TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Носии и современи ракотворби во Чифте-амам

Утрински - 22.11.2008

На 70-ина штанда посетителите можат да ги погледнат производите на разните занаети. Уште денеска и утре од 10,30 часот до 19 односно до 17 часот може да се посети Базарот на стари и современи занаети во Чифте-амам што го организира Прокредит банка. На 70-тина штанда посетителите можат да ги погледнат производите на разните занаети од јоргани до македонски везови и носии.

Скопски ракотворци на Новогодишниот базар во Нирнберг

Дневник - 20.11.2008

Седуммина скопски ракотворци со своите производи ќе се претс тават на традиционалниот Новогодишен базар во Нирнберг во Германија. На годинашниот базар, нашите занаетчии ќе се претстават со ракотворба од дрво, плетени производи и накит од бакар, сребро и филигран. - Германците многу ја почитуваат рачната изработка, особено кога таа доаѓа од егзотични места како што е нашата земја.

Отворен базар на занаети

Време - 20.11.2008

Традиционални занаети, стари и современи ракотворби, карактеристични за овие простори, како теракота, разбој, филигран, срма, вез, накит се изложени на базарот што е отворен во Чифте-амам. Базарот на стари и современи занаети, кој ќе биде отворен до недела, има цел зачувување и продолжување на македонската традиција и културното наследство и поддршка на занаетчиството како важна гранка на малото ...

Базар во Чифте амам

Дневник - 20.11.2008

Во Чифте амам во Старата скопска чаршија, од денска почнува базарот на стари и на современи занаети и ќе трае до 23 ноември. Целта на базарот е зачувување и продолжување на македонската традиција и културното наследство и поддршка на занаетчиството.

Во Чифте-амам базар на стари и современи занаети

Утрински - 19.11.2008

Во галерискиот дел на Чифте-амам од денеска до 23 ноември ќе се одржува Базар на стари и современи занаети. Ќе бидат претставени алатки и материјали од традиционалните македонски занаети, теракота, разбој, филигран, срма, книговезништво, вез, накит... Посетителите ќе може да видат ракотворби карактеристични за нашите простори.

Базар на стари и современи занаети во Чифте амам

Кирилица - 19.11.2008

Ќе бидат претставени традиционални занаети, стари и современи ракотворби карактеристични за овие простори, како теракота, разбој, филигран, срма, книговежништво, вез, накит... Базарот е завршница на кампањата на ПроКредит банка за кредитот за занаетчии под мотото „Мојот занает живее“ кој треба да придонесе за рамномерен развој и унапредување на занаетчиството, а особено на старите и ...

Отворен Базарот на ракотворби

Форум - 19.11.2008

Овој базар е во целосна организација на ПроКредит Банка и има изложбено - продажна дејност. Како што велат од менаџерскиот тим на банката, овој базар се организира со цел да се поддржи малото стопанство и да се зачуваат дефицитарните занаети во Македонија. Воедно ќе биде промовиран и новиот кредит на ПроКредит Банка за занаетчии.

Скопските ракотворци во Нирнберг

Вечер Прес - 19.11.2008

Скопските ракотворци во Нирнберг. Скопските ракотворци, во пресрет на божикните и новогодишните празници ќе се претстават со своите производи на традиционалниот Новогодишен базар што наскоро ќе се одржи во градот Нирнберг, СР Германија. На овој настан, кој започнува на 28 ноември, со ракотворби од дрво, плетени производи и накит од бакар, сребро и филигран ќе се претстават седум ракотворци.

Базар на стари занаети во Чифте амам

Вест - 18.11.2008

Од утре до недела во галеријата Чифте амам ќе се одржи традиционалниот базар на стари занаети. На базарот ќе учествуваат 70 занаетчии и уметници кои ќе изложуваат и продаваат стари, но и современи занаетчиски производи. На штандовите ќе бидат презентирани занаетите јорганџија, казанџија, копаничар, срма, жена на разбој.

Базар на занаети во Чифте амам

Вечер Прес - 18.11.2008

Од денеска до 23 ноември, во просториите на Чифте амам, ПроКредит банка ќе реализира Базар на стари и современи занаети. Според организаторите, целта на настанот е поддршка на занаетчиството со што се придонесува и за зачувување на македонската традиција и културното наследство.

Наши ракотворци на базар во Нирнберг

Н.Македонија - 18.11.2008

Ракотворци од Скопје со своите производи ќе се претстават на новогодишниот базар во германскиот град Нирнберг, благодарение на соработката меѓу двата збратимени града. Годинава на базарот, кој се организира по повод божиќните и новогодишните празници, ќе се изложат наши ракотворби од дрво, плетени производи, накит од бакар, сребро и филигран. Во Германија ќе отпатуваат седум ракотворци.