TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Хамилтон задоволен од новиот болид

А1 - 11.01.2008

Возачот во Формула 1, Луис Хамилтон е задоволен од резултатите кои ги постигна во вчерашната проба на новиот болид на Мекларен. Младиот Англичанец го забележа најдоброто време од една минута и 19,132 секунди во 103 кругови, со возилото МП4-23. Ова беше негово прво возење во 2008 година.

Мекларен го претстави роденденскиот подарок на Хамилтон

Дневник - 09.01.2008

Ф1-тимот на Мекларен вчера во Штутгарт го претстави својот нов болид за следната натпреварувачка сезона, на 23. роденден на својот најголем адут Луис Хамилтон . Промоцијата на моделот МП4-23 следуваше еден ден по прикажувањето на болидот од редовите на најголемиот ривал Ферари.

Британецот си ја зголеми заработката

Дневник - 09.01.2008

Минатогодишниот дебитант во Ф-1 циркусот, Луис Хамилтон, во новата сезона ќе заработува 9 милиони евра годишно, а ќе добие и три милиони бонус ако ја освои титулата. Тоа се условите што ги предвидува новиот петгодишен договор што го постигнаа Хамилтон и Мекларен.

Хамилтон ја брка титулата

Вечер Прес - 09.01.2008

По успешна деби сезона со четири победи и освојување на вицешампионската позиција во најбрзиот циркус на денешницата Формула 1, вниманието на британскиот пилот на Мекларен Мерцедес, Луис Хамилтон е насочено кон новата сезона -Моите цели се насочени кон остварување на уште една фантастична сезона во ...

Мекларен му нуди богатство на Хамилтон

Утрински - 08.01.2008

Тимот на Мекларен сака по секоја цена во своите редови да го задржи „чудото од дете“ Луис Хамилтон во следните пет сезони, и според тврдењето на медиумите во Англија, планира да му понуди нов договор на вицешампионот во Формула 1 во висина од неверојатни 138 милиони долари.