TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Грчки упад во компјутерскиот систем на УЈП

Нова Македонија - 01.11.2008

Шок и неверување настанале во Управата за јавни приходи и во повеќе велешки фирми вчера попладнето, откако хакери упаднале во компјутерскиот систем на УЈП и вметнале грчки букви на 900 даночни решенија. Празните испечатени даночни решенија содржеле текст на македонски јазик, но одредени делови од нив биле напишани со грчки фонтови.

Грчки хакери извршија упад во УЈП ?!

Вечер Прес - 31.10.2008

Непознат сторител извршил упад во системот на Управата за јавни приходи на Македонија поради што 900 даночни решенија на УЈП содржат текст на македонски јазик со поддршка на грчки јазик! Како што информираат од Управата за јавни приходи ангажирани се сите расположиви ресурси за расветлување на случајот.