TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Парното на АД „Топлификација“ поевтино за 6,06 отсто

Утрински - 20.10.2007

Регулаторната комисија ја обвинува „Топлификација“ дека незаконски тргувала со нафта Наместо 24,5 денари за квадрат станбена површина, колку што досега чинеше греењето, сега со намалувањето тоа ќе изнесува 22,96 денари СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука цената на ...

Парното ќе поевтини за шест отсто

Дневник - 20.10.2007

Помалите трошоци за гориво во 2006 и во првите шест месеци од годинава се причината поради која парното греење поевтинува за 6,06 отсто, изјави вчера претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Славе Ивановски. Според одлуката на РКЕ, пониските цени важат од 1 октомври, јави МИА.

"Топлификација" тргувала со мазут без лиценца

Вест - 20.10.2007

РЕГУЛАТОРОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА ИСКОНТРОЛИРА "Топлификација" лани и во првата половина од годинава тргувала со мазут, без да поседува лиценца за тоа. Друштвото набавувало и на други фирми им продавало количини мазут, и тоа најмногу на фирмите во кои е доминантен акционер и основач "Скопје Север" АД и ...

Топлификација тргувала без лиценца

Вечер Прес - 20.10.2007

Фирмата која дистрибуира топлинска енергија во 2006 и 2007 година најмногу гориво продавала на Скопје Север АД Скопје и Топлификација Битола, друштва на кои е оснивач и доминантен акционер, но и на други правни лица Топлификација АД Скопје во 2006 и 2007 година тргувала со мазут без лиценца.

Поевтинува парното греење

А1 - 19.10.2007

Поевтинува парното греење за граѓаните приклучени на мрежата на Скопска Топлификација. Октомвриските сметки ќе бидат пониски за 6%. Според пресметките на регулаторите има услови за намалување на цената - оти Топлификацијата имала помали трошоци за набавка на мазутот, а остварила и поголем приход од ...

Топлификација ќе ја обжали одлуката на регулаторна за намалување на цената на парното

Канал5 - 19.10.2007

Скопска Топлификација ќе се жали. Велат, регулаторите со погрешни пресметки одлучиле парното од 1 октомври да поевтини за 6 проценти. До крајот на годината киловат час ќе чини 2, 65 денари. Скопска Топлификација ќе се жали. Велат, регулаторите со погрешни пресметки одлучиле парното од 1 октомври да ...

Парното поевтино за 6 проценти

Вечер Прес - 19.10.2007

Парното греење на скопска Топлификација од први октомври па до крајот на годинава ќе биде поевтино за 6,06 проценти, односно ќе чини 2,3635 денари за киловат час. Вака вчера одлучи Регулаторната комисија за енергетика, бидејќи компанијата лани остварила поголем приход од одобрениот.

Топланата „Запад“ грее и загадува

Дневник - 18.10.2007

Од „Топлификација“ објаснуваат дека не можат да набават мазут со еден отсто сулфур, бидејќи вакво гориво нема ниту во земјава ниту во соседството Топланата „Запад“ во населбата Тафталиџе деновиве работи со мазут што содржи два отсто сулфур, иако тоа и' е забрането од Министерството за животна ...

Телефоните на „Топлификација“ блокирани од повици

Време - 17.10.2007

ГРАЃАНИТЕ ОДВАЈ УСПЕВААТ ДА ПРИЈАВАТ ДЕФЕКТИ Цел ден се обидуваме, но никако не успеваме да ја добиеме дежурната служба на „Топлификација“ на телефонот за пријавување дефекти, се жалат граѓаните од околу 200 објекти во Скопје кои на првиот ден од новата грејна сезона останаа без парно греење.

Нема греење во 165 згради

Дневник - 17.10.2007

Објектите се без парно поради различни дефекти и проблеми, како течење на инсталацијата, немање електрична енергија и непристапни потстаници Бројот на објекти што на почетокот на грејната сезона немаат централно греење, во текот на вчерашниот ден од 195 е намален на 165, информираат од АД ...

