TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Сите го признаа тајниот откуп на обврзници, но не посочија виновник

Време - 20.09.2007

ПРОДОЛЖУВА ПРОЦЕСОТ ПРОТИВ ТРПЕСКИ И СМИЛЕНСКИ Под назнаката „строгодоверливо“ беа договорите и одлуките за одобрување средства за откуп на државните резерви. Контактите со агентот мораа да бидат исклучиво телефонски, а целата документација се составуваше по телефон, а потоа се праќаше по факс.

На судењето на Трпески и Смиленски ќе сведочат премиери и министри

Утрински - 20.09.2007

Од понеделник се очекува доаѓањето на Борис Стојменов, Љупчо Георгиевски и Ламбе Арнаудов, а ќе сведочи и Никола Груевски Судскиот процес против ексгуверенерот на НБМ, Љубе Трпески, и сопственикот на пропаднатата Експорт-импорт банка, Методие Смиленски, можно е веќе на следните три утврдени рочишта ...

Не сум газда на Експорт-импорт банка

Вест - 20.09.2007

СМИЛЕНСКИ САМ ГИ ИСПРАШУВАШЕ СВЕДОЦИТЕ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО Тројца сведоци на Обвинителството, сите вработени во Народна банка, вчера четири часа зборуваа пред Судот за договорот меѓу "Симак холдинг" и Банката за купување обврзници во случајот во кој поранешниот гувернер Љубе Трпески и тајкунот ...

Општа амнезија !?

Капитал - 20.09.2007

Општа амнезија !? Случајот Експорт Импорт, во која Смиленски и екс гувернерот Љубе Трпески, барем засега, се главни актери, се повеќе добива на театралност. Последната изјава на НБМ дека не побарува никаква штета по основ на пропаднатите кредити и хипотеки од зделките со Експорт Импорт банката и ...

Смиленски и управниот одбор ги носеле одлуките во „Експорт импорт“

А1 - 19.09.2007

Методија Смиленски ги носеше сите одлуки во „Експорт импорт“ банката со помош на полномошното од членовите на управниот одбор, изјави денеска принудниот управник во „Експорт импорт“ банката на продолжување на судењето против Смиленски и екс гувернерот Трпески.

Продолжува судењето поранешниот гувернер Љубе Трпески и Методија Смиленски

Канал5 - 19.09.2007

НБРМ не претрпела штета со купувањето обврзници и давањето гаранции за фирмите на Методија Смиленски. Вака тврдеа тројцата сведоци од НБРМ кои се појавија на денешното рочиште против поранешниот гувернер Љубе Трпески и Методија Смиленски.

Фирмата на Смиленски не и нанела штета на Народната банка

Време - 18.09.2007

СВЕДОЧЕЊЕ НА ПРЕТСТАВНИК НА НБМ Драгана Вукобрат, претставник на Народната банка на Македонија, и Ванчо Каргов, директор на Царинската управа, беа првите два сведока во судскиот процес за Експорт-импорт банката и проневерите тешки повеќе од 30 милиони долари.

Народна банка нема штета, тврдат сведоците

Вест - 18.09.2007

СУДЕЊЕ ЗА СЛУЧАЈОТ ЕКСПОРТ-ИМПОРТ БАНКА Претставник на Народна банка, која го подготвила извештајот наречен штети, кажа дека Банката нема финансиска штета во случајот со Експорт-импорт банката. Слично кажа и поранешниот вице- гувернер Ванчо Каргов.

НБМ не бара отштета од Смиленски и од Трпески

Дневник - 18.09.2007

Претставници на Народна банка на Македонија (НБМ) вчера не побараа отштета од поранешниот гувернер Љубе Трпески и од бизнисменот Методија Смиленски на продолжението од судењето во кое двајцата се товарат за злоупотреба на службената положба тешка над 20 милиони долари.

НБМ не бара надомест на штета од австриската фирма

Утрински - 18.09.2007

По дадените одбрани на обвинетите Љубе Трпески и Методие Смиленски, вчера, во својство на сведоци Судскиот совет на Основниот суд Скопје 1 изврши распит на претставникот на Народна банка на Македонија и на актуелниот директор на Царинската управа, Ванчо Каргов.

Народна побарува 16 милиони долари од Експорт импорт банка

Вечер Прес - 18.09.2007

Претставникот на Народна банка пред судот изјави дека сметководствено не била книжена штета оти недостасувале документи, но затоа пак имаат побарување од стечајната маса на Експорт импорт банката од 16 милиони долари На продолжението од судењето против Ексгувернерот на Народната банка Љубе Трпевски ...

НБРМ нема оштетно побарување од Трпески и Смиленски

А1 - 17.09.2007

Народна банка на Македонија нема оштетно побарување од поранешниот гувернерот Љубе Трпески и бизнисменот Смиленски. Претставникот на НБРМ посочи дека 5,5 милиони долари за купување обврзници не биле евидентирани, немало за нив изворни документи и дека не е целосно сметководството за нив, но сепак ...

Судскиот процес за Експорт Импорт банката продолжи денеска

Канал5 - 17.09.2007

Судскиот процес за Експорт Импорт банката продолжи денеска со испрашување на сведоците на обвинителството. Драгана Вукобрат од Народна банка во сведочењето посочи дека не постои оштетено побарување од НБМ до Симаг- агентот преку кој се вршел откупот на обврзници за да се врати државниот долг.