TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сколари им се извини на Португалците

Дневник - 15.09.2007

Фелипе Сколари фудбалскиот селектор на Португалија им се извини на домаќините за тупаницата што ја смести во брадата на српскиот репрезентативец Ивица Драгутиновиќ, по завршувањето на квалификацискиот меч од ЕП-2008, со Србија (1-1). УЕФА најави истрага за инцидентот.

Шкотска ја нокаутира Франција, а Сколари - Драгутиновиќ

Време - 14.09.2007

Поранешниот двоен европски првак и некогашен светски шампион Франција се најде на работ на елиминација во квалификациите за континенталниот турнир во Австрија и Швајцарија идната година, откако загуби дома со 0-1 од Шкотска и се најде на третото место на табелата, пред завршетокот на циклусот во ...

Србија ја исфрустрира Португалија, Сколари предизвика тепачка

Утрински - 14.09.2007

Луис Фелипе Сколари загуби контрола. Откако во саботата Полска му украде два бода, реприза му се случи и со Србија. Голот на Ивановиќ пред самиот крај ги оживеа надежите кај Србите дека може да избори пласман на ЕП. Олеснителна околност е што фудбалерите на „малиот Наполеон“, Хавиер Клементе, имаат ...

Шкотска шансона

Дневник - 14.09.2007

Фаворитите Италија, Холандија, Шпанија, Чешка и Англија победија и се најдоа на второто место во своите групи во квалификациите за Европското фудбалско првенство , што в година ќе се одржи во Австрија и Швајцарија. До крајот на квалификациите остануваат уште три-четири кола, а ниту една од 50-те ...

Сколари полуде и го удри Драгутиновиќ

Вечер Прес - 14.09.2007

Селекторот на Португалија, 58-годишниот Фелипе Сколари ја загуби контролата по ремито на неговите избраници на домашен терен против Србија (1:1). Темпераментиниот Бразилец едноставно "полуде" по последниот судиски свиреж и почнал најпрвин вербален, а потоа и физичка пресметка со српскиот играч ...