Бучковски денеска планира да приреди ручек за ...

Долговите од Карпалак

Дневник - 10.08.2004

Коментар - Бранко Ѓорѓевски Семејствата на загинатите бранители со тешки маки ги остваруваат правата што им ги додели државата откако во војната пред три години ги загубија своите најблиски. Становите што треба да ги добијат се уште не се готови, ветувањето за вработување на по еден член од ...

Бучковски е одговорен за загинати резервисти

Дневник - 10.08.2004

ПРЕЖИВЕАНИТЕ ОД КАРПАЛАК обвинуваат Изјавата на министерот за одбрана Владо Бучковски дека ќе биде подигнато скромно спомен-обележје на загинатите резервисти кај Карпалак е "цинична и провокативна", сметаат резервисти што преживеаја кај Карпалак.

Оддадена почит на 8-те мина загинати кај Љуботенски бачила

Канал5 - 10.08.2004

Делегација на Министерството за одбрана предводена од министерот Владо Бучковски и Генералштабот на АРМ денеска во касарната „Илинден“ кај Полкот за врски положи венец на спомен-плочата подигната во чест на загинатите осуммина припадници на АРМ, кај ме Делегација на Министерството за одбрана ...

Преживеаните од Карпалак навредени од Бучковски

А1 - 09.08.2004

Преживеаните резервисти од Карпалак денеска како „цинична и провокативна“ ја оценија изјавата на министерот за одбрана Владо Бучковски според кој за загинатите кај Карпалак „треба да се изгради скромно спомен обележје од другата страна на патот“.

3 години од загинувањето на 8-те припадници на АРМ кај Љуботенски бачила

А1 - 09.08.2004

Делегација на Министерството за одбрана предводена од министерот Владо Бучковски и Генералштабот на АРМ утре по повод три годишнината од загинувањето на осуммината припадници на АРМ, кај месноста Љуботенски бачила, во касарната „Илинден“ кај Полкот за врски ќе положи венец на спомен-плочата ...

Бучковски за в година најави споменик

Време - 09.08.2004

ОДБЕЛЕЖАНА ТРИГОДИШНИНАТА ОД КАРПАЛАК Семејствата и пријателите на десетмина македонски бранители од Прилеп што во 2001 година загинаа кај месноста Карпалак во близина на Тетово, вчера, со положување цвеќе на местото на загинувањето, ја одбележаа тригодишнината од трагичниот настан.

"На нас им текнува само за парастос"

Вест - 09.08.2004

ВЧЕРА СЕ НАВРШИЈА ТРИ ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА РЕЗЕРВИСТИТЕ КАЈ КАРПАЛАК "Отидоа да ја бранат државата, ги вратија во ковчези, а за нивните деца нема ни задолжителните бесплатни учебници", се жалат семејствата на загинатите прилепски резервисти.

Десетте војници од Прилеп загинаа за Македонија

Утрински - 09.08.2004

Три години од нападот на воениот конвој со резервисти од Прилеп кај Карпалак Кај Карпалак, на местото на ужасниот настан, венец положи и министерот за одбрана, Владо Бучковски ТЕТОВО - Вчера во 11 часот на магистралниот пат Тетово - Скопје кај месноста Карпалак, се одржа помен и чествување на ...

Да не се заборави трагедијата Карпалак

Дневник - 09.08.2004

ТАЖНО СЕЌАВАЊЕ НА ЕДНО НЕКАЗНЕТО ЗЛОСТОРСТВО Роднините и пријателите на убиените резервисти не бараат одмазда, уверени дека времето ќе ги казни виновниците Членовите на семејствата, пријателите и претставници на локалните и на воените власти вчера со посебна програма ја одбележаа третата годишнина ...