Ладен туш од битолска топлификација

Дневник - 16.10.2007

Радијаторите вчера беа топли, но е неизвесно до кога ќе греат зашто фирмата располага со резерви на мазут за десетина дена, а има долг од 350 илјади евра Иако во долгови до гуша, битолскатат оплификација вчера, на првиот ден од годинашната грејна сезона, ги затопли домовите на 2.500 семејства што ...

Студени радијатори во 195 згради

Вест - 16.10.2007

СТАРТУВАШЕ ГРЕЈНАТА СЕЗОНА ВО СКОПЈЕ Од "Топлификација" велат дека со работа почнале сите топлани во градот, а оние што не добиле греење имаат дефекти или не обезбедиле струја за потстаниците Студени радијатори ги дочекаа скопјани во 195 згради, иако вчера и официјално стартуваше грејната сезона.

Вкупно 195 објекти останаа без парно

Време - 16.10.2007

ВО ПОЧЕТОКОТ ОД НОВАТА ГРЕЈНА СЕЗОНА Вкупно 195 објекти во Скопје останаа без парно греење во почетокот од годинешнава грејна сезона, според информациите од акционерското друштво „Топлификација“. Новата грејна сезона почна вчера, а од „Топлификација“ велат дека очекуваат бројот на пријавени објекти ...

Битолска „Топлификација“ не гарантира греење за зимава

Утрински - 16.10.2007

БИТОЛА - По најавите на битолска „Топлификација“ дека резерви на мазут за претстојната сезона има само за десет дена, 2.500 семејства - корисници на парно греење се во паника. Стравуваат дека радијаторите ќе им останат ладни.

На стартот на грејната сезона 195 згради останаа со студени радијатори

Утрински - 16.10.2007

Во 32 згради ЕВН ја исклучила струјата во потстаниците поради неплатени сметки Од „Топлификација“ ги предупредија станарите да си ги проверат своите инсталации кон крајот на минатиот месец, уште пред да ги започнат ладните проби под притисок на системот СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА „Топлификација“ ја започна ...

Околу 3.000 домаќинства без парно греење

А1 - 15.10.2007

На стартот на грејната сезона дел од граѓаните ќе останат со ладни радијатори. Повеќе од 180 објекти, или околу 3.000 домаќинства приклучени на мрежата на Скопска Топлификација и Топлификацијата Скопје - Север ќе останат без греење. Утврдени се различни дефекти, службите ги санираат.

Почна грејната сезона

Канал5 - 15.10.2007

Над 3000 домаќинства останаа без парно. Ладните радијатори како практика на стартот на грејната сезона. Топлификација и годинава е неподготвена да го затопли цело Скопје. Утврдиле низа дефекти при вклучување на објектите во мрежата. Екипите допрва им работат на терен.

Почнува грејната сезона

Дневник - 15.10.2007

Од денеска и официјално почнува грејната сезона. Утринава ќе бидат пуштени во функција сите топлани во Скопје. Според Алфонс Вета, извршен директор за дистрибуција на топлинска енергија во скопска „Топлификација“, не се очекуваат поголеми проблеми во системот на централното греење.

Градинки, училишта и факултети сакаат да штедат на греењето

Време - 15.10.2007

ПРОЕКТОТ НА „ТОПЛИФИКАЦИЈА“ ПОЛЕКА СЕ ПРИФАЌА Антонија Поповска Надлежните во средните училишта „Здравко Цветковски“ и „Орце Николов“, заедно со оние од основните училишта и градинки во општината Центар, како и од Земјоделскиот факултет, се согласија да ги намалат трошоците за парно греење од оваа ...

Без парно ќе останат 10.000 битолчани

Време - 15.10.2007

БИТОЛСКАТА ТОПЛИФИКАЦИЈА ПРЕД КОЛАПС Пеце Стефановски На 2. 500 семејства од Битола корисници на парно греење од битолската топлификација им се заканува студена зима оти радијаторите ќе им останат без затоплување. Битолска топлификација има резерви на мазут за само десет дена, а не располага со ...

3000 домаќинства ќе останат без греење

Вечер Прес - 15.10.2007

Грејната сезона почнува денеска, но не за сите. Без греење ќе останат околу 3000 корисници или 140 објекти кај кои е констатиран дефект во внатрешната инсталација и уште 35 објекти кои немаат довод на електрична енергија до топлинската инсталација.