TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пакистан ги соопшти условите за испраќање војници во Ирак

А1 - 25.07.2004

Пакистан им соопшти на Обединетите Нации дека ќе испрати војници во Ирак „само ако го замоли ирачката Влада, ако други муслимански земји исто така испратат свои контингенти и ако пакистанскиот Парламент го одобри тоа“. Пакистанскиот министер за информирање и медиуми Рашид Ахмед денеска изјави дека ...

И покрај заканите Австралија нема да ги повлече војниците од Ирак

А1 - 25.07.2004

Австралија нема да попушти пред заканите на исламистичката радикална група „Исламски ал-Тавид“ која најави серија атентати доколку австралиската Влада не ги повлече своите војници од Ирак, изјави денеска шефот на австралиската дипломатија Александар Даунер.

Во Ирак загина уште еден американски војник

А1 - 25.07.2004

Еден американски војниз загина и еден е повреден во експлозија на бомба поставена на еден пат во северен Ирак, соопшти денеска американската команда. Војниците се наоѓале во конвој кој обезбедувал цистерни со нафта. Портпаролот на армијата наредник Роберт Пауел рече дека бомбата експлодирала вчера ...

Се стравува дека во Ирак се киднапирани двајца Пакистанци

А1 - 25.07.2004

Се стравува дека во Ирак се киднапирани двајца пакистански државјани, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи на Пакистан. „Се обидуваме да дознаеме детали. Стравуваме дека тие се киднапирани“, рече портпаролот Масуд Кан.

Лавров „Русија нема да испрати војници во Ирак“

А1 - 24.07.2004

Русија е подготвена да помогне во обновата на Ирак, но одбива да испрати војници во земјата, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со шефот на ирачката дипломатија Хошијар Зебари. „Москва не го разгледува прашањето за испраќање руски воници во Ирак“, истакна ...

Во Ирак загина уште еден американски маринец

А1 - 24.07.2004

Еден американски маринец им подлегна утрово на повредите здобиени при борби западно од Багдад, соопшти Командата на силите на САД во Ирак. Со оваа последна жртва, бројот на загинатите американски војници при судири од почетокот на војната во во Ирак се искачи на 666.

Продолжен рокот за ослободување на 7-те странски заложници во Ирак

А1 - 24.07.2004

Киднаперите на седуммината странски државјани, кои беа задржани во Ирак, го продолжија ултиматумот за ослободување на сите Ирачани затворени во кувајтските и американските затвори за уште 48 часа, по што, како што најавија, ќе им ги отсечат главите на заложници.

САД го кријат вистинскиот број загинати во Ирак

Дневник - 24.07.2004

РУСКИ ФУНКЦИОНЕР ТВРДИ Вашингтон го крие вистинскиот број на американските и на војниците од коалицијата кои загинале во Ирак, изјави анонимен руски функционер, јави МИА. Според коалициските сили, од 20 март лани, па до 27 јуни годинава во Ирак загинале 870 американски војници, а 530 се повредени.

Ирачки милитанти киднапираа шестмина странци

Дневник - 23.07.2004

СТРАТЕГИЈА НА БУНТОВНИЦИТЕ Ирачка милитантна група завчера киднапира двајца кениски, тројца индиски и еден египетски државјанин и се закани дека ќе им ги исече главите ако фирмите за кои тие работат не се повлечат од Ирак, јави МИА.

Милитантите се заканија дека ќе убијат шест нови заложници

Утрински - 23.07.2004

Дипломатска борба за животи во Ирак БАГДАД - Дипломатите во Багдад вчера се обидуваа да издејствуваат ослободување на тројца заложници од Индија, двајца од Кенија и еден од Египет откако нивните грабнувачи се заканија дека ќе ги обезглават доколку нивниот работдавец не се повлече од Ирак.

Киднапирани 7 возачи на камиони во Ирак

Вест - 23.07.2004

БАГДАД, 23 јули (Ројтерс) - Сместени во темна просторија, седуммина стански возачи на камиони молеле за своите животи на видео-снимката што ја направиле милитантите кои ги држат како заложници во Ирак, а напнатоста попуштила кога еден од нив, египетски државјанин, го разуверил своето семество да не ...

Ирачани грабнаа седум шофери од Индија, Кенија и од Египет

Време - 23.07.2004

НОВА ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА Ирачката терористичка група „Црни знамиња“ киднапирала тројца Индијци, тројца Кенијци и еден Египќанец, сите вработени како камионџии за кувајтска компанија. Телевизискиот канал „Ал Арабија њуз“ завчера емитуваше снимка на која терористите се закануваат дека ќе ги ликвидира ...

Животот е се побезвреден во Ирак

Утрински - 23.07.2004

Деветстотини американски војници досега загинаа во Ирак БАГДАД - Војник на Првата пешадиска дивизија вчера стана 900-тата жртва од редовите на американските воени сили во Ирак, од почетокот на војната во март 2003 година. Војникот загина од експлозија на бомба на пат додека беше во патрола во ...

Средба на шефовите на дипломатиите на земјите-соседи на Ирак

А1 - 22.07.2004

Шефовите на дипломатиите на земјите - соседи на Ирак, што се собраа вчера во Каиро, прв пат од предавањето на власта на времената ирачка влада, изразија неспокојство поради нестабилната безбедносна ситуација во земјата и ја потенциираа неопходноста од немешање во внатрешните работи на Ирак.

Филипинскиот заложник се врати дома

А1 - 22.07.2004

Филипинскиот заложник Анџело де ле Круз, кој 17 дена беше во рацете на исламистичките грабнувачи во Ирак, кои се закануваа дека ќе му ја отсечат главата ако неговата земја не ги повлече војниците од мировната мисија, денеска се врати на Филипините.

Австралија влегува во војна со Ирак со непотврдени информации

А1 - 22.07.2004

Австралија влегла во војна против Ирак врз основа на оскудни, двосмислени и непотврдени информации на разузнавачките служби дека Ирак поседува оружје за масовно уништување, заклучи независната истражна комисија предводена од поранешниот дипломат Филип Флад.

Грабнати тројца Индијци во Ирак

А1 - 22.07.2004

„Индија ќе стори се за да ги ослободи тројцата свои државјани, киднапирани во Ирак. Штом разбравме за грабнувањето веднаш воспоставивме контакт со нашата амбасада во Багдад, како и со амбасадорот во Кувајт, и побаравме тој да разговара со превозното претпријатие, на чие повлекување од Ирак ...

Најмалку 10 загинати во новите судири во Ирак

А1 - 21.07.2004

Најмалку 10 лица загинаа во судирите меѓу бунтовниците и американски војнци во Ирак, соопшти денеска Командата на силите на САД во Багдад. Во жестоките судири меѓу американската војска и бунтовниците во близина на северниот град Самара доцна синоќа загинаа седум Ирачани, соопшти американската ...

Ослободен филипинскиот заложник

Време - 21.07.2004

ОТКАКО ПОПУШТИЈА ВЛАСТИТЕ ВО МАНИЛА Ирачките исламисти вчера го ослободија Анхел де ла Круз (46), филипинскиот камионџија што беше грабнат во почетокот на јули. Де ла Круз е ослободен откако филипинската Влада реши да ги послуша барањата на исламистите и да ги повлече своите педесетина војници и ...

Oслободeн филипинскиот заложник

Дневник - 21.07.2004

ПО ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА ФИЛИПИНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ОД ИРАК Киднаперите вчера изутрината го оставија филипинскиот возач пред вратата на амбасадата на Обединетите арапски емирати во Багдад, која подоцна го префрли во филипинската амбасада Ирачките киднапери вчера го ослободија киднапираниот филипински возач на ...

Ирак ќе им се одмазди на земјите што го поддржуваат насилството

Вест - 21.07.2004

ДУБАИ, 21 јули (Ројтерс) - Ирак е подготвен да им се одмазди на државите кои ги обвинува дека го поддржуваат насилството што ја уништува државата, предупреди вчера ирачкиот министер за одбрана. Хазим ал-Шалан не спомена ни една земја по име, но го обвини стариот непријател Иран дека отворено се ...

Москва демантира испраќање руски војници во Ирак

А1 - 20.07.2004

Официјална Москва демантираше денеска дека планира да испрати околу 40.000 руски војници во Ирак. „Нема никави планови за испраќање наши војници во Ирак“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи во Кремљ. Изјавата на рускиот владин претставник е реакција на тврдењето на ...

Ослободен Филипинскиот заложник во Ирак

А1 - 20.07.2004

Ирачките бунтовници денеска го ослободија филипинскиот заложник, јави телевизијата Ал Арабија повикувајќи се на извори во ирачкиот национален конгрес. Заложникот е ослободен еден ден откако филипинските власти го повлекоа и последниот војник од Ирак, еден месец пред предвидениот рок.